Немам факти да ги споредам ниту пак планирам да истражувам за нешто да докажам. Родена сум при крајот на СФРЈ и ништо од убавините не памтам, тие што памтат ете се искажаа погоре.
Само знам дека добро би ми дошло да живеам во земја од 20 милиони луѓе, да биде наша цела јадранска обала, да знам дека мојот југословенски народ изобилува со способни научници, писатели, инженери, лекари, естрадни ѕвезди, да ме топли миксот од неколкуте народи каде секој поединец прави да се чувствуваш како да си му брат. Да можев да се пофалам дека мојата земја е четврта воена сила во светот. Дека имаме одлични спортски репрезентации. Па макар и да не си ги искажував мислите толку слободно колку сега, ќе преживеев. Дека во демократијата сите имаме слобода на мислење, па никој не не слуша од што многу галамиме. Подобро ќе беше секој што ќе кажи збор против важна личност да биде затворен, отколку секој да има право да си прави комични клипчина на јутуб со популарни луѓе во државата. И со помалку луксузи ќе живеев убаво, барем немаше да се гледаме доларчиња едни со други и поради тоа да се мразиме. Ќе си бев среќна што можам да отидам кај баба во лето на море. И кај чичко ми во Белград некогаш за празници. И да не се зезаме, поголема земја, побогата е. А побогата земја е повеќе причини да ја сакаш, да се гордееш со неа и да вложуваш во неа.
Башка тоа, зошто ти текна баш 1980 да земиш? Ај со 1970 пробај, баш ме интересира.