Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито


  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.231
Поени од реакции
7.039
јас мислев на починатиот лидер (линг минг тинг незнам како беше:)) и не мислам дека е тоа заради тоа што го држат кинезите , туку заради неговиот култ
Култ како култ, најлесно се руши, прво се изолира дадената држава, после откако ќе ослабне финансиски се вметнуваат странски информативни служби, весници, странска пропаганда која државата не може да ја запре пошто и самата држава зависи од странски пари, и (линг минг цин или како и да беше :) ) ќе се сруши како кула од карти. Меѓутоа иако Северна Кореја е изолирана од светот, тука е Кина (а Кина има од пиле млеко) да ја помага и да овозможува се што и е потребно за да опстане. Капиш?
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Мене ми је за брането да кажувам ставови прибидејќи нема да можам да земам плата.............:pos:
 
H

HITCH

Гостин
Другар, браво за темава. Одамна на форумов ни требаше ваква тема за другарот Тито. Навистина си беше супер за Македонците. Македонците супер живееа во бившата држава. Абе, имаше јадење и пиење за цела Југославија. Зеленчукот и овошјето од Македонија одеа на преработка дури во Словенија, за непотребно да не се трошат пари за нови фабрики кај нас. Си го биваше човекот за штетење. Автомобилска индустрија во Србија, преработка на сокови и зеленчук во Хрватска и Словенија, а се носеше од Македонија... Затоа Македонците тогаш имаа леб на маса. Башка БеОград главен град.
Мене моите за Тито ми кажувале многу, поготово за слободата на говорот, а и од она што сум го читала за другарот го потврдува она што ми го кажувале моите, не ме лажеле. Поготово на Тито не можам да му заборавам како ги поддржуваше активностите на другарот Лазар, алал да му е... Никогаш нема да му ја заборавам поддршката што му ја даваше на Лазар, пардон никад! Е, навистина на времето во Титова Југославија беше поинаку за Македонците. Да не беа другарот Тито и комунистите ние денес немаше да имаме ни македонска телевизија! Да не беше Тито ние немаше да имаме ништо денес.

 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
не го почитувам. Диктатор. Сите возеле иљадутриста и стојадин, а он мерцедеси своевремено вртоглаво скапи.
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
не го почитувам. Диктатор. Сите возеле иљадутриста и стојадин, а он мерцедеси своевремено вртоглаво скапи.
не бил диктатор!!! возел мерцедеси кои му биле на поклон, а и не доликува човекот кој што ја води државата да вози стокец нели?
Тито бил политичар кој што се правел за народот . тито бил за народот и сите тоа го тврдат.
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 00:34 ---
Култ како култ, најлесно се руши, прво се изолира дадената држава, после откако ќе ослабне финансиски се вметнуваат странски информативни служби, весници, странска пропаганда која државата не може да ја запре пошто и самата држава зависи од странски пари, и (линг минг цин или како и да беше :) ) ќе се сруши како кула од карти. Меѓутоа иако Северна Кореја е изолирана од светот, тука е Кина (а Кина има од пиле млеко) да ја помага и да овозможува се што и е потребно за да опстане. Капиш?
да да разбирам што сакаш да кажеш. неможам многу да зборам за минг цинг.. не ја знам целата ситуација освен дека северна кореа е премногу изолирана држава а југославија не била излорирана воопшто
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 00:36 ---
http://www.youtube.com/watch?v=Q7Txj43GmYA

само за потсетување колку бил Тито почитуван
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.683
Поени од реакции
866
Ако зборуваме како историска личност и државник , Стариот е вреден за почит ... ретко кој друг светски државник во 20тиот век беше почитуван и пречекуван како што беше Тито ... можеби тоа е заради тогашната блоковска поделба во светот , па Стариот беше голем курназ да го искористи тоа и балансираше помеѓу едните и другите и тоа со голем успех ... исто така и титова Југославија беше многу почитувана земја и на истокот и на западот ... во ниедна друга земја тогаш нејзините граѓани не можеа да патуваат во КОЈА БИЛО држава во светот како што можеа тогашните Југословени ( друг муабет е колку од тие Југословени имаа финансиска можност да шетаат по светот :) ) ... во една прилика британската кралица Елизабета има изјавено за Тито цитирам : Ако овој е машинобравар ( како што не учеа дека бил ) , тогаш јас сум слугинка .
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
мислам дека изјавата на кралицата е повеке од доволна да се докаже што бил тито во тоа време
 
S

serpentipc

Гостин
Многу контраверзна личност, доста многу информации пливаат низ интернетов за него, и факт е дека е далеку од идеалот што си го имаат запомнето нашите предци. На пример, после распадот на Југославија, со малку повеќе пристрасни националистички мотиви од страна на бившите социјалистички републики се почна без срам и перде да се зборува за жртвите на комунизмот кои му се припишуваат лично нему, за 1,000,000 загинати во Втората Светска Војна од раката на партизаните (а нели нивен командант бил Тито), за репресирани особи кои не се потчинувале на социјалистичкиот режим. Па дури е сместен во десетката врвни злочинци на дваесеттиот век, на истиот список со Сталин, Хитлер, Мао Це Тунг итн.
А на другата страна на вагата се сите оние кои биле презадоволни од својот живот каков што ретко која нација освен денешните западњаци можела да си дозволи.
Факт е дека човекот се сторил за да се издигне на таа позиција. Бил доста превртлив и пред да стане глава на државата, на секоја можна страна заиграл, па и после како што велат "балансирал" меѓу блоковите. За тоа нормално треба да се биде доста себичен и користољубив.
Но неспорно е дека неговата визија за државата била одлична (барем од тогашна гледна точка и за тогашни услови) и тоа е тоа за што сум во состојба да му ги простам сите киксови дотогаш, иако воопшто не ја сакам фразата „целта ги оправдува средствата“. Факт е дека секој успешен проект бара жртви, и човечки во некои случаи. Можам само до некаде да му простам поради околностите во втората светска војна, имал многу противници, меѓу кои и локални балкански словени кои застанале на фашистичка страна.
Значи, харизматичен, интелигентен, способен, се здобил со неверојатна слава, моќ и почит (за тоа колку голема личност бил за светот и светските лидери може слободно нова тема да се отвори). Му завидувам за неговите способности да манипулира со луѓето и да ги контролира настаните околу себе. Никогаш не ми биле идоли политичари и војсководци затоа што преку трупови не се стигнува до целта. Ама во овој случај мора да направам исклучок, затоа што човекот си ги искупил гревовите (што прашање е дали треба да му се препишат нему и на многумина инволвирани во војна со 60 милиони жртви).
И да, има милиони теории за тоа која личност се крие вистински зад неговиот идентитет. Ама тоа не е ни важно според мене. Важни ми се неговите дела кои многу ги почитувам и затоа не сакам да слушам негативни критики упатени кон него. Како минимум затоа што е личноста која ја идеализирале моите родители и роднини од своето раѓање па барем до 4ти мај 1980.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.231
Поени од реакции
7.039
во една прилика британската кралица Елизабета има изјавено за Тито цитирам : Ако овој е машинобравар ( како што не учеа дека бил ) , тогаш јас сум слугинка .
Тито не бил машинобравар туку најдобро обучен агент на КГБ ;)

За болдираното, абе уште ве лажа комунистите бе пријателе...
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
не бил диктатор!!! возел мерцедеси кои му биле на поклон, а и не доликува човекот кој што ја води државата да вози стокец нели?
Тито бил политичар кој што се правел за народот . тито бил за народот и сите тоа го тврдат.
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 00:34 ---


да да разбирам што сакаш да кажеш. неможам многу да зборам за минг цинг.. не ја знам целата ситуација освен дека северна кореа е премногу изолирана држава а југославија не била излорирана воопшто
--- надополнето: 25 јануари 2012 во 00:36 ---
http://www.youtube.com/watch?v=Q7Txj43GmYA

само за потсетување колку бил Тито почитуван
е да ми извиниш ама човек за којшто не смее да се спомне лош збор ни дома (зш може да те накодоши некој) е диктатор , човек лидер на тоталитарна држава (како југославија) е диктатор :) неможеш да кажеш не на тоа ... па колку и да имало "убав живот" тгоаш
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
854
Поени од реакции
405
Neznam tocno od koj skec na K-15 bese, ama imase nesto muabet za Titova Jugoslavija, dali bilo podobro ili ne bilo i imase vakvo nesto - " Vo Jugoslavija imase rabota za sekogo i site bea vraboteni... Iako site bea vraboteni, nikoj nisto ne rabotese... Iako nikoj nisto ne rabotese, sekoj zemase plata... I ako site zemaa plata, site pak kradea... Iako site kradea, nikogas nisto ne falese... " I neznam kako moze da bide loso vo taa situacija... E slobodata na govor deka bila ogranicena, toe e fakt i site sto rabotele protiv drzavata se znae - Goli Otok. Ama sto ako imas sloboda na govor, samo ke jades go*na naokolu bespolezno, a vekje od drzavata ti e se obezbedeno. Rabota, redovna plata, besplatno zdravsto, besplatno skolstvo i slicno. Kriminalcite kako bile resavani znaete? Ne gi pikale vo zatvori, tuku prosto im davale pasosi ( so posebni broevi normalno ) i gi prakjale na zapad, pa tamu neka "rabotat"... I ne bilo komunizam, socijalizam bilo...
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Социјализам беше,не комунизам.Комунизам немало никогаш и никаде.

Јосип Броз Тито (7 мај 1892 – 4 мај 1980) е југословенски комунист и лидер на комунистичка Југославија од 1945 година до смртта во 1980 година.
Во текот на Првата светска војна е мобилизиран во австро-унгарската војска и е испратен прво во Србија, а потоа на Источниот фронт. Во 1915 година е заробен од руските војски и е испратен да работи во камп на Урал. Ослободен е во текот на Февруарската револуција. Во април 1917 година е уапсен за организирање демонстрации за воените затвореници, но набрзо успева да побегне. Го прифаќа ленинизмот и им се придружува на демонстрациите во Санкт Петерсбург на 16-17 јули 1917 година. Во обид да избега во Финска е уапсен и затворен во тврдината Петропавловск на три недели, по што е испратен во Сибир. Повторно успева да побегне и во ноември во Омск им се приклучува на црвеногардејците. Во март 1919 станува член на југословенската секција на Руската комунистичка партија.
Во септември 1920 се враќа во Југославија и станува член на наскоро забранетата Комунистичка партија на Југославија. Станува активист во синдикалното движење. Во мај 1927 година е избран за секретар на Обласниот одбор на Сојузот на металците, а во јули истата година за организациски секретар на Градскиот комитет на КПЈ за Загреб. Во август 1928 година е уапсен и во ноември е осуден на 5 години робија. По излегувањето од затвор, во јули 1934 заминува за Виена, каде што станува член на Централниот комитет на КПЈ.
Во 1937 Сталин, во склоп на опсежните чистки кои беа во тек, ја апси речиси целата дотогашна раководна гарнитура на КПЈ на чело со генералниот секретар Милан Горкиќ. Тито целосно застанува на страната на Сталин во борбата против неговите противници во Сесојузната комунистичка партија и пишува негативни карактеристики за раководните кадри на КПЈ во обид да биде поставен за генерален секретар на КПЈ. По ликидирањето на речиси целата раководна структура на КПЈ што во тоа време се наоѓа во СССР и по отстранувањето на неговиот последен конкурент за највисоката партиска функција во КПЈ Петко Милетиќ, дури есента 1940 година е решено Тито да биде назначен за генерален секретар на КПЈ.
По окупацијата на Југославија од страна на Силите на оската во април 1941, комунистите на чело со Тито го поведуваат движењето на отпорот, а Тито станува главен командант на Народно-ослободителната војска.
Поради доминантната улога во народно-ослободителното движење, по ослободувањето на земјата комунистите успеваат да ја преземат целата власт. Но, набрзо, во 1948 година, доаѓа до судир со СССР. Тито решава да не се покори на волјата на Сталин и не се повлекува од власта. Во првата фаза од овој судир, КПЈ на чело со Тито се стреми да докаже дека обвинувањата од страна на СССР се неосновани, спроведувајќи ортодоксни комунистички мерки како колективизацијата на земјоделието. Истовремено, спроведе хајка против сите оние комунисти за кои постоеше и најмало сомнение дека повеќе му се верни на светскиот комунистички лидер Сталин отколку на југословенскиот комунистички лидер Тито. Во втората фаза од судирот (од крајот на 1949 година) доаѓа до отфрлање на сталинизмот и застапување на несталинистичка верзија на ленинизмот, втемелена врз систем на работничко самоуправување во претпријатијата, а подоцна и врз пазарни механизми во функционирањето на економијата (т.н. пазарен социјализам).
На надворешнополитички план, по приближувањето и започнувањето на процесот на сојузување со западните сили (до смртта на Сталин), а потоа и по краткотрајното затоплување на односите со Источниот блок (по смртта на Сталин и посетата на Никита Хрушчов на Белград), Тито и Југославија ќе се свртат кон новите осамостоени колонии од Азија и Африка и ќе станат втемелувачи и едни од најактивните учесници на Движењето на неврзаните.
На внатрешен план, Титова Југославија беше една од најотворените и најмалку репресивните комунистички држави, но либерализацијата на системот имаше свои граници. По сталинистичкото справување со (вистинските и оклеветените) приврзаници на Сталин, во 1954 година ќе биде исклучен од партијата, а подоцна и затворен членот на најтесното раководство на партијата, Милован Ѓилас, во 1966 година ќе биде исклучен и Александар Ранковиќ, кого го сметаа за наследник на Тито, а во 1971 година на удар ќе дојдат протагонистите на „Хрватската пролет“ и српските либерални комунисти.
Еден од успесите на југословенската власт на чело со Тито, пред сè во периодот до крајот на 1960-тите, беше градењето на братството и единството помеѓу југословенските народи и народности. Но, од крајот на 1960-тите национализмот беше во постојан пораст за на почетокот од 1990-тите да доведе до распад на Југославија.
Како признание на несомнените државнички способности и успеси на Јосип Броз Тито, на неговиот погреб во мај 1980 ќе присуствуваат бројни високи странски делегации и ќе остане запаметен како погреб со најголем број политичари и државни делегации во светската историја по оној на папата Јован Павле II во 2005 година.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
не го почитувам. Диктатор. Сите возеле иљадутриста и стојадин, а он мерцедеси своевремено вртоглаво скапи.
[]
[]
[quote="-грешка си, скоро 50% беа се уште на добици тс.“магикариња“
на пр.Прилеп-Радовиш за по тутун-кошевите на самар и на нива
шала на страна бевме со ТИТО американци за “варшавцине“
имаше и: буби,шкоди,опели.ами6 и 8,нсу-принц,дијани, спачеци
скоро во секој двор,додека во СССР за жигула чекава по 5-6 год.
што ако беше прашањето:( од Ѓевгелија до Марибор)
заплакавте ли на 4 мај 1980 година.
негативни одговори на рака да ги изброиш
ете толку вредеше човекот
или види некој снимки од градските плоштади тој ден низ Ју.
или снимката од сплитскиот стадион пољут
или прашај ги постарите на кој им веруваш
 
S

serpentipc

Гостин
[]
[]
[quote="-грешка си, скоро 50% беа се уште на добици тс.“магикариња“
на пр.Прилеп-Радовиш за по тутун-кошевите на самар и на нива
шала на страна бевме со ТИТО американци за “варшавцине“
имаше и: буби,шкоди,опели.ами6 и 8,нсу-принц,дијани, спачеци
скоро во секој двор,додека во СССР за жигула чекава по 5-6 год.
што ако беше прашањето:( од Ѓевгелија до Марибор)
заплакавте ли на 4 мај 1980 година.
негативни одговори на рака да ги изброиш
ете толку вредеше човекот
или види некој снимки од градските плоштади тој ден низ Ју.
или снимката од сплитскиот стадион пољут
или прашај ги постарите на кој им веруваш
Има еден српски документарец Robna kuca, таму го анализираа погребот на Тито и некој коментираше за 50.000 луѓе на плоштад во Загреб што плачат. Рече, не можам да разберам што им е денеска што плукаат по него, а тогаш сите плачеа. Или пак нема врска, 50.000 луѓе славеа со шампањско на плоштад, а после специјално за камерите правеа тажни фаци.

Абе низ цел свет цел ден имало пренос од погребот. Како што кажа еден сведок, во тоа време бил ученик во Лондон и дошол директорот на школото да му изрази сочувство и го ослободиле од настава неколку дена за на раат да го жали претседателот. Знамето на Бакингемската палата го спуштиле на пола копје, во Норвешка ден на жалост, ред работи такви... Дури навистина почнувам да верувам дека има нешто масонско во него :)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Титовата Југославија беше ефикасна и просперитетна (развиена) држава. Тоа никој не може да го оспори. Во Југославија не смееше да се работи (но и да се зборува, затоа што зборот наведува на антидржавни и криминални дејствија) против државното уредување, против Тито (кој беше амалгамот што ги поврзуваше разните народи - што се покажа после неговата смрт, колку било важно градењето на култ кон неговата личност за единственоста на државата), но и не смееше да се проговори ништо ни против некоја одредена нација. Доколку некој го навредуваше некого на национална основа веднаш можеше да заврши в затвор.
Сите овие работи беа неопходни за единството на државниот организам (сепак најмногу од нив беше важен Тито) и затоа беа штитени со закони и државна репресија. Напуштањето на истото доведе до крвав распад на таа држава. Непостоењето на казни и репресивни закони од тој тип и кај држави кои имаат единствено национално ткиво може да доведе до распад, а не пак кај Југославија која беше крпеж од многу народи...
А бројката од милион комунистички жртви е пренапумпана и тоа многу. На постојното тогашно население еден милион е преголем процент. Вакви “факти“ се вадат од разните политички елити на новите држави за да го оправдаат грабежот, несреќата и жртвите што им ги донесоа на своите народи, прикриени зад лажниот патритизам. Но, ако немаше воени разврски на распадот на Југославија, тогашните “елити“ немаше да бидат на власт и немаше да се стекнат со огромни богатства на сметка на сопствените нации...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom