Приходите рапидно ќе рипнат со новиот стадион, Арсенал имаа рекордни приходи во Светот годината кога го изградија Емирати, исто комотно може да се спореди и со Алијанз арената, ќарот ќе биде многу голем поготово за Интер кои во моментов не ни имаат свој стадион.
Разлика црно со бело ќе биде во приходите, тоа сигурно, ама тоа и не значи дека секоја година по 100м евра ќе се фрлаат, да не се лажеме, но во Италија и те како ќе можат да конкурираат на трансфер маркетот односно да предничат пред останатите, ова последново 100% ќе биде случај, во тоа не се сомневам.
Со други зборови, ќе се вратат на '' стари патеки '' кога се трошеше во летните периоди, не Манчестер Сити трошење, или Реал трошење, ама бар 30м минимум ќе се наоѓаат без проблем.
Исто и не треба да се сомневате во посетеноста, исполнет ќе биде скоро секогаш, па моментално Интер има посетеност од над 50 000 гледачи во просек, минатата година скоро 60 000 гледачи во просек го следеле Интер, а рачунајте дека со нов стадион под дифолт ќе се тепаат за карти, поготово за оние сезонски билети, така да стадионот во секој натпревар ќе крца, со мали незначителни минуси во одредени натпревари.
Затоа и намерно е ставена таа бројка, 60 000, Се е убаво израчунато.
п.с. Ја Ди Бијаџо ич не го сакав ко фудбалер, ич.