ЕП во ракомет 2012-група I (Белград)

  • Креатор на темата Креатор на темата Stivie G
  • Време на започнување Време на започнување

Кои 2 репрезентации ќе одат во полу-финале?

  • Србија

    Гласови: 82 50,3%
  • Германија

    Гласови: 30 18,4%
  • Полска

    Гласови: 10 6,1%
  • Македонија

    Гласови: 119 73,0%
  • Шведска

    Гласови: 3 1,8%
  • Данска

    Гласови: 10 6,1%

  • Вкупно гласачи
    163
Абе Скандинавциве ќе договорат, ако тепа Шведска ќе одиме подршка за Полска, ќе паднат Германциве ако не в терен сите влагаме.:D
 
Нема шанси Шведска да ја тепа Данска. Како стои комбинацијата за Олимпијада?
 
Највеќе од цела ситуација ме нервира тоа што кога ќе ти тепаме Србија во среда ќе се вадат на тоа дека не играле со сите сили затоа што пласманот во полуфинале им бил обезбеден.
 
Највеќе од цела ситуација ме нервира тоа што кога ќе ти тепаме Србија во среда ќе се вадат на тоа дека не играле со сите сили затоа што пласманот во полуфинале им бил обезбеден.
А од друга страна втората постава што ќе им игра ќе изгинат на терен за да победат. :)
 
Највеќе од цела ситуација ме нервира тоа што кога ќе ти тепаме Србија во среда ќе се вадат на тоа дека не играле со сите сили затоа што пласманот во полуфинале им бил обезбеден.
К У Р те боли ;)
 
Остајте ги нека се посмеат вечерва шо воопшто имале публика (со бесплатен влез и без глас).

Познато ви беше од негде ова со големо знаме преку цела трибина?
Па довикувањето од една до друга трибина?

Ама утре ќе учат од ОРИГИНАЛОТ!
 
Ако не тепа Германија ќе тепа Данска

Сканди Геј ДежаВу
xin_43060123092713158497.gif
 
Дури сега се разочарав... Како бе, па не заслуживме да изгубиме, ниту еднаш не го заслуживме тоа, најмногу од сите во нашата група заслуживме пласман во полуфинале, ете не сакам бре полуфинале, меч за петто место сакам, колку само добро игравме, никогаш не сме изиграле така јако... Што ми е најмногу криво после ова коло и Данска и Германија се во доста добра позиција за полуфинале, најмногу поради победите над нас. А ние сме во ептен тешка позиција, треба да се надеваме Полска да ја победи на Германија со еден-два гола разлика, ние треба да ја победиме Србија за да осигураме бар трето место во нашата група, во спротивно може и јако да се зезниме. Еј овие Швеѓаниве бе, се искомплицираа, да си ги победеа Германците и се ќе беше друго, ние ќе бевме речиси во полуфинале :pos:
 
сами сме криви јбг, т.е. не сме криви него ни избегаа 2-3 победи од раце за безвезе..исто како и со Русија у кошарка..
 
Со ваков развој на настаните станав скептик - ми се скрши филмот на велико! Колку ме болат поразите од Данска и Германија, посебно начинот на кој ги доживеавме....ни сам не сум свесен!
Сега добро би ни дошло место србија да игравме со нашиот јужен сосед, па да им се истуревме на нив и тоа навелико:love::ROFLMAO:
 
Уште еднаш ако завршиме 4то место во групата како се глеа дали ќе бидеме 7ми или 8ми и колку репрезентациите идат у квалификации за ОИ?
 
Уште еднаш ако завршиме 4то место во групата како се глеа дали ќе бидеме 7ми или 8ми и колку репрезентациите идат у квалификации за ОИ?
ако има потреба ќе се играат нокаут мечој. (во превод Србија и Германија ако не се пласират во полуфунале)
 
Поздрав до швеѓаните и нивниот нордиски менталитет, некој овде спомна дека ние Балканците сме имале лош менталитет

Браво за Србија, колку им вредеше таа победа со Данска сега се гледа, Македонија само теоретски шанси, најверојатно ке ги тепаат Србите, но сепак треба да се случи чудо, моја прогноза Србија оди и втора репрезентација е Данска , неверувам дека Полска ке им пушти на Немците секогаш со нив во секој спорт играле добро и биле добро мотивирани, а Немциве и не се баш нешто посебно али да видиме во секој случај!!! и моја прогноза ако пројдат Данците тие се прво место!!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom