Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тогаш судеа за Германците пошто Германија можеше да отпадне а ЕХФ не смее да си дозволи такво нешто.Не знам овој пат како ќе судат ама да се надеваме нема како тогаш.Ислаѓаните пак ќе судат.....
Кога сме кај голманите...Добар класа голман е што се вика пола екипа. Со голман од калибарот на Станиќ оваа репрезентација ќе беше минимум за 30% посилна, а да не спомињам и плус со асален тренер. А ако на тоа се додате и нормална спортска среќа...кај ли ќе ни беше крајот ?!
Али тоа е веќе друг муабет, најбитно до сега е што момците стварно го оставија срцето, не се штедат и покрај големиот ќутек кој го изедоа, играа стварно добар ракомет и не дозволија буквално 3-пати поголеми ракометни нации од нас да не надиграат.
Од мене капа доле.
.Многу тешко ми падна поразот од Данска,утакмица која ја имавме во свои раце,три пати водевме по 6 гола,имавме удар за победа...не знам што да кажам,тој удар на Кирца последниот,голманот од 15 шута такви 2 ќе фати,ама ете баш тој се погоди да го одбрани со пета,потоа следуваше тоа што следуваше.Осеќам дека момците се спремни психички,да ни докажат дека можат,дека го надминале тој удар,и ќе ја декласираат Полска денес.Гладни се за тоа,ќе се истурат над Пољациве.Можеби треба малку да не посака и топката? Висок тим е Полскиот,ќе имаме проблеми во одбраната ако им тргне шутот,не знам кој гледаше со Шведска,во второто полувреме какви бомби испраќаа од 9-10 метра.
каде е авторитетот?
)За одлично навивање и победа за Македонија, еве што ви е потребно.
Знаме – √
Свирче – √
Оптимистички дух - √
Откажани сите останати активности во 16:20 -√
Апарат за притисок - √
Глас за навивање - √
Телевизор во боја - √
Солзи радосници - √
Мускули за нагло скокање - √
Полски кревет, полско цвеќе и полско ве-це за Полјаците -√ ()
Полски кревет, полско цвеќе и полско ве-це за Полјаците -√ ()