Она за што вчера известуваше порталот SKY.Mk утринава за жал се обвистини. Голем број од среќните добитници кои што на синоќешната лотарија добија карта за натпреварот со Полска кој се игра денеска останаа надвор од возот кој што патува за Белград.
Голем број на добитници на билети останаа огорчени, разочарани и гневни на организаторите кои што не ги пуштале во возот иако имале бројче.
Голем број од добитниците доаѓале од другите градови од Македонија и разочарани се вратиле назад без да имаат можност да ја дадат својата поддршка на ракометарите.
Но она што сите го потврдуваат е дека вагоните заминале полу празни и во нив немало повеќе од 500 луѓе.
Еве дел од коментарите кои тие ги оставија на форумите и на Фејсбук Групите на интернет.
Останавме надвор и измрзнавме како будали некои, најмалку 150 луѓе. Од 4 саат па натаму, тој што дошол, останал надвор. ВАКА ЛИ СЕ ОРГАНИЗИРА БЕ. Ај јас сум од скопје, што правиме со оние што дојдоа од другите градови??? Кој со организиран превоз кој со такси, ПА ПАРИ СЕ ДАДЕНИ за да се дојде бе. СРАМОТА НЕВИДЕНА!!!
Дојдов 5 до 4 таму. Чекавме до 5.35 некаде, тогаш замина возот, кој влегол и како влегол не знам. Знам дека останавме еден куп надвор што бевме извлечени, полицајците што стоеа на врата, пуштаа до 5 и 5 некаде, после тоа , престанаа со пуштање, и се симнаа уште полицајци доле. Не ни кажуваа ништо, повеќе од пола саат, НИЕ НЕ СМЕ ОРГАНИЗАТОРИ ни велеа. Возот се наполнил и тргна во 5 и 35.
Пред мене беа двајца од Струга, не отидоа, до мене беше еден од Гевгелија дојден специјално за тоа и тој не влезе. После се симна едно девојче, со солзи во очите, ОД ВАГОН ЈА ИЗВАДИЛ џандарот смрден, а извлечена била, и се јавиле. Ја фатил за рака, ти излегувај. Имаше луѓе бувкално од секаде дојдени. СКАНДАЛ, каков што само ние знаеме да направиме.
СРАМОТА!
SRAMOTA!!!! So karta ne me pustija da vlezam!!!!!! Ne mi se veruva!! Izmrznav!!
dali 4-500 dusi vlegoa so cekavme nemase ni tolku .... c c c c
izmrznavme pred vrata dojdovme vo 3 ipol do 5ipol cekavme izbran sum 725 broj katastrofa cel zivot ke odime nazad da ti se pluknam u drzavata.....
Леле каков сакал беше пуштееееен аууууууууууууууууууууууу срамота среќа сто сум од Скопје.
Од 4 саат дрмевме сите надвор некој 600 700 души дали беа сите со карти ретки беа без карти дека беше кажано ако не се исполни бројот идат тие што ке се најдат на железничка.за 1 саат дали 200 души пуштија и на брзинка од 5 до 5 и 30 пуштија пола од тие надвор и наеднаж ги блокираа вратите демек се монтирало уште вагони.
Го слушнавме возот како си тргна почнавме да се буниме полицијата почна да не брка некој снимаше им ги земаа мобилните и тоа беше тоа остана надвор 150 души ги имаше од Битола Охрид Велес Струмица со солзи си идеа и броеви кажуваа кој се и све.....Срамота
Имаше со спиокот луге од горе ни мавтаа демек нема место све е пуно.а се јавивме на тие што ги пуштија имало место по вагоните 1000 души во никој случај немаше
1000 sigurno nemase kako i sekoe cudo kaj nas denes ke kazat na Sitel na Kanal 5 site 1000 dobitnici zaminaa za Belgrad, nikoj nema da kaze za 200-te dushi so izmrznavme na -10 stepana 2 saata za na kraj za malce i kotek da jademe zasto sme snimale!!