Илјада билети и бесплатен превоз со воз за Македонија-Полска

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе има и такви ситуации 100%, абе многу е рано, инаку да одиш има да се изнапукаш сеир на железничка. Ко ќе ги видиш со хамбургерите од рани мугри... па натоварени ко за Москва да одат. Смешки. :ROFLMAO:

И Београд е далеко ако тргнеш пеш... или со воз. :icon_mrgr:
Ама стварно ме интересира дали ќе има таков јунак што ќе заборави и пасош и лична. :D
 
http://www.sky.mk/makedonija/13014-...добитник-на-влезница-и-превоз-до-Белград.html


прво е извлечен Самоил Малчески, а не Самоил Малчевски! да за мене се работи, поранешниот претседател на СПУКМ! како вие така и сите оние кои пишуваат по ФБ слободно можете што сакате да зборувате и колку сакате да зборувате, тоа што некогаш сум бил Претседател на СПУКМ незначи дека неможам да аплицирам на наградна игра и регуларно да добијам! и јас сум граѓанин на оваа држава кој плаќа данок и имам исти права како и сите останати! поздрав

Негов коментар?
 
Сега добив некои информации дека не можело без карта...У ПИ*КУ МАТЕР нека идат, нека ни кажат веќе официјално каква е рабоата!!!
 
Јас искрено не знам како 1000 луѓе ќе собере во возот, а не пак ако почнат да примаат и без карти. Нема логика да е бесплатен возот за сите...
 
208. Љупчо Савески
Ваљда не е екс селекторот :D
 
Замислите во возот атмосферата, ако стварно 1000 луѓе бидат во него.
Ќе се тренираат за во сала со „Живи ќе изгориме“:D
 
Јас искрено не знам како 1000 луѓе ќе собере во возот, а не пак ако почнат да примаат и без карти. Нема логика да е бесплатен возот за сите...

Додај и дека 13 вагони како шо спомнаа се максимум 860 седишта...
 
Двајца школски добиле карти, алал нека им е.
Гзлаци среќлии, ќе ги потепам коа ќе ги видам :icon_lol:
Инаку не се партиски определени а и многу други што ги познавам а се извлечени не се симпатизери нити членови на партијата на власт, така да не верувам дека било наместено.

Со среќа нека им е на сите што добија карти, па нека остават глас таму и нека ги бодрат нашите до последен здив.
 
Јас искрено не знам како 1000 луѓе ќе собере во возот, а не пак ако почнат да примаат и без карти. Нема логика да е бесплатен возот за сите...

Тогаш ќе биде следнава слика и наслов во српски вести Македонска фаланга је оборила светски рекорд у вожња у возу.
indian-train.jpg
 
Јас осеќам дека возот ќе се расипе, плус и ко шо е ладно :pos:
Среќен пат пред се друго, на оние што ќе одат и од се срце им посакувам да стигнат.
 
Сеа им се јавив на железничка и типот ми кажа дека он знае дека возот е бесплатен, така да ако цел воз е бесп латен ваљда покрај тие 1000 со карти може и други да влезат, ништо нив не им мења, не е 1000 карти другите си плаќаат туку цел воз им е бесплатен, јас ќе идам па што биде, биде


 
Тешко тие што ги има 2-3 пати на список. Ќе треба 2-3 пати да влегуваат излегуваат од возот да се пријават како луѓе дека ќе направат голема забуна. :pos:
 
Можеше ова порано да се напрај, вака е крајно хаотично.

Прво од според мене, крајно лошата програма, која бираше ги даваше имињата кој ќе оди, а кој не. Главен филтер треба да е бројот на лична карта/пасош, бидејќи од тоа шо се бараше да се пополни, единствено тоа е уникатно за секој поединец. Ама овде изгледа никаков филтер немаше, ко тој 15-годишнико три пати шо е извлечен, картите шо ги продавал на фб. :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom