Еве и јас викам дека треба да се префрлат, зашто ?
бидејќи користам 2 интеренета моментално чисто споредба еве :
телеком- 250 гига месечен трансфер, 10 мегабити download, 60 килобајти upload = 1 700 денари месечно
Близу - неограничен трансфер, 10 мегабити download, 10 мегабити upload = 500 денари месечно
Стабилност одлична, веќе трети месец го користам интернетот од Близу, само еднаш имав помал прекин , Телеком го иам 2 години, проблеми никакви.
Проблем имав јас со приклучокот, чекав малце повеќе од што треба, пропратено со додатни проблеми, значи екипите не им се нај нај, но изгледа баксуз сум за приклучоци бидејќи и од телеком пред 2 години кога ми ставаа испаднаа проблеми, односно откачена жица на бандера, али со пријатели средив веднаш истиот ден.
За мене, техничката подршка на Близу е лоша но интернетот е стакло, ете ти реално споредба помеѓу Близу и Телеком, и според тебе зашто ја не треба и другите корисници да се префрлиме на Близу ?