Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Мораш да се стрпиш за да дојдат резултатите и не отстапувај од зацртаниот план. Ако не ослабнеш 1-2кг во рок од 1 месец ќе мора да намалиш уште со калориите. Значи прво сечи од заситените масти и јаглехидрати а ако повторно не оди, тогаш намали ги општо внесените калории од сите нутритиенти подеднакво.
Никако откажување.

Значи,ок е вака исхраната,само треба време...
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Никако откажување.

Значи,ок е вака исхраната,само треба време...
Па неможе точно да се каже затоа што незнам колку калории всушност внесуваш. Ти кажуваш дека јадеш интегрален леб, ориз, бисквити но во која количина? Најдобро е еден ден да запишуваш се што ќе изедеш. Интегралните лебови на ЖитоЛукс што се на кришка, една кришка е 25грама па можеш да се пресметува.

Бисквитите ти се прости шеќери не ги јади често и не внесувај сокови ниту густи ни цедевита.
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Наместо цедевита шумливи таблети.. имаат 8 калории 1на.. само не пиј многу од нив.. 1 до 2 максимум..

Бисквитите исфрлиги доста калории имаат а не најадуваат.. наместо тоа измери 100 гр ориз.. подобра варијанта а и повеќе ќе те најаде..
 
Член од
18 ноември 2011
Мислења
770
Поени од реакции
455
Дали може и сакате на оваа иста тема, да разговараме и пишуваме здрави и вкусни рецепти. Јас имам 4-5 како предлози па ако сакате може да менуваме и рецепти:)
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Кажете ми за сурутка што мислите? Дали е добра да се конзумира и на кој начин?
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Кажете ми за сурутка што мислите? Дали е добра да се конзумира и на кој начин?
Сурутката во нејзината чиста форма не е препорачлива бидејќи содржи многу лактоза.

А доколку е преработена (изолат или концентрат) тогаш е океј.

Патем, сурутка е името на whey преведено на наш јазик.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Сурутката во нејзината чиста форма не е препорачлива бидејќи содржи многу лактоза.

А доколку е преработена (изолат или концентрат) тогаш е океј.

Патем, сурутка е името на whey преведено на наш јазик.
Ваљда е преработена пошто е во прав,случајно слушнав еден човек од околу 40тина години,спремен физички и коментираше за сурутката и си зема 3 кила.

А еве да кажеме да земам преработена сурутка,да ја комбинирам со нешто друго? Бев загреан за гејнер пошто ми треба маса,ама еден другар од гејнер качи 10+ кила,а мене тоа ми е премногу.

Значи сакам да качам килажа ама не 10 кила,што да земам да качувам килажа споро нека биде,ама бар да биде квалитетно,да не се умрсам како другарот што се здебели во нозе,газови,фаца,стомак.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Ваљда е преработена пошто е во прав,случајно слушнав еден човек од околу 40тина години,спремен физички и коментираше за сурутката и си зема 3 кила.

А еве да кажеме да земам преработена сурутка,да ја комбинирам со нешто друго? Бев загреан за гејнер пошто ми треба маса,ама еден другар од гејнер качи 10+ кила,а мене тоа ми е премногу.

Значи сакам да качам килажа ама не 10 кила,што да земам да качувам килажа споро нека биде,ама бар да биде квалитетно,да не се умрсам како другарот што се здебели во нозе,газови,фаца,стомак.
Доколку е од оние сурутки кои ги продаваат 300-400 денари за килограм тогаш знаеш дека не е преработена.
За тоа дека е во прав, и преработената и обичниот серум е во прав. Нека не те буни.
Нејзината нутритивна вредност изнесува 13 грама протеини, а цели 70 грама јаглехидрати на 100 грама.
Но да не зборам на памет, води се по горенаведената реченица за цената, но сепак провери ја нејзината нутритивна вредност, освен ако не е спакувана во обични бели прозирни кеси.

За накачување на килажа имам спомнато премногу пати, во другата тема поставив и калкулатор за калории на дневно ниво.
Ќе израчунаш според твојата висина, тежина, години и колку неделни тренинзи имаш.
Кога ќе го имаш точниот број на калории кој треба да го внесуваш за маса, само така ќе успееш.
Во спортивно, никаков гејнер нема да ти помогне.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
А еве да кажеме да земам преработена сурутка,да ја комбинирам со нешто друго? Бев загреан за гејнер пошто ми треба маса,ама еден другар од гејнер качи 10+ кила,а мене тоа ми е премногу.
Како што кажа Myers ако е ефтина тогаш е 99% непреработена со многу јаглехидарти во неа. Во главно билдерите сакаат да стават мускулна маса, а не било каква маса (со сало) така да користат сурутка со извадени ЈХ од неа. Како и да е ако не ти е битно ако се замрсиш можеш да земаш и непреработена сурутка особено затоа што претставува многу здрава работа со имуноглобулини и состојки кои го јачаат имунитетот.
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Таква сурутка е многу лоша избор за голем број на индивидуи кои имаат проблем со млечниот шеќер, лактоза. Овој производ е богат со ЈХ само од тој извор.
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Може да послужи како идеа за составување на мени.
 
Член од
7 октомври 2010
Мислења
2
Поени од реакции
0
Dobar den. Bi sakal dokolku mozete da mi pomognete i da me koregirate okolu nacinot na ishrana, so cel da ja zgolemam muskulnata masa. Visok sum 169 cm i 64 kg tezok 24 godini. Vaka, momentalno ne praktikuvam nikakva fizicka aktivnost osven pesacenje po 2 km na den, poradi povreda so koja se zdobiv kon krajot na septemvri, no veke oporaviv i so vezbanje planiram da pocnam od mart. Iskustvo vo teretana nemam mnogu, 2 - 3 meseci minatata godina no so minimalni rezultati, fizickata aktivnost pred da se povredam mi se sostoese od eden den trcanje 5 km, eden den 15 km velosiped, 5 dena vo nedelata. Sega bi sakal malku da ja zgolemam muskulnata masa i da gi dodefiniram moeto telo. Se hranam prilicno zdravo, ili barem taka jas mislam :) i bi sakal da mi pomognete so soveti za koi sum siguren ste poveke upateni od mene. Mojata ishrana izgleda vaka:

DORUCEK:

07:30
Edna lazica med, 400 gr. mleko so 0.5% masti, 100 gr. ovosni zitarici i edno ovosje (zimno vreme obicno ili portokal ili kiva), 6 denovi vo nedelata ova mi e dorucekot, a letno vreme mlekoto go zamenuvam so jogurt.

11:00 kafe so prazen kroasan (znam deka treba da gi izbegnuvam no kolku i da se obiduvam retko uspevam da im odoleam)



RUCEK:

13:00
Posto sum na fakultet 5 denovi vo nedelata, jadam vo menza kojasto moram da ja pofalam e mnogu dobro opremena, i rucekot mi se sostoi obicno od testenini edna porcija, parce meso ( telesko ili pilesko) i salata ili zelencuk na parea.

16:00 Voda ili sok od portokal so 50 grama krekeri.



VECERA:

19:00
Vecerata mi se sostoi od edno od riba, oriz, kompir varen, vareni jajca, grasok, tuna, i salata, + 1 ovosje.

22:00 edna jabolka

Bi sakal da preciziram i deka ne pusam a alkohol konsumiram vo epten mali kolicini ednas ili maksimum dvapati mesecno.
Nemam finansiski problemi okolu ishranata nitupak za snabduvanje na suplimenti, dokolku bi trebalo da zimam nekakvi suplimenti ve molam specificirajte ja sodrzinata na suplementite, bidejki ne ziveam vo Makedonija i sigurno ne se isti. Bi vi bil blagodaren dokolku mi ukazete na eventualni greski ili dodatoci koi treba da gi primenam. Pozdrav
Ps. Pijam dnevno i edna sumliva tableta so Vitamin C i edna Sypradin se vika vo koja se sostojat site vitamini so mu se potrebni dnevno na eden oraganizam ( ili barem taka pisuva).


 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ова не е диета, туку докажана здрава рутина која ќе ви помогне во процесот за постигнување на здраво тело и здрав дух.
Не бара многу одкажувања од нашите секојдневни потреби, и со континуирано придржување кон овај режим, резултатите на природен начин ќе испливаат на површина.

1) Добар калоричен поручек.
2) Кафе (по можност машинско поминато на филтер)
3) Утрински обврски (работа или домашни обврски)
4) Пред тренинг, никако јаглехидрати и висококалорични оброци (безразлика на грамажата)
5) Пред тренинг, обавезно кардиоваскуларна вежба од минимум 30мин. (лента за трчање, точак, орбитрек...)
6) После тренинг, една банана. (фруктоза + протеин)
7) Одмори 45мин - 1сат, и ручај варена храна со повеќе зеленчук.
8) Добро би било 3-5км пешачење во близина на домот.
9) Минимална (лесна) вечера, најкасно до 20:00час.

* Алкохол минимално, никако пиво!
* Туширање колку повеќе, толку подобро. (се отвараат кожните пори, и излегува "лошото")
* Благо поретко, и исклучиво после ручек (како десерт). Никако благо - пред солено!
* Одкажи ги цигарите, ако можеш. Ако не, намали ги сите горенаведени активности со 30% (кардио вежби, теретана и пешачење)
* Ако имаш други пороци што директно или индиректно влијаат на оваа рутина, исфрли ги од твојот живот ПОД ИТНО!
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148
Препорачајте некоај протеинска исхрана? Што како и кога? фала
 

Kajgana Shop

На врв Bottom