Некои луѓе толку се загрижени за филмската и музичката индустрија што срце ми плаче. Па викаат кој сака филм да си го купи. Или да го гледа на кино. За ова ќе ни треба брза обука на масите за купување онлине од амазон и блок карти за автобус од внатрешноста до Рамстор, билет и пуканки. Џанам се функционира во државава остана уште ние да се однесуваме „чесно“ и да не ги „крадеме“ кутрите мали богаташи.
Туку ај ред по ред:
Прво, пиратеријата не е кражба. Идеме сликица:
Значи, на постот погоре, во кој колегата вика дека „ако сакаш нешто да имаш, мора да го купиш“.
Не мора. Ич не мора. Можеш да го позајмиш. Јас можам да го купам и да ти го дадам. Ти можеш да го купиш и да ми го дадеш. На ти го дај ми го што вика народот наш. Понатаму, јас можам да го купам и да му го дадам на соседот. Тој на соседот до него, овој на соседот до него и така цд-то да го заврти цел град на основа на
споделување. И единствен мотив притоа ми е што сакам да ги направам луѓето посреќни, како Дедо Мраз, освен што копилето се појавува еднаш годишно и тогаш носи усрани поклони. Понатаму, моето купено цд може да стигне во следниот град, следниот, следниот... се до Кина иф ју вил. И притоа да нема ништо „криминално“.
Тогаш, зошто е криминал ако некој купи оригинално двд, го закачи на интернет за да можат луѓето да го симнат, од овде до Кина? И тие што ги познава и тие што не ги познава. Кој вика дека тоа е криминал? Јас сигурно не. Ако имаш лиценцирана, купена програма од 5-6mb која работи со истиот сериски број на било кој компјутер, слободно можеш да ја пратиш до колку год сакаш луѓе по е-маил и никому ништо. Единствената разлика помеѓу програмата и филмот е во тоа што филмот е премногу голем и барем засега е неизводливо да го препратиш по е-маил. Затоа треба да го закачиш некаде, за друг да го преземе.
Постојат уште многу аспекти во оваа проблематика. Еден од нив е што многу од филмските компании самите пуштаат пиратски копии со лоши снимки или скринери, за да „пуштат глас“ за филмот. Колку што им прави штета, повеќе им носи луѓе во кино салите.
Ако до некаде имам разбирање за производителите на софтвер, чии правила на користење се прекршени затоа што некој успеал да им го кракува програмот и да ја заобиколи заштитата, немам никакво разбирање и никогаш нема да имам за филмската и за музичката индустрија. Имам легално купен или бесплатен софтвер за ДВД-рип? Имам легално купен или бесплатен софтвер за правење mp3? Што е проблемот тогаш? Можам да си направам DivX или Mp3 кога сакам, и да му ги дадам на кого сакам. Можам да изрежам на мојот легален режач под гаранција колку сакам од нив и да ги оставам на улица за да си земе кој сака. И ич не ми чуе. Нека си најдат начин да ги заштитат фајловите од копирање. Или како Coldplay, фино лепо нека размислат за алтернативен метод на продажба. Се се менува, нека се менуваат и тие.
За да поддржуваш вакви Гестапо акции треба многу да си кусоглед. Јас лично не можам да си замислам како би изгледал светот без креативните видеа на јутјуб, без one-click-away податоците кај Тетка Вики, без луѓето кои се подготвени да го споделат она што го имаат со тебе. Интернетот е последното слободно место на оваа планета и нема да се помирам со било каков вид на цензура, без разлика под кој изговор ќе пробаат да ја протуркаат.
И да не се лажеме: нема ни 5 луѓе на форумов што било кога платиле за лиценциран антивирус. Не глумете лудило.