Шундовски бил слаб тренер,сега го видов тоа.
Втора работа,повторно исти грешки како изминатите две утакмици.Одбраната спие при одбранети удари на Борко,и овие имаат уште една шанса после тоа.
Како не научија ја не знам.
Мора да признаеме,ова е најслабото полувреме на првенството од наша страна.Играме споро и млитаво,можам да кажам дека Борко не одржува во игра.
Чесиве се исто слаби,да ги искористевме нашите шанси,ќе водевме со минимум два гола разлика.
Трето,еден играч е повторно слаб и повторно греши многу.Ама не коментира,да не ме пцуете до трето колено.
Само искрено се надевам дека тој играч ќе ја реши утакмицава,исто како што ја реши Владо против Литванија,а притоа беше најслаб играч на натпреварот.
Публикава повторно спие.Изгледа се издуваа против Германија.Имам чувство дека само 200-300 души пејат и ги бодрат нашиве,другите си седат на столче и грицкаат сончоглед.
Впрочем кога ќе дадат кадар од публиката и самите ќе го приметите истото.Ќе плеснат двапати со рачињата и тоа е тоа.
И мора подобро во второ полувреме,МОРА поради 2 милиони Македонци кои овие 4-5 дена живеат со и за ракометот и нашите репрезентативци.