Авто новости

zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
луге, што очекувате... шкода е испитно возило на фолксваген... секоја нова технологија која се произведува во фолксваген, прво се монтира во шкода возилата, па откако ке ги појави мааните, се оправа и се става во фолксваген возилата... кратко и јасно...

истото е и со дачија на рено...
Извини, ама не се сложувам во ова што го тврдиш, на пример Yeti е правен по програмата на VW Tiguan (шасијата и подвозјето). Јас ке ти кажам кој е најголемиот проблем, тоа е што во моторите а и во дел од подвозјето се мешаат делови на VW и Шкода. Значи автомобилот не е 100% Шкода зошто 60% од деловите се на VW (на некои делови има жиг Шкода а на други VW).Замисли во BMW да има делови од Opel. :LOL: Oва од искуство, зошто го имам дома. Затоа Волксваген се далеку поквалитетни но и реално поскапи. Види ја цената на Tiguan во споредба со Yeti. :)
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327

Сите компоненети кои ги користи Дачија се една генерација постари од оние кои се вградуваат во актуелните модели на Рено. Во шкода се вградуваат исти компоненти што се вградуваат во ВЊ така да проблемот е во лошата конструкција на ТСи и ТДи моторите.
 
Член од
1 октомври 2010
Мислења
368
Поени од реакции
31
sto sakate koga 1.2 motor ima 105 ks i se vgaduva vo TERENSKO VOZILO ...da ne rikne turbinata :P suludo e da se namaluva kubikazata a da se zgolemuva konjazata na odredeni motori ........TSi motorite se sranje a i TDi ke gi upropastat edin dobar motor kaj tsito e 1.4 so 140 milam il 120 konja najizdrzliv e :D a za tdi posebno motorite do 2005 nema greska kinat ko magarinja se

da nadopolnam u tsi motorite postoi i mehanicki kompresor .......koj dodatno go opteretue motorot
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
А дали некој проверил како е на страна со овие мотори во странство?
Дали некој се запрашал кај нас какво ѓубре точиме во резервоарите?

Моторот се оптеретувал со турбина и компресор а тамо инженерите што го мислеле глупи се и не знаат какви материјали ставаат него ние повеќе знаеме нели?
Само еден од моторите е и со механички компресор и моторчето е топ.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Извини, ама не се сложувам во ова што го тврдиш, на пример Yeti е правен по програмата на VW Tiguan (шасијата и подвозјето). Јас ке ти кажам кој е најголемиот проблем, тоа е што во моторите а и во дел од подвозјето се мешаат делови на VW и Шкода. Значи автомобилот не е 100% Шкода зошто 60% од деловите се на VW (на некои делови има жиг Шкода а на други VW).Замисли во BMW да има делови од Opel. :LOL: Oва од искуство, зошто го имам дома. Затоа Волксваген се далеку поквалитетни но и реално поскапи. Види ја цената на Tiguan во споредба со Yeti. :)
Ако истиот проблем, како што пишува во текстот, се јавува кај цела ВАГ групација, а не само кај Шкода; понатаму, ако проблемот со турбината кај Јетито на жена ти се јавил и кај Голфот на твојот пријател - тогаш која е логиката на ова што го зборуваш?
 
zocc

911
Член од
9 мај 2011
Мислења
2.912
Поени од реакции
1.678
sto sakate koga 1.2 motor ima 105 ks i se vgaduva vo TERENSKO VOZILO ...da ne rikne turbinata :P suludo e da se namaluva kubikazata a da se zgolemuva konjazata na odredeni motori ........TSi motorite se sranje a i TDi ke gi upropastat edin dobar motor kaj tsito e 1.4 so 140 milam il 120 konja najizdrzliv e :D a za tdi posebno motorite do 2005 nema greska kinat ko magarinja se

da nadopolnam u tsi motorite postoi i mehanicki kompresor .......koj dodatno go opteretue motorot
А ти дали знаеш зошто се измислени и употребуваат TSi моторите?? Која е врската на цркнувањето на турбината со кубикажата, многу ме интересира??? Те молам, кажи кога ете толку многу знаеш. И Yeti-то не е ТЕРЕНСКО ВОЗИЛО туку кросовер.
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 15:52 ---
Ако истиот проблем, како што пишува во текстот, се јавува кај цела ВАГ групација, а не само кај Шкода; понатаму, ако проблемот со турбината кај Јетито на жена ти се јавил и кај Голфот на твојот пријател - тогаш која е логиката на ова што го зборуваш?
Е па логиката ке ја видиш кога ке отидеш во Порше Скопје и ке приметиш дека на сервис "чмаат" само Октавии и Јети, сите со TSi мотори. Kaj VW многу поретко се случува и во сервис истото го тврдат.
--- надополнето: 19 јануари 2012 во 15:56 ---
А дали некој проверил како е на страна со овие мотори во странство?
Дали некој се запрашал кај нас какво ѓубре точиме во резервоарите?

Моторот се оптеретувал со турбина и компресор а тамо инженерите што го мислеле глупи се и не знаат какви материјали ставаат него ние повеќе знаеме нели?
Само еден од моторите е и со механички компресор и моторчето е топ.
Многу точно е се што кажа и се сложувам со тебе, посебно околу горивото. :)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Им се случува на сите производители не е толку страшно. Тси моторите се релативно нови, не се баш испробани, допрва ќе слушаме за нив. Тди старите се супер, новите ќе видиме.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
subaroto BRZ premnogu neshto mi lichi na meganot kupe.,............shtom ...komp...gi modelira ...ke si slichat

Субару BRZ со Меган личи? Хахахаха ГАФ У што ти заличе, меганот е гомно гомносано, а субаруво има интересен "muscle car" дизајн.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Toyota
е најскапата марка автомобили

цената на брендот е оценета на $27.76 млрд, што е со 6% повеќе од минатата година.
Второто место е за Mercedes-Benz ($27.44 млрд, +9%), а третото за BMW ($24.55 млрд, +10%).
Далеку зад нив е Honda ($19.43 млрд, +5%)
VW ($7.85 млрд, +14%)
На шесто место е Ford ($7.48, +4 %), па Audi ($6.17, +13%).
Hyundai ($6.00 млрд, +19%), е на 61-а позиција.
За прв пат во Топ 10 влегува Nissan ($3.81 млрд), којшто е на 90-то место во редоследот.

Инаку сеуште најскапата марка во светот е Coca-Cola ($71.86 млрд), следуваат IBM ($69.90 млрд), Microsoft ($59.08 млрд), Google ($55.31) и др.

S

Shellshock nam67

Гостин

Конечно, официјални фотографии од новиот Mercedes Benz SLK-Class, и повторно нова иновација која ќе ги воодушеви сите.

Mercedes Benz своето мало купе-кабрио возило за прв пат го претстави во 1996 година. Таа година светот го виде малото ремек дело кое Mercedes го имаше создадено, имајќи во предвид дека SLK е првиот автомобил со тврд склоплив кров кој имал светски успех. Секако тука не го забораваме на Peugeot кој прв во 1935-та година го има смислено овој концепт, но мора да се признае дека SLK беше искрата што го запали огнот, или искрата што ги натера и останатите производители да тргнат по купе-кабрио патот.

Трендот на иновација се повтори и во втората генерација на ова возило, кога имајќи го во предвид струењето на воздухот во кабината, Mercedes го разви системот AirScarf кој преку отвори во седиштата во висина на вратот испустајќи топол воздух, успева да го намали ефектот на ладниот воздух кој кружи во кабината.

Сега, дојде ред на третата генерација на SLK.

Со тоа што Mercedes претставуваше иновации во предходните генерации, го крена степенот на очекување за нешто ново, и доколку не го испол
неше тоа, Mercedes ќе донесеше одредено разочарување, но сепак Mercedes повторно успеа. Во третата генерација на SLK, Mercedes го претставува стаклениот покрив со Magic Sky Control опцијата. Се работи за специјално стакло кое со притискање на копче ја зголемува или намалува светлината во кабината т.е. го зголемува или намалува погледод кон небото.

Третата генерација го следи дизајнерскиот стил на останатите модели, но најголемо влијание при дизајнирањето очигледно имал моделот SLS. Тоа влијание најмногу се забележува во предниот дел каде доминира исфрлената нанапред маска, и новите светла, но исто така и во малку заоблениот заден дел. Исто така, влијанието и дизајнерскиот стил на SLS се забележува и во целосно новата внатрешност, која изобилува со стил и квалитет.

Во почеток, SLK ќе биде понудена со три мотори, и тоа SLK200 која ќе користи 1.8 Л турбо мотор кој ќе развива сила од 184 КС, потоа помоќниот SLK250 со 205 КС и најмоќниот SLK350 кој под поклопецот крие 3.5 литрен V6 кој развива 302 КС. Информациите кои се понудени гласат: забрзување до 100-ка од 7 и 5.6 секунди за појаките два модела, но и едно големо изненадување околу просечната потрошувачката од 6 и 7 литри, кои со овие мотори и адреналинот при возењето ќе бидат многу тешки за постигнување.

На крај, Mercedes Benz SLK 200 како почетна цена има 38 675 евра во Германија, додека појаките почнуваат од 44 256 и 52 300 евра, а нарачките ќе почнат да се примаат од 17 Јануари 2011 година.

izvor :http://www.brzina.mk/content.php?cat=1&id=46
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
арно пишува 2011, колава се продава веќе една година

многу подобро изгледа од последните СЛК модели
 
Kajgana Shop

На врв Bottom