Македонија - Чешка - ОДИМЕ ВО БЕЛГРАД!

  • Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
Норвешки судии за дуелот со Чесите

Кенет Абрахамсен и Арне Кристиансен ќе ја делат правдата на вечерашниот одлучувачки натпревар на македонската ракометна репрезентација против селекцијата на Чешка.


Ова денеска официјално го соопшти ЕХФ, а резерва за норвешките судии ќе биде двојката од Шпанија, Оскар Ралуј и Ангел Сабросо.
Да потсетиме, Македонија вечер во дуелот против Чешка мора да победи доколку сака пласман во следната фаза. Со евентуална наша победа над Чешка и триумф на Швеѓаните над Германците, нашите ракометари не само што ќе обезбедат пласман во следната фаза, туку во Белград ќе отпатуваат како првопласирани во групата А со три бодови.
Да се надеваме дека со фер судење и со пожртвувана игра на нашите момци ќе стигнеме до голем триумф над Чешка
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Како што забележав на натпреварот Шведска-Чешка,Чесите имаат лоша одбрана и ние мора да го искористиме тоа,само да се подобри реализацијата.Убаво кажа супервисор добри се на контри Чесите пола голови така ги дадоа со Шведска,многу треба да внимаваме на брзи напади,ако ги сопреме на брзите напади нема што да бараат Чесиве со нас :D
И конечно мора да проработат крилата како со Шведска,доволно е левото со Стефче од лево и партали :D
 
М

Мартин`

Гостин
Обично секогаш на празници победуваме така да и денеска сум убеден дека ќе го сториме тоа, ајде со господ напред се надевам дека ќе се пласираме во вторите групи. А и искрено очекувам мала наклонетост кон нас од судиите зошто ЕХФ и Србија со заминување на Македонија би изгубиле многу приходи од навивачите што доаѓаат.. вака ако се пласираме можам да замислам што ќе биде во Белград каде што салата е по 15-20.000 капацитет.. инвазија :D
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
И како јас денес да учам. Не ми се фаќа книга... цело време за ракометов мислам:confused:

Мора вечерва да победиме, тоа ни беше и планот пред првенствово, победа над Чешка. Со играње добра одбрана, пред се над Јиха ќе си завршиме добар дел од работата. Исто така очекувам и од Кире кој малце потфрли на претходниве утакмици да ни покаже зошто е светска класа, очекувам и голови од Мојсо и од останатите бекови бидејки тие голови ни фалат. Очекувам и да ги разигруваат крилата малце почесто.
Се на се, одиме на победа.

За кого? - За МАКЕДОНИЈА!!!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
пред точно три години..на 19.01.2009 година го приредивме најголемото изненадување на првенството кога ги победивме тогашните светски вицешампиони Полска кој имаа страшен тим..тогаш господ,ангелов и лазаров придонесоа за таа историска победа..да се надеваме на овој празник водици дека повторно ќе не израдуваат нашите дечки..ако случајно изгубиме то е то нема што да му се замери..наша обврска е да ги бодриме..

М---А---К---Е---Д---О---Н---И---Ј---А!
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Чесите знаат што ги чека...
Липтак: Против Македонија ќе биде како граѓанска војна
 
Член од
24 јануари 2011
Мислења
523
Поени од реакции
148
Леле уште сеа ме обзема некоја пот седам учам а мислам на ракометов ова не се издржува....
Со господ напред дај боже вечер да побидем и како пред неколку месеци полоштадот да биде препол!!!!!!Го заслужија тоа момците....
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!!
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
чешка е на ниво на германија и послаба од шведска! е сега ние ја запревме шведска (а таа ја растури чешка), а германциве имаа мнооооооооооооооооггггггггуууууууууууууу среќа и ние не бевме доволно фокусирани во одбраната кога дозволивме толкав број на одбиени топки да се вратат кај германциве. ако ја средиме одбраната денеска и НЕ ИЗБРЗУВАМЕ со нерезонски удари во напад, ПОБЕДУВАМЕ!
сите пишуваат како јиха им е најдобар играч. да, е најдобар, ама мене повеќе ми е страв од нивните голмани. ако ги разбраниме, ќе паднеме психичи и то би можело да биди проблем. одбраната нека си се задржи на нивото од шведска, јиха нема да биди проблем...
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Да резимираме...
1. Навиваме за Шведска

2. Пожелно е да започнеме со Диви на голот
3. Да се шутира и преку крила(особено десно)
4. Бате воопшто да не игра
5. Златко да мава седмерци
6. Одбиени топки после одбрана на наш голман исклучиво да завршуваат во наши раце
7. Мојсо да проработи
8. Ванчо да смогне сили барем малку да го одмени Стоилов
9. Да се неутрализира Јиха (со фластер)
10. Кирчо да подобри ефикасност на 70-80%
------------------------------------------------------------------------
= ПОБЕДА
ЗА КОГО? ЗА МАКЕДОНИЈА !!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom