Е баш де, това зборувам и jaс - увезени.
Бане Андреев -член на СКОЈ, член на КПJ
Лазар Колишевски - член на СКОJ, изпратен во днешна РМ от ЦК на КПJ.
Цветко Узунов - член на КПJ, одел да се бие за македонците во Шпаниja?
Вера Ацева - член на КПJ
Мирче Ацев - отишол да штудира во Белград - зачленил се во КПJ
Страшо Пинџур - член исто на КПJ
Михаjло Апостолски - маjор от Jгославската армиja
Боро Менков - член на КПJ
Сите били членови на КПJ преди бугарите да навлезнат па били вратени во днешна РМ за да прават бунтови. Мирно си лежеха и не зборуваха за клетите македонци,докато беха во кралство Jгославиja.
Бане Андреев станува член на СКОЈ во 1922 година, а на КПЈ во 1923 година.
Во 1924 година станува член на Месниот комитет на КПЈ за Велес и на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Учествува како делегат на Покраинската конференција на СКОЈ за Македонија, а во 1926 година е избран за член на ЦК на СКОЈ. Во август 1926 година е уапсен, но во април 1927 година, по осум-месечен притвор, е ослободен.
Студира на Белградскиот универзитет. Поради активностите во СКОЈ е следен од полицијата и во јануари 1929 година, во големата провала на комунистите во Белград,
е уапсен и осуден на 15 години според Законот за заштита на државата. Ја издржува казната во Лепоглава и Сремска Митровица, откаде бега на 22 август 1941 година, заедно со поголема група комунисти.
Во 1939 година Кочо Рацин нему му ја посветува песната „Татунчо“ од стихозбирката „Бели мугри“, преку посветата пред песната „На Бана“.
НОБ
Од септември 1941 до март 1942 е политички секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Во март 1943 година, при основањето на Комунистичката партија на Македонија е избран во Централниот комитет.
Во април 1943 година е уапсен од бугарската полиција во Битола и до ноември истата година е интерниран во Северна Бугарија (село Шијаково). Во 1944 година е избран за член и политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, делегат на АСНОМ и член на АВНОЈ.
Цветко Узуновски
Роден е во с. Царев двор, Преспа на 24.XII.1912 год. Во работничките раздвижувања се вклучува во 1934 год а од 1937 год станува и член на КПЈ.
Учесник е во Шпанската граѓанска војна од 1937-1939 год. а со падот на Шпанската република, паѓа и тој во концентрационен логор во Франција каде е до 1941 год.
- По ова веднаш штом доаѓа во Македонија од истата 1941 год. се вклучува во НОВ како еден од најважните и најголеми искусни воено-герилски раководители.
По првите командни должности и организирања на единиците на НОВ и ПОМ е и комесар на Главниот штаб на Македонија.
Одликуван е со многубројни ордени за заслуги на тогашната СФРЈ.
Вера Ацева
Поради лошата материјална состојба, Ацева е принудена да го прекине образованието по завршувањето на втор клас гимназија и да се вработи. Работела во тутунската индустрија.
На работничкото движење му пристапува на 16 години. Станува член на КПЈ на почетокот на 1940 година. Во септември истата година, на Покраинската конференција, е избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од септември 1940 до ноември 1941 година е секретар на Месниот комитет во Прилеп.
НОВ
Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.
Мирче Ацев (20 октомври 1915 – 4 јануари 1943) е македонски национален деец и Народен херој на Македонија.
Името го добил по стрико му Мирче Ацев - војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. Неговата сестра,
Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и прогласена е за Народен херој.
По завршувањето на основното четирикласно училиште во Ореовец, заминува да учи гимназија во Прилеп. Школувањето во Прилеп Мирче е принуден да го прекине поради тогашната политика на режимот на Петар Живковиќ за затворање на полните гимназии, каде што ги имаше, освен во Скопје, Битола и Штип. Мирче заминува во Битола.
Во учебната 1933 - 1934 година Мирче се запиша во петти клас во Битолската гимназија. Матурата ја заврши во летото 1937 година.
Се запишува на Правниот факултет во Белград. Уште во почетокот на студиите се вклучува во Организацијата на напредните студенти. Преку оваа организација, раководена од КПЈ, напредните студенти ги зедоа во свои раце разните стручни здруженија, одбори и студентската менза. Се спријателува со Кузман Јосифовски - Питу, а од тие денови датира и неговото другарување со Страшо Пинџур.
Стана член на Комунистичката партија на Југославија во 1939 година. Задолжен и за организација и раководење на студентската колонија во Охрид. Во летото 1939 година во градот ги формира првата партиска организација и првиот местен комитет на КПЈ. Раководител на колонијата во Охрид беше и во наредната 1940 година.
Во почетокот на 1940 година беше испратен на илегална работа во Скопје и се до 6 април 1941 престојува во градот. Тука ја организира партиската техника на Покраинскиот комитет и заедно со Страшо Пинџур го подготвува печатењето на партискиот орган, на весникот „Искра“.
Уште во самиот почеток на бугарската окупација се вклучува во ослободителното движење. Неколку дена по нападот на фашистичка Германија, тој и Страшо заминуваат за Кавадарци, а потоа Мирче преминува во Прилеп. По кратко време повторно се враќа на работа во Покраинскиот комитет во Скопје. Како партиски инструктор на Покраинскиот комитет ги обиколува партиските организации во повеќе градови на Македонија.
Од крајот на 1941 година до пролетта 1942 Мирче беше во Битола. Иако во длабока илегалност, работеше со организациите во Ресен и во Охрид.
Страшо Пинџур, народен херој
"Пинџуров, освен што го кажа името, не сакаше ништо друго да каже. И, затоа почнавме да го тепаме. Го тепавме јас, Тењу Рајков, Илија Недков, Анто Антов, Тодор Маринов и Ангел Трпев.
Впечатокот по неговото фаќање во полицијата беше силен. Штом го дознавме неговото име, јас отидов кај началникот на безбедноста Цанков и му соопштив дека Пинџуров не кажува ништо. Кога го чу тоа, Цанков ми рече: 'Та нели си ја знаеш работата!'".
Го тепавме со гумена палка по табаните и по целото тело. Секаде каде што ќе стигневме. Тепан беше два дена без престан. Во многу тешка положба беше одведен во неговата ќелија.
Наредниот ден, попладне, го испратив Тодор Маринов да дојде на испитување. Испратениот агент веднаш се врати и ми рече дека Пинџуров умрел во ќелијата. Потрчав кон неговата ќелија за да го видам: го најдов легнат и околу него на подот имаше траги од пена од устата...
Потоа областниот полициски началник Стефан Симеонов нареди да се пренесе трупот во визбата долу. По некое време во визбата дојде и Симеонов и откога го виде умрениот Пинџур нареди: 'Уште вечерва да биде закопан некаде'! Знам и за тоа дека ноќта Тодор Пашев, заедно со агентот Анто Георгиев го изнесоа мртвото тело на Пинџур со мотоцикл. Дали го закопале некаде, или пак, го фрлиле трупот на Пинџур во Вардар, навистина не знам".
Така звучеше исказот на началникот на групата 4 при обласната полициска управа на Скопје, Љубомир Јорданов, по повод измачувањето и трагичната смрт на народниот херој Страшо Пинџур, кому се уште не му се знае гробот. Страшо беше еден од најактивните македонски студенти на Белградскиот универзитет, член на Акциониот одбор на Универзитетот - централно раководство на Организацијата "Народен студент".
Во предизборната активност во 1938 години, Страшо помина низ повеќе градови во Македонија како агитатор на опозицијата. Со повеќестраната дејност тој прерасна во народен трибун, што го раздвижи духот на своите сотатковци - Македонци.
Боро Менков (1919 - 1941), учесник во Народноослободителната борба и народен херој на Југославија.
Роден е на 6 Мај 1919. во Куманово, во сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште немаше материјални услови за понатамошно школување. Станува ученик фризер, го изучува занаетот и работи како фризерски работник. Тој беше еден од организаторите на Унијата УРСО-вите синдикати во Куманово и станува секретар на синдикалните подружници на фризерските работници и член на меѓуструковиот одбор на УРС во градот.
Во 1936 година, раководи со штрајкот на фризерските работници штрајкот успева, но Боро некое време не може да се вработи. Тргнува во потрага по работа во Белград, но успева да добие работа во Крагуевац. Таму работи од 1936 до 1938 година и активно учествува во револуционерното движење на градот. Во 1940 година станува член на Комунистичката партија на Југославија. Истата година се враќа во Македонија во Скопје и отвора Фризерски дуќан. Во Скопје се приклучува на синдикално движење и учествува во штрајкови. Полицијата повеќе пати прави претреси во дуќанот и го води на сослушување и во затвор.
Кога последен пат е ослободен од затвор оди во Куманово и таму отвора нов фризерски дуќан. Неговиот дуќан станува збиралиште за левичарски ориентирани луѓе во градот, заради тоа е под полициска контрола.
По избувнувањето на априлската војна 1941 година Боро организира собирање на оружје и подготовки за востание. Додека трае борбата на Комунистичката партија се прават подготовки за отстранување на пробугарски ориентираниот секретар на комунистичката партија на Македонија Методија Шаторов-Шарло, во Борината куќа некое време живее Лазар Колишевски, кој подоцна ќе стане нов државен секретар на ПК на КПЈ.
По почетокот на вооруженото востание во 11 Октомври 1941. година, тој стана командант на Карадчкиот партизански одред. Со својата единица тргнува на Карадак таму да делува. Во три дневни борби против бугарските окупатори загинува на 14 Октомври кај селото Белановце.
Со уредба на Президиумот на Народното Собрание на ФНРЈ, на 20 Декември 1951 година, е прогласен за народен херој.
Ти знаеш дека мирно лежеле.
Кој те лаже да ти јаде пиперката.
За овие нема потреба да ти правам ќеф...не ги знаеш и
Благодарност на Партизаните за тоа што ние денес живееме во слободна Македонија, чест на сите храбро загинати борци.
Слава им !