Бугарските ѕверства врз Македонскиот отпор

Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
другарче ај прочитај која е единицата што дејстувала тука мајкому 34 илјади броела и од прв до последен сите се од македонија .... 1. Крсто златаров(ќе да беше) од Охрид 2.Потполковникот Борис Дрангов(опеан во гордеј се мајко македонијо) роден во скопје и живеел во скопје...закопан е у скопје исто така.тоа побитните момци ... и да ете кажа 100тина луѓе се убиени значи кметовите србоманските кметови и србоманските војводи (у стилот на јован бабунски на пример..) значи како да не ги убиеш нив !?!? за краља и отаџбину се бореле -.- ... ти мене објасними како тоа доброволно 34 000 луѓе се бореле за "окупаторската" бугарија ? наспроти 4-5 000 србомани и присилени од србите којшто всушност и биле окупаторите на вардарска македонија тогаш
Бабунски не делувал во Порече. По што заклучи дека сите биле србомани и зошто ги оправдуваш (така барем гледам од она што го пишуваш) колежите на бугарите...под изговор дека не спасувале од србоманите? Нас не спасувале од србоманите, а од друга страна инсталирале бугарољупци во Македонија...зарем ова ти е логично? Самите бугари ова го пишале
След като Вардарска Македонија попада в С'рбија в 1913 година поречани са опора на новата власт, стремјашта се да уништожи б'лгарштината в областта. След разгрома на С'рбија и окупирането на областта от Б'лгарија в 1915 година, е организирана наказателна експедиција в рајона
Оти пружале отпор кон новата окупациона бугарска власт, поречани биле подложени на затвор и убиства.

Не ми е јасно само за што воопшто спориш...дека бугарските не ослободиле од српските окупатори...или...?
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Божем целиот македонски народ се кренал на борба, а одредите биле мали. Што е вистина? Ако се кренал целиот македонски народ, зошто единици не се големи?
Штипјанец, против твоите бугарски фашистички окупатори се крена целиот антифашистички народ против газолисците на твојот сакан фирер хитлер, неговиот брат цар борис, мрсолини и неговите фашистички албански балистички хорди.

Како? изгледа на тебе, како и кај многу други врховистички гниди ти е всадувано во главучата материјал за помтење само за извитоперената фалсификувана БАН историја со која ве учеле од бугарските книги само историските настани после превратот на бугарија по 9-ти септември откако поминавте на страната на сојузниците.

Покрај активните партизани делувале и тајните антифашистички организации по градовите и селата низ цела Македонија со логистика, информации, облека, храна и друго, тоа се подразбира дека целиот македонски народ се кренал во борба против фашистичкиот окупатор.

Воените единици успешно им се спротиставиле на надмоќните непријателски сили во едномесечниот Февруарски поход во должина од околу 400 км, во најнеповолни временски услови, и во Пролетната офанзива. Народноослободителната Војска на Македонија веќе добила масовен општонароден карактер.


Bundesarchiv_N_160 ...

Штипјанец земи овој закачи си го над главата.

.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Бугарската окупација на Вардарска Македонија започнала во втората половина на април 1941 година, а преземањето на новите административно-полициски органи се одвивала бргу. По доаѓањето на бугарските воени сили и полициски органи во Македонија, уследило и назначување на највисоки функционери во организираните обласни дирекции, кои претставувале нависока извршна власт на државниот ситем на Царството Бугарија.
Бугарската влада за да си создаде потпора во оној дел од Македонија кој се наоѓал под нејзина власт, дозволила да се формираат фашистичките и националистичките организации.
Почетокот на народно-ослободителна борба во Македонија е во првите денови на окупацијата. Македонскиот народ почнал организиран отпор и подготовки за оружена борба, предводена од македонските комунисти и патриоти, главно членови на КПЈ и СКОЈ. Тие на македонски јазик ги издаваа весниците Дедо Иван, Народен билтен и други, а во Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Велес и во други места избувнаа ученички штрајкови.
По одлука на Покраинскиот воен штаб на ПК на КПЈ за Македонија беше формиран Прилепскиот НОПО Гоце Делчев, кој изврши напад на окупаторските сили во Прилеп, а наредниот ден беа формирани и двата кумановски одреда Козјачкиот и Карадачкиот НОП одред.
Во почетокот на септември 1941 година бил формиран нов Покраински комитет на КПЈ за Македонија во состав: Бане Андреев, Лазар Колишевски, Борка Талески, Мара Нацева и Благој Јанков-Мучето, а нешто подоцна член на ПК станала и Вера Ацева. На 24 септември 1941 година новиот ПК донел одлука за оперативно дејствување. На 26 септември 1941 година бил формиран Покраински воен штаб за Македонија, чии членови биле: Лазар Колишевски, Цветко Узуновски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Михаило Апостолски. Македонскиот Воен штаб ги продолжил подготовките за оружената борба и за формирање партизански одреди. Воената организација била соодветна на партиската.
Во текот на подготовките за создавање на партизански одреди, разни диверзански и илегални групи имале повеќе судири со окупаторкста војска и жандармерија: диверзанска акција на рудникот Радуша за земање на експлозив, август 1941 година, судир кај тунелот Богомила, септември 1941 година и др.

Прилепскиот партизнски одред бил формиран во средината на септември 1941 година на Селечка Планина, Кумановскиот одред бил формиран на 12 октомври 1941 година на чело со Боро Менков, а Скопскиот одред кон крајот на август 1941 година. Овие партизански одреди биле бројно мали, меѓутоа тие преставувале почетокот на една нова етапа на националноослободителната борба. На 11 октомври 1941 година, Прилепскиот партизански одред извршил напад врз полицискиот участок во Прилеп, на прилепскиот затвор и на телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп.
Прилепскиот и Скопскиот одред ги продлжиле своите акции, но Кумановскиот одред по неколку судири бил разбиен од бугарската полиција и војска. Покрај овие три одреди имало обиди за формирање и на други одреди во вардасркиот дел од Мaкедонија, но таквите обиди во 1941 година биле неуспешни.

Кумановскиот (Карадачкиот одред) на 13 октомври 1941 година бил откриен во близината на воденица кај селото Белановце. Следното утро по престрелката со бугарските сили, дел од партизаните биле убиени, а дел уапсени, што довело до крајот на одредот.
Е баш де, това зборувам и jaс - увезени.
Бане Андреев -член на СКОЈ, член на КПJ
Лазар Колишевски - член на СКОJ, изпратен во днешна РМ от ЦК на КПJ.
Цветко Узунов - член на КПJ, одел да се бие за македонците во Шпаниja?
Вера Ацева - член на КПJ
Мирче Ацев - отишол да штудира во Белград - зачленил се во КПJ
Страшо Пинџур - член исто на КПJ
Михаjло Апостолски - маjор от Jгославската армиja
Боро Менков - член на КПJ
Сите били членови на КПJ преди бугарите да навлезнат па били вратени во днешна РМ за да прават бунтови. Мирно си лежеха и не зборуваха за клетите македонци,докато беха во кралство Jгославиja.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
А што има разлика меѓу КПМ и КПЈ? Или твојот фашистички цар требало да каже кој треба да биде,

Што мрсиш муда кога си калпав. КПМ делегира свои претставници од Македонија во КПЈ.

Kралска Југославија не беше во Македонија, Македонија беше во кралството СХС Србија-Хрватска-Словенија.

Ај погоди што е темата. Само гледате како да се извлечете од главното, и на крај кој си ти да поставуваш прашања, јас ќе ти поставувам прашања за бугарскиот фашистички окупатор за окупацијата во втората светска војна, ти ќе одговараш.

1. Зошто влеговте во тројниот пакт на оската Рим-Берлин-Токио.

2. Зошто ја окупиравте Македонија 1941-1944

Како крлежи сте не може човек да се откачи од вас.

Не е темата СХС и твојот крал Фердинанд.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Е баш де, това зборувам и jaс - увезени.
Бане Андреев -член на СКОЈ, член на КПJ
Лазар Колишевски - член на СКОJ, изпратен во днешна РМ от ЦК на КПJ.
Цветко Узунов - член на КПJ, одел да се бие за македонците во Шпаниja?
Вера Ацева - член на КПJ
Мирче Ацев - отишол да штудира во Белград - зачленил се во КПJ
Страшо Пинџур - член исто на КПJ
Михаjло Апостолски - маjор от Jгославската армиja
Боро Менков - член на КПJ
Сите били членови на КПJ преди бугарите да навлезнат па били вратени во днешна РМ за да прават бунтови. Мирно си лежеха и не зборуваха за клетите македонци,докато беха во кралство Jгославиja.
Бане Андреев станува член на СКОЈ во 1922 година, а на КПЈ во 1923 година. Во 1924 година станува член на Месниот комитет на КПЈ за Велес и на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Учествува како делегат на Покраинската конференција на СКОЈ за Македонија, а во 1926 година е избран за член на ЦК на СКОЈ. Во август 1926 година е уапсен, но во април 1927 година, по осум-месечен притвор, е ослободен.

Студира на Белградскиот универзитет. Поради активностите во СКОЈ е следен од полицијата и во јануари 1929 година, во големата провала на комунистите во Белград, е уапсен и осуден на 15 години според Законот за заштита на државата. Ја издржува казната во Лепоглава и Сремска Митровица, откаде бега на 22 август 1941 година, заедно со поголема група комунисти.

Во 1939 година Кочо Рацин нему му ја посветува песната „Татунчо“ од стихозбирката „Бели мугри“, преку посветата пред песната „На Бана“.

НОБ

Од септември 1941 до март 1942 е политички секретар на ПК на КПЈ за Македонија. Во март 1943 година, при основањето на Комунистичката партија на Македонија е избран во Централниот комитет. Во април 1943 година е уапсен од бугарската полиција во Битола и до ноември истата година е интерниран во Северна Бугарија (село Шијаково). Во 1944 година е избран за член и политички комесар на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, делегат на АСНОМ и член на АВНОЈ.


Цветко Узуновски
Роден е во с. Царев двор, Преспа на 24.XII.1912 год. Во работничките раздвижувања се вклучува во 1934 год а од 1937 год станува и член на КПЈ.
Учесник е во Шпанската граѓанска војна од 1937-1939 год. а со падот на Шпанската република, паѓа и тој во концентрационен логор во Франција каде е до 1941 год.

- По ова веднаш штом доаѓа во Македонија од истата 1941 год. се вклучува во НОВ како еден од најважните и најголеми искусни воено-герилски раководители.
По првите командни должности и организирања на единиците на НОВ и ПОМ е и комесар на Главниот штаб на Македонија.

Одликуван е со многубројни ордени за заслуги на тогашната СФРЈ.

Вера Ацева
Поради лошата материјална состојба, Ацева е принудена да го прекине образованието по завршувањето на втор клас гимназија и да се вработи. Работела во тутунската индустрија.

На работничкото движење му пристапува на 16 години. Станува член на КПЈ на почетокот на 1940 година. Во септември истата година, на Покраинската конференција, е избрана за член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Од септември 1940 до ноември 1941 година е секретар на Месниот комитет во Прилеп.

НОВ

Ацева била еден од организаторите на првите прилепски партизански одреди. На почетокот од 1942 година работи во ПК КПЈ во Скопје, а потоа е партиски инструктор во Струмица, Битола и Штип. Во август 1943 година станува комесар на Шарскиот партизански одред, а кога на 11 ноември 1943 година е формирана Првата македонско-косовска бригада, Ацева е избрана за заменик-политички комесар. На таа функција е до јануари 1944 година кога станува политички секретар на Третиот и на Четвртиот областен комитет на КПМ. Во август 1944 година учествува на Првото заседание на АСНОМ, на кое е избрана во неговиот Президиум.


Мирче Ацев (20 октомври 1915 – 4 јануари 1943) е македонски национален деец и Народен херој на Македонија.

Името го добил по стрико му Мирче Ацев - војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. Неговата сестра, Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и прогласена е за Народен херој.

По завршувањето на основното четирикласно училиште во Ореовец, заминува да учи гимназија во Прилеп. Школувањето во Прилеп Мирче е принуден да го прекине поради тогашната политика на режимот на Петар Живковиќ за затворање на полните гимназии, каде што ги имаше, освен во Скопје, Битола и Штип. Мирче заминува во Битола.

Во учебната 1933 - 1934 година Мирче се запиша во петти клас во Битолската гимназија. Матурата ја заврши во летото 1937 година.

Се запишува на Правниот факултет во Белград. Уште во почетокот на студиите се вклучува во Организацијата на напредните студенти. Преку оваа организација, раководена од КПЈ, напредните студенти ги зедоа во свои раце разните стручни здруженија, одбори и студентската менза. Се спријателува со Кузман Јосифовски - Питу, а од тие денови датира и неговото другарување со Страшо Пинџур.

Стана член на Комунистичката партија на Југославија во 1939 година. Задолжен и за организација и раководење на студентската колонија во Охрид. Во летото 1939 година во градот ги формира првата партиска организација и првиот местен комитет на КПЈ. Раководител на колонијата во Охрид беше и во наредната 1940 година.

Во почетокот на 1940 година беше испратен на илегална работа во Скопје и се до 6 април 1941 престојува во градот. Тука ја организира партиската техника на Покраинскиот комитет и заедно со Страшо Пинџур го подготвува печатењето на партискиот орган, на весникот „Искра“.

Уште во самиот почеток на бугарската окупација се вклучува во ослободителното движење. Неколку дена по нападот на фашистичка Германија, тој и Страшо заминуваат за Кавадарци, а потоа Мирче преминува во Прилеп. По кратко време повторно се враќа на работа во Покраинскиот комитет во Скопје. Како партиски инструктор на Покраинскиот комитет ги обиколува партиските организации во повеќе градови на Македонија.

Од крајот на 1941 година до пролетта 1942 Мирче беше во Битола. Иако во длабока илегалност, работеше со организациите во Ресен и во Охрид.

Страшо Пинџур, народен херој



"Пинџуров, освен што го кажа името, не сакаше ништо друго да каже. И, затоа почнавме да го тепаме. Го тепавме јас, Тењу Рајков, Илија Недков, Анто Антов, Тодор Маринов и Ангел Трпев.
Впечатокот по неговото фаќање во полицијата беше силен. Штом го дознавме неговото име, јас отидов кај началникот на безбедноста Цанков и му соопштив дека Пинџуров не кажува ништо. Кога го чу тоа, Цанков ми рече: 'Та нели си ја знаеш работата!'".

Го тепавме со гумена палка по табаните и по целото тело. Секаде каде што ќе стигневме. Тепан беше два дена без престан. Во многу тешка положба беше одведен во неговата ќелија.

Наредниот ден, попладне, го испратив Тодор Маринов да дојде на испитување. Испратениот агент веднаш се врати и ми рече дека Пинџуров умрел во ќелијата. Потрчав кон неговата ќелија за да го видам: го најдов легнат и околу него на подот имаше траги од пена од устата...

Потоа областниот полициски началник Стефан Симеонов нареди да се пренесе трупот во визбата долу. По некое време во визбата дојде и Симеонов и откога го виде умрениот Пинџур нареди: 'Уште вечерва да биде закопан некаде'! Знам и за тоа дека ноќта Тодор Пашев, заедно со агентот Анто Георгиев го изнесоа мртвото тело на Пинџур со мотоцикл. Дали го закопале некаде, или пак, го фрлиле трупот на Пинџур во Вардар, навистина не знам".

Така звучеше исказот на началникот на групата 4 при обласната полициска управа на Скопје, Љубомир Јорданов, по повод измачувањето и трагичната смрт на народниот херој Страшо Пинџур, кому се уште не му се знае гробот. Страшо беше еден од најактивните македонски студенти на Белградскиот универзитет, член на Акциониот одбор на Универзитетот - централно раководство на Организацијата "Народен студент".
Во предизборната активност во 1938 години, Страшо помина низ повеќе градови во Македонија како агитатор на опозицијата. Со повеќестраната дејност тој прерасна во народен трибун, што го раздвижи духот на своите сотатковци - Македонци.



Боро Менков (1919 - 1941), учесник во Народноослободителната борба и народен херој на Југославија.

Роден е на 6 Мај 1919. во Куманово, во сиромашно семејство. По завршувањето на основното училиште немаше материјални услови за понатамошно школување. Станува ученик фризер, го изучува занаетот и работи како фризерски работник. Тој беше еден од организаторите на Унијата УРСО-вите синдикати во Куманово и станува секретар на синдикалните подружници на фризерските работници и член на меѓуструковиот одбор на УРС во градот.

Во 1936 година, раководи со штрајкот на фризерските работници штрајкот успева, но Боро некое време не може да се вработи. Тргнува во потрага по работа во Белград, но успева да добие работа во Крагуевац. Таму работи од 1936 до 1938 година и активно учествува во револуционерното движење на градот. Во 1940 година станува член на Комунистичката партија на Југославија. Истата година се враќа во Македонија во Скопје и отвора Фризерски дуќан. Во Скопје се приклучува на синдикално движење и учествува во штрајкови. Полицијата повеќе пати прави претреси во дуќанот и го води на сослушување и во затвор.

Кога последен пат е ослободен од затвор оди во Куманово и таму отвора нов фризерски дуќан. Неговиот дуќан станува збиралиште за левичарски ориентирани луѓе во градот, заради тоа е под полициска контрола.

По избувнувањето на априлската војна 1941 година Боро организира собирање на оружје и подготовки за востание. Додека трае борбата на Комунистичката партија се прават подготовки за отстранување на пробугарски ориентираниот секретар на комунистичката партија на Македонија Методија Шаторов-Шарло, во Борината куќа некое време живее Лазар Колишевски, кој подоцна ќе стане нов државен секретар на ПК на КПЈ.

По почетокот на вооруженото востание во 11 Октомври 1941. година, тој стана командант на Карадчкиот партизански одред. Со својата единица тргнува на Карадак таму да делува. Во три дневни борби против бугарските окупатори загинува на 14 Октомври кај селото Белановце.

Со уредба на Президиумот на Народното Собрание на ФНРЈ, на 20 Декември 1951 година, е прогласен за народен херој.

Ти знаеш дека мирно лежеле.

Кој те лаже да ти јаде пиперката.



За овие нема потреба да ти правам ќеф...не ги знаеш и :notworthy:



Благодарност на Партизаните за тоа што ние денес живееме во слободна Македонија, чест на сите храбро загинати борци.

Слава им !
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
221
Поени од реакции
24
А бе овие Б’лгарите како да го имаат синдромот Минхаузен.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
-темата е БГ зверства врз Македонскиот отпор
и досега е убаво кажано,целиот македонски народ се дигна на
востание“41 против фашизмот,заедно со другите југословенски
и европски народи значи на праведната страна која и победи,
бидеиќи фашизмот сите го рачунава за зло на човештвото.Само
вие болгарите никако да признаете дека бевте фашисти,тука е
болката што ве мачи а бефте фашисти од корен на чело со царот.
Вие(читај бугарски фашисти) овдека во Македонија вршевте
зверства и убиства врз целото население неможејќи да се
справите со Македонскиот отпор и партизанското ослободително
движење,што го наведов до сега во темава.Вие (бугарски.фашисти)
ги гоневте овдека борците за слобода кој ги нарекувавте: бандити,
терористи,криминалци,одметници и шумкари кој храбро се бореа и
ви задаваа загуби на таа царска фашистичка армија па затоа кога
не може по магарето удри по самарот - ги тепавте и утепувавте
нивните стари родители или ги праќавте во “интернација“ во некој
далечни села во царството.Да ти набројам ли и вакви случаеви,
кога палевте цели села и живи и претепани селани врлафте во огин.
Да не зборам за судбината на фатени и заробени партизани.
-Кога ќе ги признаете овие нечовечки зверства-Вие (буг,фашисти )
-------------------------------------------------------------------------------------------
беше поставено прашање од Вас(буг.фаш.)- за “Христо Ботев“
читај во постовите,за тоа пишував не кријам за овој батаљон
Нашето ослободително движење ги примаше сите кој сакат да се
вклучат во борбата против окупаторите и фашистичкото движење.
Па покрај македонци во нашите единици во Македонија имаше и :
Словенци,Хрвати,Срби,Црногорци.Руси,Чеси,Албанци,Турци,
Евреи,Италијанци,Бугари и можда и некој други.Сите овие што
влегоа во нашите единици беа значи прогресивни луѓе што навреме
ја сватива целта на нашата борба-борба за слобода на народите.
Така се вормираа: Словенска чета од пребеганите Совенци и Хрвати
од италијанските гарнизони во западна Македонија,која храбро се
бореше и даде големи жртви во состав на првата Македонска бригада.
Од прогресивните Италијани се вормира четата “Гарибалди“
Од пребеганите Руси-германски затвореници се вормира “Руска чета.
Во првоит скопски одред од првиот ден беше Роберт Гајдиќ- чех по
националност,главен снабдувач со оружје и динамит,диверзант кој
запали и германски авион,сам правеше бомби,загина како борец.
На 18 декември 1943 година е формиран бугарскиот батаљон во село
Фуштани-именуван “Христо Ботев“.Од четата на Дичо Петров,и од
други заробени бугарски војници кој доброволно се вклучива во
нашите единици.Десетина од нив од кој и еден подовицер кој не
сакаа беа пуштени.Можам уште два часа да пишувам за оваа
единица,која беше во третата група батаљони со главниот штаб,
беше и во Жеглање при формирање на третата македонска бригада.
Војната ја заврши мислам во состав на првата Софиска бригада.
Прогресивниот поручник Дичо Петров-командир од караулата Конско
храбро се бореше и загина во војната како борец на праведната
страна.Имам и слика од него и од целата единица.Еве зборови со кој
може да се пофалите.еве човек кој го заслужил тоа иако е Бугарин.
За жал вие бугарите доцна сфативте која е праведната страна,за вас
фашизмот беше страна-никако да признаете - вртигазовци.
Секако доцна се освестивте и срамежливо учествувавте во
завршните операции повеќе во позадина како посматрачи чекајќи
друг да ја заврши работата.Грешка на Тито што ви го дозволи тоа.
-Да не останам должен и према Албанците.Тие ги имаше во повеќе
наши единици.Иако непријателот ги беше заврбувал и на негова
страна и беа и таму во голем број но тоа во друга тема.
-Од Албанците се вормира седма Македонска бригада која
учествуваше во борбите до последниот ден и даде многу жртви.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Jaс просто ти покажувам как тези луге седеха мирни докато кралска Jгославиja беше во Македониja и се зачленуваха во КПJ и СКОЈ, а после беха пратени от КПJ да интервенират.
Каде беха преди 1941 година тези истите? Бореха се за слободата на македонскиот народ?
Дали претходно СХС беше управувана од КПЈ?

Се гледа дека се обидуваш да ампутираш историски фактори и да подметнуваш лажна логика за да си ја оправдаш тезата.

До 1941 постоеше Апсолутна Монархија.

А ако те интересира борбата на Македонците до тој период, прочитај за борбите со српската жандармерија за време на СХС и колку илјади луѓе биле репресирани и ликвидирани поради постојаното спротивставување на асимилаторско-угнетувачката политика во Кралството. Овде темата е друга.

Претходно ти назначив, многу изрично, зошто за Македонците идеалите на Комунизмот беа прифатливи и зошто веруваа дека преку членувањето во комунистичките партии ќе успеат да изборат поддршка за автономија и рамноправност на Македонија и Македонците.


Ти можеш да се трескаш од земја колку сакаш ама создавањето на независната македонска држава е директен резултат и несоборлив доказ на борбата на македонскиот народ како на терен така и во комунистичката интернационала.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Што општо има врска кралството Југославија со оние борци комунисти што ги издвоил?

Темата е: бугарските ѕверства врз македонскиот отпор.
Затоа го напомнав тој твој Фердинанд.

1- зашто влезнохме во оската ме прашаш? - заштото беше даден ултиматум на царство Бугариja да реши - дали е со Герамниja или не.На границата со Романиja чекаше 500 000 елитна германска воjска, коja требаше да премине до Грциja.
И му се натртивте на бај Xитлер. Hие НЕ.

На Југославија не беше даден ултиматум, а? Зошто Цветкович и Мачек потпишаа предавство на ЈУ и разоружување на тогашната војска. од ултиматумот.
По демонстрациите во кралска Југославија од 27 март 1941 год. против неговата коалиција, Хитлер истиот ден носи “Директива бр. 25“ која е испланиран напад на Југославија.

За операцијата против Југославија (”Потфат бр. 25“) и Грција (“Марита“), германската Врховна команда на копнената војска со наредба од 30.III.1941 год. ги одредува 12-та и 2-ра армија. Бидејќи 2-та армија е со главни операциски правци во западна, северна и централна Југославија, за нас како Македонија и Македонци, посебно е интересна 12-та армија.
Да те прашам jaс тебе, дали Бугариja провозгласуваше неотралитет до този момент?
Како "неутралитет" какви бакрачи, ццц...

2-Дел от днешна РМ беше дадена на царство Бугариja да ja администрира до изхода на воjната, а после ке требаше да се реши краjната судбина.
На читај и мозгај

14 јули 1939 год., во Берлин бугарскиот цар Борис III посетувајќи го Хитлер бара и негова интервенција до југословенската влада за отстапки на нејзини области околу Цариброд (денешен Димитровград) а за сметка на Бугарија.

Февруари 1940 год. пак цар Борис III бара од Хитлер нешто слично но сега кон Романија од која Бугарите ја сакаат Јужна Добруџ

Јуни 1940 год., Бугарија (владата) пак бара од својот патрон а преку амбасадорот Драганов “мал чекор” т.е. - излез на Егејско море, враќање на Јужна Добруџа и корекции на југословенско - бугарската граница.

22 јули 1940 год., овие барања пак попрецизно но и подраширено ги соопштува екс Министерот за финансии на Бугарија Рисјаков со државниот потсекретар на Германија: враќање на Јужна Добруџа, излез на Егејско Море кај Дедеагач и корекции на југословенско - бугарската граница кај Димитровград, Босилеград и Струмица.

Ноември 1940 год., цар Борис III, Претседателот на бугарската влада Богдан Филов од една а Хилер и Рибентроп од друга – гермаска страна водат пак преговори сега и за Македонија како ново бугарско желание.

Нешто подоцна Хитлер и Рибентроп разговараат со Богдан Филов и Попов – Министерот за надворешни работи на Бугарија. Хитлер официјално не го покренува “македонското прашање”, ја чека Југославија дали ќе му се приклучи во Оската. Но на Бугарите им ветува дека по ова прашање “Германија најживо ќе ги поддржува барањата на својот бугарски соборец во светата војна“.

03.XII.1940 год., Бугарите се нервозни и нестрпливи, преку амбасадорот Драганов на Фирерот јасно му ставаат до знаење дека приклучувањето на Бугарија кон Тројниот сојуз е сигрна и готова работа но доколку се реши “малцинското прашање во Македонија“.

Цар Борис III, во Берлин е во посета на фашистичкиот сојузник Хитлер

04. I .1941 год., премиерот Филов уште појасно им става до знаење на Хитлер и Рибентроп дека Италијанско - Грчката војна го актуелизира прашањето за Македонија. Хитлер е внимателен, ништо не им одговара зашто седи на два стола - ја чека Југославија да му се придружи за што пак и ја ветува Егејска Македонија од Грција а на Бугарија само и клима потврдно.

01.III.1941 год., Бугарија веќе не може да чека и официјално и се приклучува на Оската а истиот ден кај Русе првите германски офицери го минаа Дунав. Нивна задача е да ја напрвата Бугарија плац-дарм за нападите против Југославија и Грција. Како мираз за бугарската мажачка со Германија, германците им носат германско оружје и заробени полски авиони.

26/27. III.1941 год., по масовните демонстрации во Југославија и превратот со кој на власт дојдоа прозападни власти, Хилер збеснува. Истото попладне на 27.III.1941 год. го прима бугарскиот амбасадор Драганов и во разговор од само 5 мин. му соопштува дека “македонското прашање ќе се реши со оглед новата ситуација во Југославија, во смисла на бугарските сфаќања и барања“.

Со ова дефинитивно Македонија повторно по неполни 23 години пак се подели и граба.

Рибентроп клучен преговарач со Бугарите за нивните барани прошерувања кон Македонија

18. IV.1941 год. бугарскиот амбасадор Драганов испраќа телеграма во Софија, во која возбудено соопштува дека: “Рибентроп, по наредба од Хитлер, ме задолжи да ја соопшти желбата на Фирерот со три дивизии да влеземе во српска Македонија, како окупаторски војски, и да ја превземеме администрацијата, за да се ослободат германските војски од таа грижа и да бидат употребени за дејство“.

21 и 22. IV.1941 год. во Виена главните претставници на Оската, Рибентроп (Германија) и Ќано (Италија) ја кројат новата геоплитичка карта на веќе капитулираната и освоена Југославија на рутински состанок. Но и тука најголемо време одзема пазарењето на Бугарите кои сакаат што поголем дел од Македонија (Вардарска и Егејска). Особено ги сакаат Охрид и Солун “националниот скапоцен камен на бугарската круна”.

23.IV.1941 год. ниту Италијанците ниту Бугарите не се задоволни од залаците кои им ги фрли Хитлер во својата дефинитивна согласност од овој датум. Ќе следуваат преписки и нови разговори.

Уште прашаниja?
Да ми отговориш каде беха истите тези преди 1941? Бореха се за слободата на македонскиот народ или си седеха мирно коj во армиjaта, коj во универзитетот во Белград или некаде другаде? Когато им беше наредено от КПJ стасаха во земите на днешна РМ да водат борба, преди това поим немаха да се борат за македонскиот си род.
Кога нешто прашаш прво прочитај го она што е постирано пред да прашаш; прочитај го моето мислење број 12, после лај.

И на крај ... што се ти интересираш за нашите партизани, борци македонци, не се секирај каде биле што работеле, гледај си го твојот цар каде бил и сегашниот Симеончо., каxван бугарско-врховистички.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Дали претходно СХС беше управувана од КПЈ?

Се гледа дека се обидуваш да ампутираш историски фактори и да подметнуваш лажна логика за да си ја оправдаш тезата.

До 1941 постоеше Апсолутна Монархија.

А ако те интересира борбата на Македонците до тој период, прочитај за борбите со српската жандармерија за време на СХС и колку илјади луѓе биле репресирани и ликвидирани поради постојаното спротивставување на асимилаторско-угнетувачката политика во Кралството. Овде темата е друга.

Претходно ти назначив, многу изрично, зошто за Македонците идеалите на Комунизмот беа прифатливи и зошто веруваа дека преку членувањето во комунистичките партии ќе успеат да изборат поддршка за автономија и рамноправност на Македонија и Македонците.


Ти можеш да се трескаш од земја колку сакаш ама создавањето на независната македонска држава е директен резултат и несоборлив доказ на борбата на македонскиот народ како на терен така и во комунистичката интернационала.
Сега темата е друга...
От КПJ беха избрани 58 депутати или ке отречеш? Това ja направи 3-та политичска сила,вака? След отмената на Видовданскиот устав от кралja тогава имаш полна(абсолутна) монархиja.1934 година имаш атентатот на ВМРО. Партизани да се борат за слобода на македонскиот род да имаше?Прашам,заштото излегува дека македонските партизани не се борили за слобода на македонскиот род, а се борили против бугарите по вашата логика. Излегува дека те не се борили против Jгославската окупациja на Македониjа ама се борили против бугарската. Треба да кажете последно каква борба имаше овде.
И едно генерално прашане на болдот - дали македонскиот народ се изцрпуваше со патизаните? Прашам те заштото според твоите погорни зборови излегува или дека целиот македонски народ е бил партизани или ти изцрпуваш македонски народ само со партизаните?!
Интересна работа-преди 1941 година дали постои борба за Македониja и коj ja води? Партизаните или ВМРО, може некоj трет?!
Уште молчите дали третманот бил различен...

Интересна слика да ви добавам и да прашам, дали борбата беше идеологическа или беше против бугарите?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Прашам,заштото излегува дека македонските партизани не се борили за слобода на македонскиот род, а се борили против бугарите по вашата логика. Излегува дека те не се борили против Jгославската окупациja на Македониjа ама се борили против бугарската. Треба да кажете последно каква борба имаше овде.
И едно генерално прашане на болдот - дали македонскиот народ се изцрпуваше со патизаните? Прашам те заштото според твоите погорни зборови излегува или дека целиот македонски народ е бил партизани или ти изцрпуваш македонски народ само со партизаните?!
Интересна работа-преди 1941 година дали постои борба за Македониja и коj ja води? Партизаните или ВМРО, може некоj трет?!
Уште молчите дали третманот бил различен...

Интересна слика да ви добавам и да прашам, дали борбата беше идеологическа или беше против бугарите?
Mи постави вкупно 8 прашања од кои 6 веќе ти се одговорени, а со 2 се обидуваш да сугерираш одговор, иако и тие дилеми за карактерот на бугарската окупација беа потполно разјаснети.

Изедначувањето на тезите за српската и бугарската окупација е како да бараш потврда за тоа кој бил поголем и полош окупатор.

Благодарение на анти-фашистичкиот блок во светот, Македонците добија потпора во својата борба на меѓународно ниво, како дел од општо-народната војна на народите од Европа и со тоа ја избори својата рамноправност.

Нешто, кое претходно немаше меѓународен стимуланс и борбата за ослободување на Македонците беше изолирана, игнорирана, задушувана иразгледувана само во интерес на трите окупаторски сили на наша територија - Србите, Бугарите и Грците.

Со помош на комунистичката интернационала и делувањето во нејзините внатрешни политички органи беше признаено правото на Македонците, како сојузници во општо-народната анти-фашистичка војна, да се здобијат со своја автономија во рамките на идната ЈУ федерација.

Не треба да се заборави, дека и тоа беше тешко и крваво изборено, со оглед на сите политички саботажи и елиминации кои се случуваа и после војната и кои имаа за цел да ја зауздаат и ограничат македонската автономија.
Сепак, основната цел беше постигната.

Претходно исто така прашав, дали некој ги има статутите и правилниците на Бугарскиот Акциони Комитети и нивната примарна цел?

Со тоа ќе се комплетира сликата за вашите намери во Македонија и злосторството со умисла кое беше планирано и вршено врз македонскиот народ.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
От КПJ беха избрани 58 депутати или ке отречеш? Това ja направи 3-та политичска сила,вака? След отмената на Видовданскиот устав от кралja тогава имаш полна(абсолутна) монархиja.1934 година имаш атентатот на ВМРО.
Ти си побркан со историјата и настаните и не знаеш што плескаш. Темата е БУГАРСКИТЕ ЅВЕРСТВА ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ ОТПОР.

Бугарија вечно има инспирација за окупација на Македонија да ја присвои, не расправаме за кралството СХС не расправаме за Турско отоманската окупација не расправаме за Австро унгарската монархија пезевенк.

Расправаме по темата за окупацијата на фашистичка Бугарија и ѕверствата правени врз македонците за време окупацијата.

Таа монархија која ви е стално во муцките како покритие за изговор за СРПСКА ОКУПАЦИЈА иако Македонија никогаш со србија не водела визички војничка војна ако се знае дека за окупација на држава треба војно заземање со војна, монархијата СХС како резултат на општиот сенароден револт, на 27 март во Белград се собори.
Набргу се случи 6 април 1941 кога заедничките германски и италијански сили ја нападнаа и за нецели 12 дена ја окупираа државата а со тоа и Македонија земајќи го фактот дека Македонија била во монархијата или кралството СХС.
Под покровителство БАН (Бугарската академија на науките) на бугарските школи е наредено да ја изучувате историјата после превратот во бугарската фашистичка држава 8-ми септември со поминувањето на бугарите на страната на антифашистичките сојузници.

Прашам,заштото излегува дека македонските партизани не се борили за слобода на македонскиот род, а се борили против бугарите по вашата логика.
цццц подобро не се пени за такви работи да не ти се смеат. Дете, македонските партизани се бореле за македонскиот народ и Македонија за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор и не е тоа ЛОГИКА туку СТВАРНОСТ бре.
ПРАШАЊЕ: СО КОЈ БЕВТЕ од ПОЧЕТОКОТ НА ВОЈНАТА до 8-ми СЕПТЕМВРИ 1944 година. зошто твоите фашисти правеле ѕверства над македонскиот народ.

Излегува дека те не се борили против Jгославската окупациja на Македониjа ама се борили против бугарската.
ццццц Е богами сешто:facepalm: секој може да земе тастатура и да се бавта со нешта кои не ги разбира, какви не карикатури може човек да сретне по овие интернет форуми.
Каква Југословенска окупација:tapp: дете недозреано.

На самиот ден на пристапувањето кон Тројниот пакт, меѓу првите градови во Југославија демонстрации почнаа во Скопје. Фактички државни институции, пред се образовните, по налог на властите требаше да ја манифестираат поддршката на пактот. Благодарение на подготовките и претходните укажувања на КПЈ, манифестациите се претворија во демонстрации против пактот. Затекнати од неочекуваниот пресврт на теренот, властите се обидоа средношколците да ги вратат назад. Веќе беше доцна.

Демонстрантите ги извикуваа паролите: „Да живее Комунистичката партија“, „Долу Тројниот пакт“, „Сакаме сојуз со ССР“, „Поарно гроб – отколку роб“...

За првпат на отворени демонстрации се слушна македонски говор. Рековме, се случи народ. Општонародниот и масовен револт во Македонија, во организацијата на КПЈ, мошне умешно најпрво го насочи против Пактот, а третиот ден, Пактот беше повод, македонскиот народ на целата територија на Македонија, преку протестите да укаже на сопствената неподнослива положба.

Протестираше против големосрпскиот окупаторски режим во Македонија. Бараше подобрување на својата положба. Според проценките на истражувачите, овие демонстрации претставуваат врв на борбеноста на македонскиот народ во тоа време, односно во периодот меѓу двете Светски војни во Македонија. На чист македонски јазик се држеа говори, се истакнуваа барања за уривање на постојниот режим, за добивање на рамноправен статус со другите народи, слобода и независност, основни човекови права...

Организацијата на КПЈ стекна драгоцено искуство и подготвено ги дочека настаните во времетраењето на Априлската војна, окупацијата и новото распарчување на македонската земја. Оттаму, мартовските демонстрации во 1941 година, претставуваа вовед за подготовките во почетокот на Народноослободителната војна на народот од Македонија, која успешно заврши со прогласувањето на Федерална Македонија, на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, како рамноправна членка на југословенската федерација.

Треба да кажете последно каква борба имаше овде.
ИМАШЕ антифашистичка борба за ослободување од Германско Бугарските, Италијанско Албанските балистичко фашистички окупатори на Македонија, да не правиме муабет за ова

11 март 1943 година...во градовите на Македонија, каде живееја Евреи, бугарската полиција, во раните утрински часови, целосно ги блокираа реоните и набрзина почнаа да ги собираат Евреите, од сите возрасти, во собирни центри. Потоа сите Евреи беа транспортирани и сместени во зградата на тутунскиот монопол во Скопје, кој беше претворен во привремен концентрационен логор. Набргу потоа со специјални возови, натоварени во теретни вагони, беа транспортирани во концентрациониот логор на смртта „Треблинка“ во Полска. По овој пат беа транспортирани скоро сите 7.314 Евреи жители во Македонија.Никој не преживеа.

Треба да кажете последно каква борба имаше овде.
И едно генерално прашане на болдот - дали македонскиот народ се изцрпуваше со патизаните? Прашам те заштото според твоите погорни зборови излегува или дека целиот македонски народ е бил партизани или ти изцрпуваш македонски народ само со партизаните?!
Треба прво ти и твоите како тебе да кажете: ЗОШТО СТЕ ГИ ПРАВЕЛЕ ЅВЕРСТВАТА НА НЕДОЛЖНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД ПО ЗАНДАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО ФАШИСТИЧКАТА БУГАРСКА ОКУПАЦИЈА.

Благодарни сме на Македонскиот народ што се исцрпуваше со пратизаните и тие што се исцрпуваа во тешките услови ва војната и што даде околу 30 илјади жртви во борбата за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор.

Вечна им слава и фала им за се направеното за сегашноста.

Точно, ЦЕЛИОТ народ беше ПАТИЗАНИ освен врховистите Ванчо Михајловистите и буржоаската македонска емиграција, и тоа како партизани како позадинска подршка со лекови, шиење на облека, доставување храна и лекови од страна на цивилното македонско население.

Стави дуплите очи со 5+ диоптрија да видиш кој бил окупатор::


Голема албанија и Голема бугарија по окупацијата 1941год.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
715
Благодарни сме на Македонскиот народ што се исцрпуваше со пратизаните и тие што се исцрпуваа во тешките услови ва војната и што даде околу 30 илјади жртви во борбата за ослободување од бугарскиот фашистички окупатор.
Вечна им слава и фала им за се направеното за сегашноста.
Жртвите се околу 1000, од каде ги измисли овие 30 000?
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
штипјанец'
Жртвите се околу 1000, од каде ги измисли овие 30 000?
sorenoat
Kakto si4ko va makedonskata deistvitelnost poslednite 60 godini i ova e izkriveno do groteska i preterano
Ako vi 4ete 4ovek glupostite ke ostane so vpe4atlenie deka vie ste bili nai repressirani i iztepani od sete po vreme na vtorata svetska voina.
Vistinata e deka od 1941 do 1944 godina vo Vardarsko ne e imalo nikakvi voeni deistvia , pochti nikakva soprotiva i si4ko e bilo mirno i spokoino.
Se zboruva bez nikakvi seriozni dokazi i dokumenti.
Aide stiga bla bla bla i daide dokumentirani dokazi za ,,ujasnite ,, bulgarski zversta vo vardarsko i kolko narod e bil iztrepan vo toa period.
Istoto i so masovata soprotiva protiv ,,okupatorite,, E imalo vsenarodno masovo vostanie i soprotiva ?E imalo sabotaji , deistvia za spaseuvane na evreite , masova partizanska voina ??


Набргу потоа со специјални возови, натоварени во теретни вагони, беа транспортирани во концентрациониот логор на смртта „Треблинка“ во Полска. По овој пат беа транспортирани скоро сите 7.314 Евреи жители во Македонија. Никој не преживеа.

Манијаци глупи бугарски крлежи.....само овие недолжни цивилни жртви жени деца и старци на кои им го одзедоа животот вашите фашистички родољуби се македонски граѓани.

Наредба од управата на окупациската зона Скопје,со кое се објавува окупацијата на Македонија од страна на Бугарија.


Хителеровата собратија во окупирано Скопје

Бугарски злосторства врз македонското население

(од лево на десно): Антон Козаров (1), Министерот за внатрешни работи Петар Габровски (2), Димитар Чкатров (3), Петар Думев (4), Димитар Ѓузелов (5)
Било мирно и спокојно :facepalm:
Да си јадеш мандалото дете.

Истовремено, со разгорувањето на Војната се создавала и се развивала и Македонската народноослободителна војска.
Нејзината бројна состојба во летото 1944 година изнесувала околу 6.000 борци и старешини, во времето на ослободувањето на Македонија бројната состојба се зголемила на 66.000, на 15 јануари 1945 година имало 83.814, а во време на капитулацијата на Германија, македонската војска броела 110.000 борци и старешини.
Во текот на четиригодишното војување против фашистичките окупатори, истовремено поднесувајќи ги сите последици на геноцидната политика, македонскиот народ го втемелил својот придонес во конечната победа над фашизмот на различни начини и со бројни жртви.

На почетокот во 1941 година ги упатувале во концентрациониот логор "Гонда вода" во Бугарија.
Таму биле депортирани околу 1.130 Македонци.
Во логорот "Св. Никола" ги депортирале жените.
Од 1.450 жени од Југославија, најголем број биле Македонки.
Целокупното безвластие и самоволие над македонскиот народ, согласно со фашистичката регулатива, го спроведувале и највисоките правни инстутиции, Касациониот суд во Софија и Воениот суд во Скопје.

Во Македонија бил формиран и Прек воен суд кој бил подвижен.
Воените судови во периодот од 1 јануари 1942 до 4 септември 1944 за различни престапи изрекле бројни пресуди:
Смртни 1590, извршени смртни пресуди 199, осудени на доживотен затвор 1.133, осудени на временски затвор 7.324.
Освен осудените, воените судови обвиниле 12.461 лице за кои се предвидувала смртна пресуда.

Според непотполните податоци на Македонската земска комисија за жртвите и страдалниците на воените злосторства на окупаторот, теророт и военото злосторство во Македонија ги имале следните последици:
убиени 5.476 души,

мачени и претепувани 8.280,
апсени и интернирани 50.414, [во таа бројка не се опфатени интернираните во месните рудници и претпријатија), вкупно 64.170 души.
Наведениве злосторства се направени врз цивилното население.

Во тие податоци не се внесени загинатите и ранетите борци над кои исто така се вршеле злосторства, па од тие причини податоците ги сметаме за непотполни.
Во извештајот на Државната комисија за утврдување на воените злосторства од страна на окупаторот и домашните издајници испратен до Владата на ФНРЈ во мај 1946 година само за бугарскиот окупатор се наведуваат 1.568 лица кои извршиле воени злосторства.
Од наведениве за 1.052 злосторници се истакнува дека се наоѓаат во Бугарија.
Од своја страна Македонската земска комисија доставила до Државната комисија на ФНРЈ одлуки за 635 домашни предавници, осудени како воени злосторници, а за кои, исто така, се претпоставува дека се во Бугарија.

Најтешки и неповратни биле човечките жртви кои македонскиот народ ги вградил во победата над фашизмот, но и оние жртви кои го преживеале мачењето и ранувањето па како трајни инвалиди станале живи споменици на најголемото безумије во историјата на човештвото.

Вкупниот број на загинатите од Македонија во текот на Втората светска војна изнесува 33.000 жртви, вклучувајќи ги тука и преку 7.000 македонски Евреи кои бугарскиот окупатор во 1943 година ги депортирал во концентрациониот логор во Треблинка, Полска.
http://www.youtube.com/watch?v=LQE1GMuOEz4

Мирно ли е во вашите глави после ова ?
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Да не се преповторуваме со информации на темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom