Дали мислите дека во денешно време постои вистинска љубов?

  • Креатор на темата Креатор на темата online-ever
  • Време на започнување Време на започнување
...Знаеме дека живееме во време со кое бараме начин како да преживееме,со секојдневни проблеми и слично.
Што мислите дали тоа влијае на нас (попладите).Односно дали мислите дека доколку најдеме личност со богаство со моќност ќе имаме најдено се?Односно љубов,среќа ...
Искрено јас мислам дека никогаш неможе да се процени љубовта со богаството со моќноста.Впрочем мислам тие што така постапиле се мажени/жените за луѓе кои имаат пари кои имаат моќност не се сакани.Зошто така мислам..
Па еве да речеме имаш пари,правиш што сакаш со кого сакаш и слично (а всушност патнерот што го имаш одберено не го сакаш) со него си само дека имаш моќност и пари ..Ама малце подлабоко кога ќе размислиш дека остатокот од животот го поминуваш без (вистинска љубов) без патнер кој го сакаш (тој/таа можеби те сакаа) ама во еден брак е важно двајцата да се сакаат а не еден.

Во денешно време повеќе изрази имам слушнато „Ќе барам некој/а што ќе има пари,галје ми е љубовта кај има во денешницава љубов„.Искрено јас сум против тоа ...ЏАБЕ ИМАШ ПАРИ АКО НЕ СИ САКАН/А ИЛИ ТИ НЕ САКАШ ЏАБЕ ТИ Е СЕ ...

Што мислите вие во врска со ова?
--- надополнето: Jul 21, 2011 5:11 PM ---
Доколку темава не за овде преместете ја
Money is everything :cool:

P.S I'm not being sarcastic :sneaky:
 
Што е тоа вистинска љубов ако може некој да ми објасни, придавката вистинска пред љубов никогаш не ми била јасна...
 
Што е тоа вистинска љубов ако може некој да ми објасни, придавката вистинска пред љубов никогаш не ми била јасна...

Јас ќе ти кажам.
Само напиши што е тоа љубов, обичната. Не вистинската.
 
Секако дека постои вистинска љубов,но колкав е тој процент на парови кои уживаат во неа е друго прашање и на истото тешко дека може да се одговори.

Според мене да чекаш вистинска љубов е исто како да чекаш Фудбалската Репрезентација на Македонија да стане Светски Шампион.

Ама секако,надежта последна умира(y)
 
Знам дека постои вистинска љубов, и секако тоа воопшто не може ни да се спореди со врска со некој заради некоја материјална интерес.
Вистинската љубов подразбира искрени безусловни чувства, топлина, несебичност, толеранција... Да сакаш некого не поради нешто што поседува туку поради самиот тој како личност, со сите негови добри и лоши особини. Тоа подразбира да си подготвен да го поддржиш тој некој во секој негов чекор без при тоа да бараш нешто за возврат.
Да се грижиш за тој некој повеќе од што се грижиш за себеси.
И 100% сум сигурна дека сеуште постои таква љубов во овој свет на изместени вредности. Можеби ретко се наоѓа, но сепак постои.
 
Не мислам, туку сум сигурна дека постои вистинска љубов, може е поретка но сепак постои. Таква љубов е мојата:love: Најубаво нешто што може да ти се случи е да го имаш покрај себе човекот што го сакаш а воедно и тој да те сака:)

Тоа е убаво све.. ама и кошта.. треба заедно да излезете,да прошетате негде..Да се облечете.. Вака така пак парите се тука.. Значи ако има пари може да има и вистинска љубов..

А без пари си никој и ништо од љубов не се живее..
 
Ако има вистинска љубов меѓу двајца, тие можат каде и да се заедно да уживаат. Нема врска шетањето и облеката на нив, доволно е и гушнати заедно да гледаат некое старо филмче на мало телевизорче :)
 
Ако вистинска значи искрена и толерантна, да. Голем е светот, па и шансите се големи. Simple math problem, where "x" meets "y", and they manage to turn almost every single "-" into "+". Лесна е љубовта, само ти требаат јаки calculator skills :)
 
Знам дека постои љубов со вистинска личност покрај себе.. таа ќе дојде порано или подоцна, но ако ние не сме заљубени и не веруваме во љубов зошто тогаш околу нас има многу заљубени души на кои љубовта им е возвратена и чуството е прекрасно.... Се во свое време народе, има љубов за сите! :)

Сум била повредена, ме повредиле.. но тоа не е причина да не сакам повторно и повторно некој да го освои моето срце. И неможам да кажам дека љубовта е срање, напротив треба да имаме големо срце, полно со надеж & без страв да сакаме и некој со неизмерна љубов да ни возврати.
 
Да но човек може само вистински еднаш да се заљуби и да сака...

Сите понатамошни љубовни врски се само како една утеха...
 
Да но човек може само вистински еднаш да се заљуби и да сака...

Сите понатамошни љубовни врски се само како една утеха...
Човек може да се заљуби само еднаш?
Why do you think so?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom