Македонија – Германија [17.01.2012, 18:15]

Статус
Затворена за нови мислења.
Сега кога ќе види Кире што пишуваме за него, нареднава има да ги направи ЛОМ :pos:
 
edno prasanje :

ako svedska ja tepa 4eska,,,nie ja tepame 4eska a svedska ja tepa germanija koj 4e odat ponatamu 4eska ili germanija????
Ние и Шведска одиме со по 3 бода :vozbud:тоа ни е најдобра варијанта

Бтв Игорче се загрева,за нов шок момент :vozbud:
 
КАЈ СЕ ПЕЕ НА ГЕРМАНЕЦ АУФИДЕРЗЕЈН НА СРЕД УТАКМИЦА БРЕ???
поразот пред очи ми помина во тие моменти.
кретени!! па ги мотивираш бре, за кого е таму публиката да не мотивира нас или швабите?? малумни кретени

Да тоа беше клучна работа! Ти се молам не го тупи за глупости. Публиката си беше на ниво.
 
Дајте бе напрајте петиција или дајте маил...да им го избомбардираме меилот на Сител....мораат да го стават Игорче да коментира кога играме ние....овака се е тапа.
 
Тоа е тоа...никако не смееме да паднеме психички сега.
Кире треба да се критикува, но критиката до остане конструктивна.
Мора да стегнеме заби и да ја победиме Чешка, иако мислам дека тоа ќе биде ѓаволски тешко.
Грешки како промашување зицери и пенали ни во сон не смееме да ги повториме. И одбраната мора да биде поконцентрирана на одбиени топки. Мислам дека заради последните 3 работи и го изгубивме натпреварот.
Како и да е...што и да се случи...ќе бидеме со ракометарите
 
Незнам дали некој го постираше ова.
497962775.jpg

Браво Диви !
 
edno prasanje :

ako svedska ja tepa 4eska,,,nie ja tepame 4eska a svedska ja tepa germanija koj 4e odat ponatamu 4eska ili germanija????

МКД - 3 БОДА
ШВЕД - 3 БОДА
ЧЕШКА - 0 БОДОВИ

Најдобра комбинација за нас!
 
Пошо Чешка губи еве од Шведска и че изгуби,дали е можно Шведска да му ја даде утакмицата на швабите?
 
Неможам никако да ги сфатам куртоните од ФБ што ги плукаат момциве...незнам што сакаа повеќе од денешнава игра? Нашиве буквално гинеа на терен, играа против велесила во ракомет, и против судии...патем, сакам да ги прашам тие што го пцујат Д.Манасков, каде биле тие на негови 19 години...на европско у ракомет можда? Ако сега не им дадат подршка на момциве, нека се засрамат тогаш кога ќе се радуваат на победа. Ако играат и против Чешка вака машки и пожртвувано, заслужуваат и на -50 да бидат дочекани како херои, затоа што ретко кога наша репрезентација настапува на завршница на турнир.
 
Јиха само да се фати против Чешка и ќе завршиме работа.Можам да кажам дека се послаби од Шведска,па и од Германија,иако изгубија во првата утакмица.
Да играат храбро како денеска и да не прават од готово вересија и ќе поминеме.
МОРА!
 
Ако ја поминеме групава,би сакал Полјаците да ги исплескаме како во 2009 :sneaky:

Бтв Чесиве почнаа да ги стигаат Швеганиве,напнато ке биде таму до крај само да не изгубат Шведска.Ај лов шведска :ROFLMAO:
 
Дајте бе напрајте петиција или дајте маил...да им го избомбардираме меилот на Сител....мораат да го стават Игорче да коментира кога играме ние....овака се е тапа.

Jaс им пишав пред два дена сеуште нема одговор, инаку Игорче во комбинација со Види Фотос да отворат натпревар/тема е добитниот коктел! :)
 
Други две работи, прво, искрено во селекторов немам доверба. За денеска горе-долу ајде, ама некни против Шведска, мислам оти цел товар го изнесоа играчите; друго, ако денеска бараме најголем промашај, тоа беше, според мене, срамното скандирање на публиката „Deutschland Aufwiedersehen“ и да биди уште посмешно, во ситуација кога Германија имаше гол предност. ЕХФ Мафија ќе го прифатам, мада не бевме баш оштетени од судиите, ама ова првово не.
Мислам дека многумина премногу се занесоа.
Се дури играчите не се меѓу нив, немам проблем. А мислам оти не се, особено после ова денеска.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom