Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
ништо тогаш, дека е толку мало , значи дека уште 2 недели може да му допуштам? да не го разгалам ептен, сега веке за 2 дена се научи дека ако квичи силно одма некој ке дојде да го земе...
Не е финтата некој да дојде и да го земе, лошо е тоа за старт. Кога ќе почне да квичи, смени тактика, место да го земеш накарај го....
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Фала ви на сите за советите, денес излегов од дома без да има цивкање и лаење... Викендот работев со Лулу, ја оставав на 5-10 минути сама. Се бунеше прво но само неколку минути. Денес додека излезам 15 мин ја спремав. На крај и дадов да јаде и ја отворив вратата за излегување, само се сврте да ме види и си продолжи да јаде. Се надевам дека не беше моментална реакција, утре пак ќе видиме што ќе се случи. :)

ништо тогаш, дека е толку мало , значи дека уште 2 недели може да му допуштам? да не го разгалам ептен, сега веке за 2 дена се научи дека ако квичи силно одма некој ке дојде да го земе...
Кога беше мала Лулу, креветчето и стоеше до мојот кревет и само да почне да цивка ја спуштав раката само да ја допрам и престануваше. Значи само секунда да те почуствува. После кога почна да се качува на кревет со мене си спие. Знам многу ќе кажат не треба така, но јас сакам да си ја гушкам пред да заспијам (иако таа бега и ми легнува кај нозе :) )
 
bube_rott

ловџија
Член од
16 јануари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
9
Здраво на сите!

Нов сум на форумов, и не ми замерувајте ако на следниов мој пост не му е местото овде.

И како што знаете сега е зима, но набрзо ке дојде и пролетта која ке ни донесе болви и крлежи. Моето прашање е како превентивно да го заштитам кучето од болви и крлежи? Дали ремчињата против болви помагаат? Исто така знам дека има и ампули што се капнуваат на крзното и го штителе кучето од болви, но не сум сигурен дали се штетни за кучето?

Однапред ви благодарам
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088

Искрено да ти кажам прво посоветувај се со ветеринар тој најубаво ќе ти каже, а за ампулите што се капнуваат на крзното од кучето не се штетни верувај така да тоа ќе ти биде од помош. :)
 
bube_rott

ловџија
Член од
16 јануари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
9
Фала за одговорот :D
Инаку личниот ветеринар за кучето ми предложи за ампулите но јас имав разбрано дека некои кучиња не ги поднесувале, па сакав да се уверам тука на форумов од ваши искуства.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Фала за одговорот :D
Инаку личниот ветеринар за кучето ми предложи за ампулите но јас имав разбрано дека некои кучиња не ги поднесувале, па сакав да се уверам тука на форумов од ваши искуства.
Ампула е подобро од ремчето. Ако ремчето се накваси со вода, многу е лошо да му седи на кучето. Така да, посигурно и поубаво со ампула.
 
bube_rott

ловџија
Член од
16 јануари 2012
Мислења
16
Поени од реакции
9
А со ампула и после ако го избањам кутрето? :)
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
А со ампула и после ако го избањам кутрето? :)
Одкога ќе се нанесе ампулата не треба да се бања и 24-48 часа да нема контакт со други кучиња. Ако немаш искуство иди не ветеринар нека му ја стават зашто ако дојде кучето во директен контакт може да биде многу штетно за него.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
me intersira dali postojat nekoja ruska sorta na sarplaninci,zasto slusnav deka imalo nekoja takva sorta i bile mnogu slicni na nasite sarplaninci
ako ima takvi sarplaninci sakam da gi vidam na slika i sto e razlikata megju tie i nasite sarplaninci :)
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
да прашам и во врска со глистите, ептен му се поду стомакот, цел се тресе и тешко кака, веќе втор ден му давам Вермох сируп сабајле и навечер (шишенчето е до пола) , да продолжам со Вермох или треба друго чаре?
 
L

Lu

Гостин
me intersira dali postojat nekoja ruska sorta na sarplaninci,zasto slusnav deka imalo nekoja takva sorta i bile mnogu slicni na nasite sarplaninci
ako ima takvi sarplaninci sakam da gi vidam na slika i sto e razlikata megju tie i nasite sarplaninci :)
Гледам цело време пишуваш на латиница, па ако не ти е тешко пробај да пишуваш на Кирилица ... барем во форумот Животни :)

Инаку не постои руска сорта на Шарпланинци, Шарпланинецот е Македонски ... еден и единствен.
Постои руска раса која е слична на Шарпланинецот и таa руска раса се вика Кавкаски овчар.
Кавкаскиот овчар е премногу сличен со Шарпланинецот ... човек што не се разбира во кучиња не би можел да ги разликува.
Повеќе информации за Кавкаскиот овчар имам напишано во Кучешката енциклопедија под број #4 :)
 
L

Lu

Гостин
него помагајте, незнам што да правам за спиење, нема шанси само во ќош каде што му е наместено, плаче, цвика! што да правам, да го оставам да го игнорирам?!?!?!?? иначе има 5 недели!
Ај ќе ви кажам една многу ефикасна финта :)

Ова сега што ќе го пишам е многу ефикасен метод за смирување на мали кученца, и овој метод се користи баш во вакви ситуации кога кученцето е прерано одделено од мајката.

Методот се вика „Часовик“.

Значи во кутијата или заградениот простор во кој што е наменет за спиење на кученцето, потребно е да ставите мал часовник, часовникот има функција да му создаде на кученцето звуци на чукање од срце ... па така кученцето кога ќе ја слуша сказалката од часовникот ќе си мисли дека тоа е чукање на срцето од мајкаму и автоматски кученцето ќе стане поспокојно бидејќи ќе си мисли дека мајкаму е во негова близина :)

Исто така може и во шишиња да наполниш врела вода и да ги ставиш околу кученцето за да му држат топло, и можеш да ставиш некоја плишана играчка.

Пробај ја вечер финтава со часовникот и пиши дали си задоволен од ефектот.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873

Kajgana Shop

На врв Bottom