Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Тоа со родовникот, до некаде ти држи вода, но сепак не мислам дека целиот проблем бил до тоа. Можеби кучето едноставно имало потреба од друг начин на пристап, друг начин на одвикнување од проблемот. Не сите кучиња можеш со ист начин да ги научиш се. Можеби имал потреба од повеќе време да му се посвети.. кој знај шо било, али не верувам во моментот дека постои проблем кај куче од психолошки аспект што не може да се среди, се додека кај кучето не постои некаков здравствен проблем (нешто во случајов како кај твоето, не знам дал си пробала со вет да се консултираш за тоа).
Се сложувам тотално се тебе. Јас само немав време да се консултирам со вет и да пробам друг начин - ми го украдоа кога беше околу 10 месеца стар :(
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Жал ми е, штета што овие раси се неизбежна цел на крадци... а онака информативно, пријави кражба?
 
L

Lu

Гостин
Секој ден му давам по 4 оброци, оброкот се состои од 50 мл. млака вода, една мала лажица млеко во прав, и 10тина зрна од кучешката храна, ова му го давам од кога го зедов, дали сега, на 2 месеци, да му ја зголемам исхраната, оти како да му е малце... ?
Што раса е кучето ?
Според големината на расата, ќе ти кажам колкава количина на храна да даваш.

Сабајле кога излегувам на работа, ја оставам Лулу сама. Малце се буни лае, цивка, но мислам дека по некое време се смирува (кога ќе види дека никој не и обрнува внимание и дека јас не се враќам). Прашањето ми дали е можно да завива, зошто „глупачата“ до мојот стан ми прави проблеми за кучето дека не ја оставала да спие.
Ич да не се секираш, цивкањето и лаењето е сосема нормална реакција на мало кученце кога ќе остане само дома.
Со тек на време како што ќе расте, самата ќе престане да квичи и лае ... едноставно ќе и стане нормална рутина да останува сама дома и нема повеќе да квичи и лае.

BTW случкава ме потсети на цртаниов :)


Е вака сега, ја да ве прашам нешто.
Вчера имав една доста непријатна и потресна случка за мене со кучево, абе ми требаше повеќе од саат време за да се смирам. Седев во кафичот каде што работам онака на кафе, со мојава, цело време си е пуштена внатре, сите ја знаат со сите се гали, ја малтретираат душата и ја вадат, она душа све трпи.
Седна кучево до мене, и си задрема. Доаѓа еден тип, што го познавам и што го знае кучево. Знае колку е мирна и поради тој момент премногу се опушта за да ја гњави.
Милион пати сум му кажала, алооо ова не е твоето куче, не можеш со нејзе така, не сака она така да игра... али на која глава да и збориш. Неколку пати и она му има заржано, као во стилот ама тргни се (што реално мене не ми се свиѓа, тоа е веќе краен стадиум на толеранција кај ротвајлер), али он, си продужуе да ја гњави и ја морам нејзе да ја карам зашо `рже. Вчера, кучево ви викам, задремано такво до мене, доаѓа овој, ни да да погали, ни да ја остави да го душне, клекнува пред нејзе и прв потег што го прави ја фаќа за уста и почнува со двете раце да и ја треси главата. Кучево кога срипа, кога почна да лае као лудо, никогаш таква не сум ја видела, што е најлошо во случајов (не сум сигурна дал сакаше да го касне), го поткачи со забите, дал во момент кога он ја тргна нагло раката или стварно не знам дал кучево сакаше да го касне или само да го избрка, али битно палецот му го раскрвави, го поткачи убаво.
Ја нормало, ја испокарав тука, и сега после ова, стварно не знам дал да треба да внимавам повеќе, па во краен случај со маска да ја шетам.
Секоја му чест како успеа ова куче да го испровоцира. Јас сум сигурно во неговиот лош пристап, верувам дека секое куче кога некој би му пристапил така би реагирало исто, али стварно не знам дали оваа нејзина постапка треба ад почне да ме загрижува, или се да се сведи само на лошиот пристап.
Anyone, со некое слично искуство?
Ич да не се секираш, Ротвајлерката си изреагирала правилно.

Каде можат да се најдат кревети/каучи за кучиња и колку чинат?
Има во скоро секој пет шоп.
Инаку во Фауна има навистина голем избор на такви лежалки / каучи за кучиња, па би ти препорачала да отидеш во Фауна и да си разгледаш.

конечноооооооооо по толку години си земав куче :D

Цезар
Конечно го зема (y)
Ви посакувам многу среќни и весели моменти во наредните 15_тина години...
И грижи се убаво за него, како што ти објаснив во приватната порака :)

Леле, не дај Боже тоа да се случи, па после да не гледате по телевизии со наслов, Ротвајлер повторно нападна човек... :) мислам, е баш ради вакви дебилчини, кучињата се обвинуваат за своите реакции... али шо да праиш....
Точно.
Е од вакви ситуации каде што кучето е испровоцирано се случуваат трагедии.
Но кучето не е воопшто криво, сосема е нормално испровоцираното куче да возврати на провокацијата.
Што мајка барал тој у сред спиење да ја провоцира и да ја фаќа за муцка ... па нормално дека кучето ќе се вознемири.
И после Ротвајлерите биле лоши и агресивни ... ма ајде глупости во боја ... тоа е нормална реакција на секое куче.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Точно.
Е од вакви ситуации каде што кучето е испровоцирано се случуваат трагедии.
Но кучето не е воопшто криво, сосема е нормално испровоцираното куче да возврати на провокацијата.
Што мајка барал тој у сред спиење да ја провоцира и да ја фаќа за муцка ... па нормално дека кучето ќе се вознемири.
И после Ротвајлерите биле лоши и агресивни ... ма ајде глупости во боја ... тоа е нормална реакција на секое куче.
Абе, мене тоа ми е комплетно јасно, ама ај објасни им на кретениве од неписмен народ - не можеш. Сега почнав и да си слушам муабети, као, ааа е не можеш повеќе да и веруваш, од сега само со маска, и бла бла... мислам... која ретардација е тоа али ај...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
конечноооооооооо по толку години си земав куче :D

Цезар

има 35 дена, сеа да прашам , ми рекоа на 45 дена вакцина , и деновиве да му давам Vermox, i А Д 3, нешто друго треба?
Преубава боја,само се надевам дека нема да го користиш за борби :)
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Преубава боја,само се надевам дека нема да го користиш за борби :)
какви црни борби :)

него помагајте, незнам што да правам за спиење, нема шанси само во ќош каде што му е наместено, плаче, цвика! што да правам, да го оставам да го игнорирам?!?!?!?? иначе има 5 недели!
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
какви црни борби :)

него помагајте, незнам што да правам за спиење, нема шанси само во ќош каде што му е наместено, плаче, цвика! што да правам, да го оставам да го игнорирам?!?!?!?? иначе има 5 недели!
Е, нема долго оставање само, ќе си се мазите, пазите:) Мора да му обезбедиш средина кај што ќе се осеќа сигурно. Тоа со квичењето ти е најнормална реакција, ќе си имаш проблем со тоа уште некое време, дур да свикне. Рачунај, си го тргнал од мама, од батовците и дадичките, си го стаил у средина за него не позната. Најнормална реакција на него е да биде исплашен. Ја нема мама да го води, и бативците за да си игра со нив. Така да, земи си ја сега функцијата на мама, и правилно води го малечкиот. Рачунај, не смееш да му дозволуваш се, зашо ни мајка му не му дозволувала, така да, определи си ти шо сакаш да праи а шо не. И запамти- биди добра мама за да имаш добар малечок;)
П.С. Зашо си го земал толку малечок?​
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
какви црни борби :)

него помагајте, незнам што да правам за спиење, нема шанси само во ќош каде што му е наместено, плаче, цвика! што да правам, да го оставам да го игнорирам?!?!?!?? иначе има 5 недели!
Кај што спие,стави му нешто како кукла,мече плишано да не се чуствува само.И јас мислам дека премало си го земал,си можел да почекаш уште малку,барем уште 2-3 недели :)
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
па и јас сакав покасно, али демек тој од каде што го зимав рекол сега само ако сакам ако не друг ке го земел ( бидејки преку врски го зимав, прво бирано е башка и најубаво беше од сите) па врти сучи морав :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Кај што спие,стави му нешто како кукла,мече плишано да не се чуствува само.И јас мислам дека премало си го земал,си можел да почекаш уште малку,барем уште 2-3 недели :)
И ја мислам дека е премногу малечко, минимумот (бар според мене е 2 месеци) за мајката да го научи барем на основна социјализација, како и почитување на авторитет. А мислам дека, колку подолго е со мајката подобро е за него од физички аспект. Многу се поздрави од мајчиното млеко, подобро се развиваат...
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
ништо тогаш, дека е толку мало , значи дека уште 2 недели може да му допуштам? да не го разгалам ептен, сега веке за 2 дена се научи дека ако квичи силно одма некој ке дојде да го земе...
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
И ја мислам дека е премногу малечко, минимумот (бар според мене е 2 месеци) за мајката да го научи барем на основна социјализација, како и почитување на авторитет. А мислам дека, колку подолго е со мајката подобро е за него од физички аспект. Многу се поздрави од мајчиното млеко, подобро се развиваат...
Добро,најбитно е да не цица,другото може да го научи тој,а и самото ќе привикне.Кажувам од искуство,бидејќи и јас имам исчувани потче од мало,знам какви се.
Пс,Ивана,имаш мали од твојата(женско беше чинам?).Ако не ти е тешко,и ако може прати на Приватна нешто сликичка,нфо за твојата,мерак ми е да ја видам таа лепотица :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
па и јас сакав покасно, али демек тој од каде што го зимав рекол сега само ако сакам ако не друг ке го земел ( бидејки преку врски го зимав, прво бирано е башка и најубаво беше од сите) па врти сучи морав :)
Глупава работа, мислам не од тебе, туку од кај батката од кај шо си го земал. Мислам, ако си има педигренце кутрето многу подобро е за него да си го билда педигрето со поубави и поздрави кутриња.... па башка и прво бирано... не знам ако му се брзало толку многу да се оттараси од кутрињата, зашо уопште дозволил да му се спари кучето... премногу не професионално од негова страна... али ја пак мислам дека не требало да брзаш, не е битно дал е прво бирано или не, според мене најбитно е да го земеш најмирното од леглото, а не најубавото...
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
добро е , еве наоѓаме некои компромиси, втор ден е, а се прилагодува..ќе биде! :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom