Е вака сега, ја да ве прашам нешто.
Вчера имав една доста непријатна и потресна случка за мене со кучево, абе ми требаше повеќе од саат време за да се смирам. Седев во кафичот каде што работам онака на кафе, со мојава, цело време си е пуштена внатре, сите ја знаат со сите се гали, ја малтретираат душата и ја вадат, она душа све трпи.
Седна кучево до мене, и си задрема. Доаѓа еден тип, што го познавам и што го знае кучево. Знае колку е мирна и поради тој момент премногу се опушта за да ја гњави.
Милион пати сум му кажала, алооо ова не е твоето куче, не можеш со нејзе така, не сака она така да игра... али на која глава да и збориш. Неколку пати и она му има заржано, као во стилот ама тргни се (што реално мене не ми се свиѓа, тоа е веќе краен стадиум на толеранција кај ротвајлер), али он, си продужуе да ја гњави и ја морам нејзе да ја карам зашо `рже. Вчера, кучево ви викам, задремано такво до мене, доаѓа овој, ни да да погали, ни да ја остави да го душне, клекнува пред нејзе и прв потег што го прави ја фаќа за уста и почнува со двете раце да и ја треси главата. Кучево кога срипа, кога почна да лае као лудо, никогаш таква не сум ја видела, што е најлошо во случајов (не сум сигурна дал сакаше да го касне), го поткачи со забите, дал во момент кога он ја тргна нагло раката или стварно не знам дал кучево сакаше да го касне или само да го избрка, али битно палецот му го раскрвави, го поткачи убаво.
Ја нормало, ја испокарав тука, и сега после ова, стварно не знам дал да треба да внимавам повеќе, па во краен случај со маска да ја шетам.
Секоја му чест како успеа ова куче да го испровоцира. Јас сум сигурно во неговиот лош пристап, верувам дека секое куче кога некој би му пристапил така би реагирало исто, али стварно не знам дали оваа нејзина постапка треба ад почне да ме загрижува, или се да се сведи само на лошиот пристап.
Anyone, со некое слично искуство?