- Член од
- 4 април 2006
- Мислења
- 9.179
- Поени од реакции
- 3.073
За 100 години би можеле да комуницираме преку мислите, ќе одиме на излети со вселенски летала, а можеме да очекуваме и бесмртни луѓе створени со генетески инженеринг.
На страниците на ВВС веќе ги прашале своите читатели и ги повикале да им пратат свои предвидувања за тоа како би изгледал светот за 100 години. Нивните предвидувања потоа ги анализирале футуролозите Иан Пирсон и Патрик Такер
Комуникација преку мисли - големи се шансите дека за 100 години ќе комуницираме на овој начин, а Пирсон вели дека емитирањето мисли до другиот мозок нема да биде многу потешко од самото потхранување на мислите на интернет.
Бесмртните и премногу интелегентните луѓе кои ќе ги направиме користејќи ДНК и роботски инженеринг - со користење на генетиката, биотехнологијата и вештачката интелегенција ќе ја прошириме човечката интелегенција и ќе овозможиме да се победи смртта.
Ќе го контролираме времето - футуролозите веруваат дека постојат добри шанси во иднината да го контролираме времето, научниците сигурно ќе работат на тоа, ако ништо друго ќе користиме методи за да ги избегнеме природните катастрофи и големите климатски промени.
Ќе бидеме поврзани со компјутери кои ќе ни го забрзаат мозокот - Пирсон е уверен дека такво нешто можеме да очекуваме веќе за 30 години.
Калифорнија ќе го започне распадот на САД - ова е едно од можните сценарија за иднината, бидејќи според Пирсон, веќе сега постојат индикации дека Калифорнија сака да се одвои - еден од проблемите кои би можеле да доведат до распад на САД е нееднакавата распределба на богатство, па така сите држави/делови на САД ќе се одвојат.
Вселенските елеватори ќе овозможат едноставно и ефтино одење во вселената - навистина можеме да очекуваме претставување на вселенски елеватори, но прашањето е колку навистина ќе бидат ефтини.
Пустините ќе станат тропски шуми - Пирсон вели дека има околу 70% шанси ова да се оствари.
Ќе постои само една светска влада - иако бројни теории на завери говорат за тоа дека крајната цел на светската елита е создавање на една светска влада која ќе го контролира целиот свет, Пирсон верува дека наместо една светска влада, во иднина ќе постојат повеќе држави отколку што има сега.
Ќе постојат само три јазици - англиски, шпански и мандарински (кинески) - малите јазици се повеќе исчезнуваат, додека се повеќе луѓе зборуваат на наведените три.
Ќе постои една светска валута - овде мислењата на футуролозите се разликуваат - Пирсон смета дека веќе до средината на овој век ќе постојат само неколку регионални валути, а најмногу ќе се користи електронската која ќе ја прифати целиот свет, додека Такер верува дека бројот на валути од година во година ќе се зголемува.
Па, што мислите вие, ќе се оствари нешто од ова?