За 100 години луѓето ќе бидат бесмртни?!

Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
За 100 години би можеле да комуницираме преку мислите, ќе одиме на излети со вселенски летала, а можеме да очекуваме и бесмртни луѓе створени со генетески инженеринг.


На страниците на ВВС веќе ги прашале своите читатели и ги повикале да им пратат свои предвидувања за тоа како би изгледал светот за 100 години. Нивните предвидувања потоа ги анализирале футуролозите Иан Пирсон и Патрик Такер

Комуникација преку мисли - големи се шансите дека за 100 години ќе комуницираме на овој начин, а Пирсон вели дека емитирањето мисли до другиот мозок нема да биде многу потешко од самото потхранување на мислите на интернет.

Бесмртните и премногу интелегентните луѓе кои ќе ги направиме користејќи ДНК и роботски инженеринг - со користење на генетиката, биотехнологијата и вештачката интелегенција ќе ја прошириме човечката интелегенција и ќе овозможиме да се победи смртта.

Ќе го контролираме времето - футуролозите веруваат дека постојат добри шанси во иднината да го контролираме времето, научниците сигурно ќе работат на тоа, ако ништо друго ќе користиме методи за да ги избегнеме природните катастрофи и големите климатски промени.

Ќе бидеме поврзани со компјутери кои ќе ни го забрзаат мозокот - Пирсон е уверен дека такво нешто можеме да очекуваме веќе за 30 години.

Калифорнија ќе го започне распадот на САД - ова е едно од можните сценарија за иднината, бидејќи според Пирсон, веќе сега постојат индикации дека Калифорнија сака да се одвои - еден од проблемите кои би можеле да доведат до распад на САД е нееднакавата распределба на богатство, па така сите држави/делови на САД ќе се одвојат.

Вселенските елеватори ќе овозможат едноставно и ефтино одење во вселената - навистина можеме да очекуваме претставување на вселенски елеватори, но прашањето е колку навистина ќе бидат ефтини.

Пустините ќе станат тропски шуми - Пирсон вели дека има околу 70% шанси ова да се оствари.

Ќе постои само една светска влада - иако бројни теории на завери говорат за тоа дека крајната цел на светската елита е создавање на една светска влада која ќе го контролира целиот свет, Пирсон верува дека наместо една светска влада, во иднина ќе постојат повеќе држави отколку што има сега.

Ќе постојат само три јазици - англиски, шпански и мандарински (кинески) - малите јазици се повеќе исчезнуваат, додека се повеќе луѓе зборуваат на наведените три.

Ќе постои една светска валута - овде мислењата на футуролозите се разликуваат - Пирсон смета дека веќе до средината на овој век ќе постојат само неколку регионални валути, а најмногу ќе се користи електронската која ќе ја прифати целиот свет, додека Такер верува дека бројот на валути од година во година ќе се зголемува.

Па, што мислите вие, ќе се оствари нешто од ова?
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
тешко да се оствари тоа,а ако збориме искрено,не ни сакам д асе случи тоа :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не верувам дека ова ќе се случи, а и да се случи за 100год сигурно нема да биде, 100 год е кратко време за тоа.

Во суштина, накратко кажано ќе станеме нечиви роботи... не ми се допаѓа идејата.
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Не , нема да се оствари.
Сепак , мора да има и негативци .. you know what I mean .
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ако обрнеме малку внимание на текстов ќе видиме дека дел од ова веќе се случува. Веќе сме поврзани со компјутери, социјалниот живот ни се сведе на Фб, форуми, Apple тач уреди, останува во иднина кога ќе влеземе дома преку гласовна команда да активираме светло или да го вклучиме телевизорот. Една светска влада веќе има, Билдерберг клубот заедно со Ротшилд. Комуникацијата полека но сигурно се сведува на овие три јазици.
Инаку дел од овие работи се утопија. Времето никогаш нема да го контролираме тоа не контролира нас и секогаш ќе биде чекор пред нас. Каков систем и каква валута ќе владее после оваа светска економска криза никој незнае. Пустината никогаш нема да биде ништо повеќе од пустина, најблиску до нејзина пренамена беше Гадафи со неговиот проект но тоа им сметаше на големите скриени играчи па затоа го ликвидираа.Не сакам да сум бесмртен, не сакам да сум Хајлендер.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.026
Иднината е сега.
Дел од работиве што се набројани се реалност.
За останатите...хех, прогнозирам дека ќе се случат за помалку од 50 години.

Погледнете наназад 10 години, што имаше тогаш, а што сега? Напредокот е неверојатно брз.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
па не ме чуди, како тргнала технологијава.. супер!
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
немој да ви текни да умрете овие сто години, треба да ја провериме оваа информација :d :D
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ништо од ова нема да се случи за 100 години пошо реално е многу мал период.
Вселенските лифтови се концепт одамна креиран, едино ова може да се оствари.

Јас очекувам само поголема дигитализација и паметни автомобили, станови и техника. Под тоа се подразбира сите уреди кои ги користиме во животот а се направено од човекот ќе добијат процесор и паметен ОС што ќе ги синхронзира меѓусебно и ќе помогне во нивната автоматизација.

Очекувам изумирање на доста професии кои сега веќе се загрозени од новата дигитализација, интерактивна телевизија, промени во школството со тоа што ќе се исфрли овој систем и треба да се вметне систем на доживотно учење само со различни нивоа.

Дигитализација на градовите, автоматизирани превозни средства во метрополите, автомобили кои можат да возат во автоматски мод, исфрлање на нафтените дервати од употреба, поголемо користење на сончевата енергија. Очекувам софтверски симулации на политички одлуки, полека губење на вредност на парите и освен поделба на луѓето на богати и сиромашни ќе има поделба и по интелигенција која ќе биде поценета од финансиската итн...

Со други зборови, допрва се очекува експанзија на дигиталната ера и паметните луѓе. До сега владееше силата.
 

Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Чекај сега, ќе зборуваме на еден од трите гореспоменати јазици или телепатски ќе комуницираме? :)
Дај одлучете се веќе еднаш!!!!! :гик:
 
Член од
15 јануари 2012
Мислења
69
Поени од реакции
8
Чекај сега, ќе зборуваме на еден од трите гореспоменати јазици или телепатски ќе комуницираме? :)
Дај одлучете се веќе еднаш!!!!! :гик:
hahahah:pos:
zivi bili pa videli....
--- надополнето: 16 јануари 2012 во 22:07 ---
за 100 години ќе бидеме истребени пошто сме глупииииииииииии.
ne e problem toa sto sme glupi, tuku sto sve zivo unistuvame, a znaes kako velat, Bog sekogas prosteva, covekot ponekogas, no prirodata nikogas..
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Кој знае што ќе биде за толку години? Би можело да се случи сешто: нова светска војна (нуклеарна), пандемии на „непознати“ вируси, економски и општествени кризи, глобално затоплување или заладување, кој како си сака итн. Сите можни прогнози се во оптек.
Бесмртноста е најголемиот сон на човекот. Не се остварува така лесно:coffee:, уште помалку би можеле да се прават прогнози за неа. И да, ако се дојде до неа целото човештво ќе се офајди, не само правнучето на Буш и внуката на Парис Хилтон. Цела Сомалија има да стане бесмртна:tapp:.
Светска влада, светска валута, два-три светски јазици и сето тоа за еден век - светот е толку поделен и разновиден што е тешко да се обедини на било кој начин. Како би исчезнал индискиот јазик? Арапскиот? Португалскиот (Португалија, Бразил и др. држави)?
Она со тропските шуми звучи премногу убаво. Уште некој да сака да го оствари....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom