Убо ти кажаа дечките погоре дека никој од нас а и од цела држава, не излегва со колата и константо вози 200 на сат. Прво условите не дозволуваат, патиштата се за кршење на камења во бубрези, а и немаме ферари/ламборџини по гаражи... Конкретно мојата кола поќе од 165 на гла да се наместам не оди
Meне лично еве ми смета на пример кога во Скопје на партизанска возат со по 150... Сепак е градско подрачје, настрана од градот во зависност од условите на патот можиш да се опуштиш.
Исправно е тоа што го велиш дека не е во ред да земиш кола и да ја нагазиш до даске... Ама оти на пример на места каде што има предиспозиции да се вози пример по 90, има ограничување од 60?
Јас лично возам со навигација која ме предупредва ако возам со 10 km/h повеќе од дозволеното, и сум наишол на многу места каде што е претерано ограничувањето.
Сеа човек сум, еднаш на 100 пати ми иди да се издувам и да нагазам малку повеќе, и ти не си имун на тоа 100% сум сигурен
.
Ставот ти е јасен, сакаш да се почитуваат правила и прописи и јас сум за... Али општо ние сме махери за обратното
Казни? Нека има, ама да има за сите