Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Јас останав без здив, убаво рече тој коментаторот овој натпревар не е за тие со слаби нерви, се изедов, што убаво почна разлика 3-4 гола бомбона, арно ама немаше да биде возбудливо до крајот, супер меч, двете страни изиграа добро, нашите со доста повеќе грешки, арно ама јас мислам дури малку и онаа трема може ги имаше фатено кога видоа колку народ наш има, како во Борис Трајковски да играа а не во Ниш, и тука може некад да прокоцка шут, целта да не ја разочараат публиката и целиот народ што ги бодри, арно ама на крај се добро заврши бод, бод кој ни го дава, ајде пуштам среќа за со Германија, ајде да им покажеме и овој пат која е и колкаво е срцето на Македониците!
Напред МАКЕДОНИЈА!
 
Добра игра со срце уште кога беше химната каква атмосфера имаше во салата и кај играчите се виде дека ќе го остават срцето на терен.
Секоја чест да се реализираа двете контри на Алушевски и Кире и тие пенали што ги промашивме што е реално да беа голови ќе ги тепавме сигурно.Германија ги тепаме сигурно не се ништо слабо играат.
 
Прво можам да кажам дека нашите изгинаа на терен и дека на крајот сепак резултатот е реален. Атмосферата во сала одлична. Влеговме одлично во мечот но не стигнаа и падови. Прво Кире вчера имаше голем притисок како за прв меч, имаше неколку избрзани шутеви и два промашени пенали, вклучувајќи го шутот и во последните секунди. Мојсо беше солиден но и добро чуван. Миркуловски внесе свежина посебно во второ полувреме имаше одлични пробиви и неколку изборени пеналени. Алушевски стандард одличен и едно големо браво за Стоилов дечкото се надмина вечерва, одлично изигра и дефинитивно според мене е најпотребен на таа позиција пред Димовски.
Тие што разочараа според мене се Бранче Ангеловски и Јоноски. Првиот многу лошо во напад, неколку пробивања, неколку блокирани удари се на се добар само за ротирање. Би сакал да го видам и Филип на местото на Бранче со Германија. Јоноски во прво го растури пикерот на Швеѓаните едноставно не се снаоѓаше во просторот. За Швеѓаните нема што да се каже искусна екипа, која има високи и силни играчи тоа го покажаа во одбрана и не случајно е влечена од втор шешир. Се на се одлично издание на нашите на Европско воопшто нема слаби противници ако ги бараме истите, ние би биле во тој шешир, така што секој бод е значаен. Одиме на победа во вторник!
 
Јас останав без здив, убаво рече тој коментаторот овој натпревар не е за тие со слаби нерви, се изедов, што убаво почна разлика 3-4 гола бомбона, арно ама немаше да биде возбудливо до крајот, супер меч, двете страни изиграа добро, нашите со доста повеќе грешки, арно ама јас мислам дури малку и онаа трема може ги имаше фатено кога видоа колку народ наш има, како во Борис Трајковски да играа а не во Ниш, и тука може некад да прокоцка шут, целта да не ја разочараат публиката и целиот народ што ги бодри, арно ама на крај се добро заврши бод, бод кој ни го дава, ајде пуштам среќа за со Германија, ајде да им покажеме и овој пат која е и колкаво е срцето на Македониците!
Напред МАКЕДОНИЈА!
Што ако ти кажам дека во технички грешки не добија 11-9:D
И попрецизни бевме,поголем процент на реализација имавме,стварно не знам каде ја изгубивме утакмицава(ако може така да се каже).
Супер резултат е секако,голем притисок имаше над играчите баш поради многубројната публика ,изгореа од желба ,посебно Кире кој сакаше да биде мен оф Д меч.Осеќам дека швабите ќе ги посрамотиме,порастоварено ќе се игра,2 меч,одмазда за предходното светско.Мерак.
MKD till i die:love:
 
Публиката :cuc:

И најјаки ми беа на секој тајм-аут За кого ? ЗА МАКЕДОНИЈА !

:love:

Eј, не да беа најјаки! Јас се ежев цела, најмоќни беа! :cuc:
 
И Швеѓаните излегоа на тераса

Песната обединува. Дури и онаа која од некои експертчиња беше третирана со минимум респект. Овој пат, на шармот на „излегувањето на тераса“ паднаа Швеѓаните во Ниш.

http://kajgana.com/i-shvegjanite-izlegoa-na-terasa
 
Ќе треба да е прошират терасата, многу се собраа хрвати литванци швеѓани, утре германци ...
 
сега слушнав изјава од Кире Лазаров за сител . Имале изработена акција за последниот напад , требало да фрлат цепелин за аљуш . Нешто сепак тргна наопаку во тој заден напад. Ипак и швеѓаните имаа страшна одбрана , мора да се признае . Секоја им чест.
 
Ќе беше подруго да имаше тајм-аут, вака едно 5,6 секунди се чудеа мислеа дека имаат, па требаше и да побрзаат не е кошарка ова ќе шутниш последна секунда, овде еден тактички фаул и поминаа 5 секунди.
 
сега слушнав изјава од Кире Лазаров за сител . Имале изработена акција за последниот напад , требало да фрлат цепелин за аљуш . Нешто сепак тргна наопаку во тој заден напад. Ипак и швеѓаните имаа страшна одбрана , мора да се признае . Секоја им чест.

Апсолутно тоа се игра на неколку секунди до крај, или на пасивен напад, се подава топка на крило, крилото влегува и од мртов агол ја фрла топката по која скокаат бековите и центарот.
 
Аман те бе веќе со тој Игор Трпевски! Чоек ќе си помисли дека е некој врвен коментатор, а не најобичен шарлатан!
П.С Паѓаат Швабите утре :)
 
Реми фер резултат утакмицата можеше да замини во двата правци и да победиме и да изгубиме моменти решаваа, 3 гола разлика губевме на нецели 6 минути до крајот на натпреварот но неверојатно се вративме 3 гола на 6 минути до крајот е огромна предност во ракомет но покажавме карактер и полека но сигурно ја добиваме таа германска упорност играме до последната секунда не се предаваме, инаку натпреварот почна баш како што очекував со наше водство на крилата на публиката играа нашите играчи па следуваа падови, Кире беше под голем притисок промаши 3 зицери, 3 седмерци и имаше 3-4 избрзани шутеви што во негов нормален ден од тие шанси тој ке постигнеше 5-6 гола, сите супер изиграа освен Миркуловски во ОДБРАНА се надевам оти ке игра само во напад во одбрана е очајно слаб, како и да е реми според мене е поволен резултат
 
Toа е таа атмосфера! Тоа се тие лавови што на цел глас ја пееја нашата химна! Пискотници се слушаат од Скопје до Ниш! Се грми, максимално! Ах, реков јас, и си умрев од мака што не сум таму.
 
На српски форум покрај ракометот,дојде и до расправање на нашата историја.Стварно србите мислеле дека сме ,,браќа'' .
Повекето срби мислеа слично на овој
Ако сутра Македонија зарати, ја бих као и многи други Срби ишао да је браним. То што неки Македонци не виде и не знају да су Срби, мени не значи пуно. За мене су браћа и схватиће једног дана сами. Немам намеру да их на силу да убеђујем.
де дај линк ако може од форумов :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom