Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.822
Поени од реакции
1.578
Судите донесоа многу нелогични пресуди во корист на Шведска ама тоа е кога играш со фаворитот... Мислам дека имавме лошо организиран напад пример левото крило секој напад беше отворено и ретко го користевме, потоа немаме квалитетен голман па мислам јас да застанам ќе фатев некој голови кој ги дадоа Шбеѓаните ама тоа е капацитетот со кој располагаме покажавме дека може да играме па ќе видиме како ќе биде со Германија се надевам ќе се разбуди Кире
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Ај те молам види ја играта и процентот на реализација на Кире во Атлетико Мадрид (ги имам гледано сите негови натпревари одкога е во Сиудат Реал а сегашен Атлетико Мадрид) и спореди ја таа со онаа во Македонската Репрезентација и ќе видиш за што станува збор. Ама кога ќе му дозволиш на еден играч да биде селектор на репрезентација тоа ти е резултатот. Ова го нема во ниту една репрезентација само во нашата едноставно не смее да биде така. И пак ќе кажам Кире е одличен играч еден од најдобрите десни бекови но мора повеќе да се контролира како што прави во клубот.
1.Прво неможеш да споредуваш клубска игра со репрезентативна.
2. Потенцијалот на играчите во Атлетико не е ист со потенцијалот на нашите во репрезентација.
3. Споредбата е иста како зашто Меси во Барса е топ а кога игра со Аргентина ништо не освојува.
Кире не е крив, криви сме ние и медиумите, ние психички ги утепавме и пративме со преголеми очекувања. Луѓе кога Шведска играше ракомет ние со османлиите востание кревавме. Верувајте и ќе видите на следниве натпревари што ќе биде.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
Аман бе кога кога ќе даде 10 гола односно коа ќе изигра добро добар е еднаш не му идеше и одма дасе јадело бурек туку не знам кој ку*ац го викат овја анѓеловски ништо ама бас ншто не изигра
 

Man-ce-ster

fanatic
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
707
ЦЦЦ Абе какви се будали пишуваат по форум не ми се веруе.... Па да бевме една Шпанија ке бевме задоволни со реми со Шведска.. Ја не ми е јасно какви се не нереални идиоти има тука...Па луѓе прочитајте пола европа пишува дека сме најголемо изненадување на првото коло!!! Аллоооо - имате ли малку акл у глава и свесни ли сте кој што е у ракометниот свет!!!!
А тоа што Кире не дал 10 гола -размислете малку која им беше тактиката на Швеѓаните!!!
Нашите изгинаа на терен -СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРИ!!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Секоја чест за дечките оставија срце на терен ама мора да признаете дека држат вода оние коментари дека во некој ситуации премногу се брзаше.Најмалце по 3 пати денес Кире и Наумче избрзаа со шут во ситуација кога имаме играч повеќе.Кире се виде дека сакаше да победиме па најверојатно затоа малце загуби самоконтрола и шутираше,а Наумче е еден од најнервозните спортисти и во одредени ситуации бесот го истураше со шут од тешка позиција.

п.с Немам никаква намера да ги критикувам момците зошто изиграа максимално борбено против еден ракометен великан но дека некој критики држат вода држат. :)
 
М

Мартин`

Гостин
Задоволни со бод, задоволни со 6-7 место итн.. аман луѓе!!

Неможеме да бидеме задоволни со такви работи, се знае победа и што подобар пласман.. и тие се луѓе и ние сме луѓе, голем к.р ако имале појаки првенства и слични глупости. Само ако веруваме и ги мотивираме играчите и они ќе се сметаат за ниво со другите играчи и ќе вадат што подобри резултати.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ама таа одговорност можеше да не кошта и овој бод што го освоивме. Преисфорсиран беше шутот на претпоследниот наш напад , ма кој сака нека ме убедува дека требало да шутне!
Ама можеше да донесе и победа тој шут. Или или ситуација. Требало или не требало, јас ти и трајче седејќи пред ТВ неможеме да кажеме, бидејќи не сме на терен. Кога ќе ја држиш топката во свои раце во такви моменти не размислуваш туку гледаш простор и шутираш ако имаш муда, ако не подаваш на тој што има.
Кире беше прочитан и затворен, ударите му беа проучени од страна на голманите. И тоа е тоа. Ќе го чуваат и на следните, Мојсовски треба да потегне и Ангеловски, Алушевски е класа играч, Темелков е одличен контраш, но незнае да дојде до позиција, пикерот ме фасцинираше. За голманите да не зборам, супер се. И со Германија ќе гледаме такви шутеви на Кире и со Чешка, другите треба да потегнат и да ја отворат одбраната на противникот. Јас сум обожавател за напад преку крила, па секогаш ќе тегнам на таа стратегија.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951
ЦЦЦ Абе какви се будали пишуваат по форум не ми се веруе.... Па да бевме една Шпанија ке бевме задоволни со реми со Шведска.. Ја не ми е јасно какви се не нереални идиоти има тука...Па луѓе прочитајте пола европа пишува дека сме најголемо изненадување на првото коло!!! Аллоооо - имате ли малку акл у глава и свесни ли сте кој што е у ракометниот свет!!!!
А тоа што Кире не дал 10 гола -размислете малку која им беше тактиката на Швеѓаните!!!
Нашите изгинаа на терен -СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРИ!!
Тешко им е да размислат бе мора лазаров да даде 12 1 3 гола инаку ништо мене само ме нервирше што ѓи завршуваше нападите брзо бес потреба ништо друго
 
S

Stivie G

Гостин
Што е крив Кире кога другите немаа храброст да шутират. Па некој мора да шутира. Тој ја презеде таа одговорност. Во првото полувреме освен него ретко некој од бековите да упати удар. Во второто со ударите почна Миркуловски и Мојсовски до некаде. Кога имавме негатива од 3, тогаш пак никој храброст нема за шут, пак само Кире шутира. Епа сега не може тој се да погоди.
Играч на натпреварот според мене Борко Ристовски бидејки одбрани 3 добри топки при крајот кога швеганите имаа водство. Исто така презадоволен сум и од Стоилов.
Шведска веќе е минато, не може ништо да се промени сега ни остануваат Германија и Чешка. Искрено се плашам повеке од германците бидејки денес загубија а да загубат уште еднаш по ред и баш не ме фака вера со оглед на менталитетот кој го имаат. Но се надевам дека грешам и дека уште по натпреварот со Германија ќе успееме да обезбедиме учество во наредната фаза. Јас мислам дека одлучувачки ќе биде натпреварот со Чешка во кој очекувам тежок и неизвесен натпревар во кој би требало да победиме.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
1.Прво неможеш да споредуваш клубска игра со репрезентативна.
2. Потенцијалот на играчите во Атлетико не е ист со потенцијалот на нашите во репрезентација.
3. Споредбата е иста како зашто Меси во Барса е топ а кога игра со Аргентина ништо не освојува.
Кире не е крив, криви сме ние и медиумите, ние психички ги утепавме и пративме со преголеми очекувања. Луѓе кога Шведска играше ракомет ние со османлиите востание кревавме. Верувајте и ќе видите на следниве натпревари што ќе биде.
Она што цело време се обидувам да го кажам е следново:
1. 10 топки никој нема право да ги фрли така па незнам колку и да е добар и битен (шутирање од неизградени ситуации и многу млако)!
2. улогата на играч може да се поклопува со улогата на водач но не и на селектор!
3. им посакувам се надевам и ќе навивам за пласман во втора фаза и Кире да проработи во следните натпревари!
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Абе што ги ебам која сила се Шведска у ракомет... како беше онаа изрека "Не ја гледам силата која ме напаѓа, ја гледам земјата која ја бранам". Секоја чест за ракометарите и само така нека продолжат, зашто ако ова е почеток за Македонија тогаш сме несопирливи.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Она што цело време се обидувам да го кажам е следново:
1. 10 топки никој нема право да ги фрли така па незнам колку и да е добар и битен (шутирање од неизградени ситуации и многу млако)!
2. улогата на играч може да се поклопува со улогата на водач но не и на селектор!
3. им посакувам се надевам и ќе навивам за пласман во втора фаза и Кире да проработи во следните натпревари!
Ја го почитувам твоето мислење и знам што сакаш да кажеш. Јас, ти и сите ние од дома може да мрчиме колку сакаме, ама на терен под притисок и пред цела јавност е каде каде потешко. Кире ќе проработи кога сите најмалку очекуваме ;)
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Го гледав само второто полувреме и доста задоволен сум од нашите. Мислам дека покажаа момците дека Кире Лазаров не е цела репрезентација. Не му идеше шутот него, а ние пак извадивме бод на една велесила како што е Шведска, и дури имавме шанса и за победа. Морам да го пофалам Стоилов, максимална реализација имаше ако не се лажам, плус неколку пенали изнудени. Браво за него.

Одиме на победа со Швабите ! :)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Ejj!Помина Шведска - Македонија, дај да гледаме за со Швабензи сега.Џабе да тераме математики за нешто веќе поминато.
Мораме да ги убиеме Швабензи и Чесите!
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Со бод идевме а без бод ќе се надевавме на победа против друг.Вака сеа ќе има математики...значи нема евроспко или светско а да нема калкулации во наша група.
--- надополнето: 15 јануари 2012 во 23:42 ---
Со бод идевме а без бод ќе се надевавме на победа против друг.Вака сеа ќе има математики...значи нема евроспко или светско а да нема калкулации во наша група.
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.855
Поени од реакции
10.227
SWEDEN

Ola LINDGREN, coach Sweden:
"It was a tough fight in a fantastic atmosphere thanks to the FYR Macedonian fans. We had problems in the beginning, but fought back until the break. Then we again were back after a 1:6 series, but again returned. We were in a good position to win with three goals ahead and in ball possession. But in the end we have to be satisfied with this point after a match, which was anything but easy for us."

Tobias KARLSSON, line player, Sweden:
"It was a hard game for us with a high number of penalties and suspensions against us. So it was something special, but not a normal game. Additionally the game was influenced by the great atmosphere in the stands. We had enough good opportunities to win the game, but we did not take the right decisions, so we have to be satisfied with this draw."

MACEDONIA

Kiril LAZAROV, right back FYR Macedonia:
"The first day in our group showed that we will see a big number of close matches at the whole EHF EURO 2012. We had to fight hard against the strong Swedish defence with their players from famous clubs. We had to find the right solutions against their defence, but mostly we did the right thing.

"We are happy with this draw – and we will see more equal matches in this interesting group. Our draw was a surprising as was the Czech victory against Germany earlier here."

Zvonko SUNDOVSKI, coach FYR Macedonia:
"Two good teams played at a high level, and our players showed that we can compete on eye level with top nations now. We were ahead with four goals, but we knew the strength of Sweden is their will. In the last attack we planned a combination, but I do not know why it did not work. But despite missing the last chance, the draw is a good result for us."
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom