Аку може некој да ми ја направи задачава... фала ондпаред
Да се најдат сите природни броеви помали од природниот број nвнесен преку тастатура, кои што се деливи со сите свои цифри.
и плус да ги имаа овие работи..
3. Објаснување
Се дава детален опис за тоа како работи предложениот програм, и тоа генерално како е замислен алгоритамот, и линија по линија што прави програмот.
4. Комплексност
Се проценува времето на извршување на предложениот програм, и се дава проценка на редот на комплексноста на програмот.
Еве ја ќе пробам да ја решам задачата, ама во C, ти после ќе си ја трансформираш во C#, треба да ти е piece of a cake тоа.
Одамна не сум решавал ваков тип на задачи, па ајде да се испробам. Само да знаеш вака не се учи програмирање.
Без своја мака не бидува добар програмер.
Stay tuned за решението.
--- надополнето: 2 јануари 2012 во 18:30 ---
99% ти ја изработив програмата, да знаеш дека баш уживав да си ги тестирам способносите и добро е, не сум заборавил некои работи.
Код:
#include <stdio.h>
#define MAX 100
//By WildMan - from Kajgana :)))
int main()
{
int i, j=0, broj, m=0, cifra, temp;
int nizaCifri[MAX];
printf("Vnesi cel broj: ");
scanf("%d", &broj);
temp = broj;
while(broj>0)
{
cifra = broj%10;
nizaCifri[j]=cifra; j++;
broj/=10;
}
for(i=0; i<j; i++)
{
int cifra2 = nizaCifri[i];
if(temp%cifra2==0) m++;
}
if(m==j)
printf("BROJOT %d E DELIV SO SITE SVOI CIFRI\n", temp);
else
printf("Brojot %d NE e deliv so site svoi cifri!\n", temp);
system("pause");
}
Задачава работи во Dev-C++. Не ја коментирав затоа што сметам дека треба да е јасна, како и да е, не е целосна, ти недостасува тој 1%.
Задачата важи само за 1 број, значи внесуваш број и програмата ти кажува дали тој е делив со сите свои цифри или не е. Проблемот го решив така што ги оделував цифрите од бројот и ги сместив во помошна низа, која после ја користев за да проверувам дали првично внесениот бројот е делив со секоја цифра посебно. И ако е делив со сите цифри од низата, значи е делив со сите свои цифри.
Во спротивен случај, не е делив. Ти треба само да вметнеш еден for циклус за да ги опфатиш сите броеви од 1 до n. Верувам ќе се снајдеш, во спротивен случај ќе го доправам и тоа, ама цената е 500 денари.
Задачава е 100% мој труд, каква е таква е, битно е дека имав идеја и еве ја реализирав во код. Мислам дека работи коректно, тестирав со повеќе броеви и добро излегува. Послужи се слободно со кодот и претстави го како свој труд, иако длабоко во себе ќе знаеш дека не е така.
Поздрав