Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде македонци сите станавте експерти по ракомет :D
Имаме пауза од 14 години неиграње и сега сакате сите утакмици да ги добиеме :D
Чекајте малку... Шведска е еден од фаворитите на ова ЕП, скоро сигурен сум дека ќе ги тепаат Чешка и Германија. Ова е одличен резултат за нас, Лазаров и мене ме разочара ама неможе тој секоја утакмица да биде најдобар, затоа не треба никој да го критикува! Поубаво да играше Митков? :D
И да, знаете што е позитивни извлечено од оваа утакмица? Тоа што конечно Македонија не е никаков аутсајдер против било која репрезентација, во два од три најдобри екипни спортови! Мило ми е што сите имате големи очекувања и што конечно не сме МИЗЕРИЈА туку сме достоен противник на сите репрезентации! Мило ми е што им ја јадеме ДУШАТА на големите европските сили и не дозволуваме никој да се поигрува со нас! Одиме на победа со Германија и Чешка (y)
 
Публиката не беше толку лоша, мада мене ме изнервира гледам некои пеат, а некои си седат ко на театар да дошле. Па незнам што луѓе се ја не би можел така да дремам на утакмица.

Изгледа спремачи на албум за Фејсбук.И јас им се чудам 20 души се дерат до крај 4-5 измеѓу нив стојат ко идиоти...па и камен да си на таква атмосфера ќе изреагираш мајката!
 
Конечно еден здрав наслов во медиумите:

Фаворизираната Шведска извлече нерешено со Македонија


Според мене вистинска формулација.

Како и да е треба повеќе да веруваме во нашите способности и да не се задоволуваме со 10, 11 или 12 места , поминување во следен круг или слични глупости.
ВРВОТ СЕКОГАШ ТРЕБА ДА БИДЕ ЦЕЛТА.
Германците имат една добра поговорка која вика: „ВТОРИОТ Е ПРВИОТ ПОРАЗЕН„, шо ќе рече и втор да си исто така си поразен, според мене ваквиот начин на размислување е многу поздрав отколку „БОД како ПОБЕДА„ филозофијата.
 
Кирил Лазаров е играч од светска класа но на никого ама апсолутно на никого без разлика колку и да е добар не смее да му се дозволи да шутира 17, 18 пати во една утакмица и тоа со процент на реализација од околу 30 %. Во Атлетико Мадрид Душебаев сигурно ќе го извадеше уште во прво полувреме. Кога не иде едноставно не иде и неможе така да се форсира! Ние ја немаме клупата на Атлетико Мадрид али може да му се каже да иде на асистенции или да се повлече на клупа на некоја минута (зборувам за во напад мислам зарем Митков е толку сакат па 10 пати ќе им ја даде топката на Швеѓаните?) Кире мора да има повеќе контрола али не е ова највеќе негова грешка туку на селекторот, на Звонко Шундовски. Значи стварно да се било без осет и што е уште потрагично не е еднаш туку многу пати вакво нешто се провлекува мене стварно не ми е јасно па гледа ли некој таму снимки од натпревари и статистика или не? Неможе од еден играч и неговата среќа да ни зависи се!
 
Еј ако каже некој дека дечките лошо одиграле стварно од ракомет нема врска. Свесни ли сте каков успех е ова??? Шведска е на ранг на една Англија у фудбал или Шпанија у баскет... Букмејкерите ни даваа шанси 1.20 да тепаме ... Какви кретени се тие што критикуваат.. И браво за Кире најдобар беше.. Кире е нашата гордост!!!!!!
 
Изгледа спремачи на албум за Фејсбук.И јас им се чудам 20 души се дерат до крај 4-5 измеѓу нив стојат ко идиоти...па и камен да си на таква атмосфера ќе изреагираш мајката!

Па тоа е така затоа што голем дел од тие што купија карти....отидоа таму бидејќи е фенси и во тренд,да отидеш на утакмица во друга држава....а при тоа во животот не слушнале за спорт,а камо ли за ракомет....и затоа не ги ни регистрирајте таквите "трендовски навивачи".
 
И да, знаете што е позитивни извлечено од оваа утакмица? Тоа што конечно Македонија не е никаков аутсајдер против било која репрезентација, во два од три најдобри екипни спортови! Мило ми е што сите имате големи очекувања и што конечно не сме МИЗЕРИЈА туку сме достоен противник на сите репрезентации! Мило ми е што им ја јадеме ДУШАТА на големите европските сили и не дозволуваме никој да се поигрува со нас! Одиме на победа со Германија и Чешка (y)

Искрено, преку Андерсен ми е (а рачунај Андерсен колкав е :icon_lol:) од вадење души и тапшање по рамо „Добри бевте, немавте среќа“

Сакам победа бе, победа! Најболни се овие порази кога си толку блиску а толку далеку.

Али ај, вака беше и со кошарката, сеа маме им е*аваме на наредните... :D
 
Смачено ми е да читам 16 годишни копиљи што 3 пати у живот фатиле ракометарска топка да се прават паметни и да кажат можевме ова, требаше ова...мислам wtf ако сте толку паметни идете до ракометна федерација пријавете се како консултанти.

Никој од нас не знае доволно детали (моменталната физичка/психичка спремност на играчите, теренот, околностите итн) за може да изиграва ракометен експерт тука...
 
Лазаров: Жалиме што не победивме

- Жалиме што на победивме, затоа што имавме голема можност, изјави македонскиот капитен Кирил Лазаров на прес конференција по завршувањето на мечот со Шведска.

kir-stoilov500.jpg


Капитенот Лазаров, кој мечот го заврши со седум постигнати погодоци рече дека мора да се биде задоволен од од нерешениот резултат против Швеѓаните, иако потенцираше дека целиот тим жали што последниот напад небеше искористен.


- За противник ја имавме една од најдобрите одбрани во Европа, имаше периоди кога погодувавме од тешки позиции, но и моменти кога промашувавме зицери и пенали. Бевме многу мотивирани, верувавме дека можеме да направиме нешто на овој меч, но потсвесно ја знаевме реалноста и големината на противникот, изјави Лазаров.
Тој потенцираше дека со нерешениот резултат против Шведска и неочекуваниот триумф на Чешка над Германија групата несакајќи станала многу интересна и не заборави да нагласи дека благодарение на публиката ракометарите се чувствуваат како дома.
- Благодарение на публиката се чувствуваме како дома, а тоа ќе придонесе да прикажеме уште подобра игра на следните мечеви, изјави Лазаров.
 
„Имавме проблем на почетокот, ни беше потребно време за да влеземе во мечот онака како што посакуваме. Мислам дека Македонија беше подобра во првото полувреме, ние доминиравме во вториот дел, а ремито доаѓа како најреален исход на овој неизвесен меч. Мораме да бидеме задоволни од овој бод бидејќи лесно можеше да се случи да го загубиме натпреварот, со што ќе си ја искомпликувавме судбината. Морам да ги пофалам и македонските навивачи, кои создадоа навистина фантастична атмосфера“ - изјави селекторот на Шведска, Ола Линдгрен.

Сличен став имаше и еден од столбовите на одбраната на шведскиот национален тим, Тобијас Карлсон.

„Задоволни сме од ремито, без оглед на фактот дека пред мечот важевме за фаворити и од нас се очекуваше победа. Беше тешко да се игра, имаше многу пенали и исклучувања, овој натпревар беше невообичаен за мене. Имавме свои шанси да го добиеме мечот, не ги искористивме, но истото важи и за противникот. Публиката беше на ниво, се создаде одлична атмосфера во салата“ - истакна Карлсон.
 
Кирил Лазаров е играч од светска класа но на никого ама апсолутно на никого без разлика колку и да е добар не смее да му се дозволи да шутира 17, 18 пати во една утакмица и тоа со процент на реализација од околу 30 %. Во Атлетико Мадрид Душебаев сигурно ќе го извадеше уште во прво полувреме. Кога не иде едноставно не иде и неможе така да се форсира! Ние ја немаме клупата на Атлетико Мадрид али може да му се каже да иде на асистенции или да се повлече на клупа на некоја минута (зборувам за во напад мислам зарем Митков е толку сакат па 10 пати ќе им ја даде топката на Швеѓаните?) Кире мора да има повеќе контрола али не е ова највеќе негова грешка туку на селекторот, на Звонко Шундовски. Значи стварно да се било без осет и што е уште потрагично не е еднаш туку многу пати вакво нешто се провлекува мене стварно не ми е јасно па гледа ли некој таму снимки од натпревари и статистика или не? Неможе од еден играч и неговата среќа да ни зависи се!
Не треба да се критикува играч со желба за победа. Ако шутне Лазаров тоа во моменти кога гледа дека нема ништо подобро да изигра. Лазаров е тип на играч што асистира, и има висок IQ, ако шутне значи мора да шутне. Одлуката се донесува моментално, понесен од самодовербата и адреналинот. Тој е можеби најголемиот спортист што Македонија некогаш го имала. Треба да го почитуваш што е светска класа а не го удира славата во глава и репрезентативните утакмици му се пред СЕ. Ракометот е убав спорт, играчите не земаат милионски плати, ги нема по насловни. Фини дечки се. Многу ги почитувам.
 
И многу простор кога беа тие во напад им остававме, кога одевме ние во напад 2-3 додавања и одма фаул ни прават, а ние ги остававме да им трае подолго акцијата и да си направат добри позиции за удар.
 
Ајде ајде не плачете сега... Поштен резулат треба да сме задоволни :)
Сигруно една ќе падне Германија или Чешка - една мора да падне!
 
Абе 25 страни сте испишале за два саати :) Ј*бига, не му идеше на Лазаров, да му тргнеше него +20 ќе тепавме :pos: Добри бевме, посебно во одбрана, имаше периоди и во напад кога растуравме, Столе Стоилов покажува дека е одличен пикер и мислам дека е човекот кој ја прави разликата од претходното СП (да, да и Димовски е одличен, ама Столе е поподвижен, македонскиот Вори :D)... Доколку Германија игра како денес против нас верувам дека ќе ги победиме, ама некако ме фаќа страв и од судиите, а и од тоа дека не верувам Германците два пати на првенствово толку ужасно да играат.
 
јас сум горе-долу задоволен и од резултатот и од играта, посебно што успеавме да се вратиме од 3 негатива на 5 минути до крај. досега не било тоа случај со репрезентацијата. велам горе-долу затоа што имавме многу падови и неизнудени грешки (посебно од лазаров) и иако важевме за апсолутни лузери пред натпревар, можевме да победиме. мене малку ме изнервира што со десно крило ни една акција не беше изиграна. не знам колку забележавте на крајот кога покажуваа постигнати голови од секоја позиција, од десно крило имавме 0/0. значи ниту еден шут?! темелков оние 2 гола што ги постигна сам си ги сработи-си украде топка, се стрча во кратка контра и си постигна гол. мора на тоа да се поработи малку за со германија и мислам дека лесно ќе ги тепаме. како и да е, одличен почеток, да ги видам сега плавушаните како ќе гледаат на нас. он на мене аутсајдер ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom