Шведска - Македонија [26:26]

Статус
Затворена за нови мислења.
Од најпожелни ќе им станеме најнепожелни противници на сите останати. Оптимист бев дека ќе тепаме утакмицава. Али тоа е што е.
 
Публикава на поправен. Сериозно, толку перчење ова она, на крај штама. Срамота.

Искрено не сум задоволна со нерешено и жалам што морам да кажам но Кире ме разочара. Или целосно го прочитале како играч или се изгуби, ќе покажат наредните натпревари.

Инаку браво за Борко. Одлично бранеше.
 
Можевме и 2-та да ги освоиме ама треба да бидаме задоволни и со овој бод сепак против Шветска игравме Лазаров и Алушевски денес беа најдобри според мене
 
Abe ajde sramotilaci samo u centar igrame ko utki nekoi site tamo se butaat neame igra
 
Останува некако горчината пошто не дојдовме до сите бодови а го имавмемн последниот напад :)
Се гледа дека сме како банда без команда, без вистински тренер, и ова е се плод на играта со срце на пожртвуваноста на крајот и искуството на Алушот :D
Неможе бе цели 50 минути да го оставаш најдобриот нивни играч да прави што сака. Му удривме фластер и не мрдна!
Денеска сум најразочаран од Лазаров. Ајде најдовбар е, наш е, ама претера. Што е многу, многу е, повеќе шутеви имаше од цела друга екипа.
Во нападот при 26-26 (не последниот напад) он шутна прерано и ја упропасти акцијата...
Лошото е што никој не смее да му писне :cenzura:
Го поштувам и како човек и како играч, секогаш игра со срце, ама некогаш претерува до максимум!
Мора да се поправат некои работи, пошто можеме со овој состав далекуѕ да стигнеме...
Ми се плаче кога ќе ми текне дека можевме уште подобар состав да имаме, и со Лино на кормилото:place:

П.С. играчи на натпреварот Стоилов и Борко... :icon_mrgr:
 
Лазаров ја сјеба на неколку пати ама пак она што требаше можеби и го стори,погоди кога требаше од пеналите, а имаше феноменални асистенции за Столе.

п.с Овој Мојсовски колку го обожавам тоа е чудо, задњи атом дава од дното на душата игра.:cuc::cuc:
 
Браво за Стоилов. Дечково за мене беше играч на натпреварот. Добра реализација и колку само пенали направени на него.Мислам дека го изигра најдобриот натпревар за Македонија:cuc: Миркуловски е страшен у еден на еден и ептен се уиграни со Наумче. Кире имаше неколку брзоплети топки, а дефинитивно дрво на натпреварот беше Ангеловски. Ко ни треба театар на паркетот го пуштаат него. И на крај зарем треба да се збори за Стефче Алушовски :cuc: Имаше страшна реализација и покажа дека уште може да го носи дресот на Македонија. Штета шо немаме замена за таа позиција. Мислам дека треба да сме задоволни со бод имајќи в предвид како се одвиваше натпреварот.
 
Јас не се ни надевав на Лазаров. Публиката тотално ме разочара, а овој коментатор е најлошиот што сум го слушал во мојот живот општо на телевизија.
 
Публикава на поправен. Сериозно, толку перчење ова она, на крај штама. Срамота.

Искрено не сум задоволна со нерешено и жалам што морам да кажам но Кире ме разочара. Или целосно го прочитале како играч или се изгуби, ќе покажат наредните натпревари.

Инаку браво за Борко. Одлично бранеше.

Добро, јасно беше дека одбраната на Шведска ќе биде повеќе сконцентрирана на него.Што значи он е прочитан како играч.Затоа ни требаат минимум два добри стрелци.Не дека многу ги познавам квалитетите на ракометарите наши зошто и самиот не сум спортист но мислам дека требаа играта нашите да ја концентрираат на друг наш кој е добар шутер.Зошто Кире се знаеше уште од почетокот дека ќе биде колку што е можно повеќе оневозможуван од страна на противничките играчи да погоди поен.
 
Фак ит
Да погодеа бар еден од 3-те заебани седмерци ...+ 1 бод
 
Со четврта сила во светот изигравме 26:26 се гледа дека може да се носиме со вакви екипи.
Јас сум задоволен, само храбро до врвот !
 
Задоволен сум и не сум. Можевме да победиме ама можеше и да изгубиме. На крајот испадна со серија од 4-1 да се вадиме ама тешко ми е што на двапати испуштивме предност од 4 разлика. Како и да е ќе наплатиме на некој од следните два меча.

Што се однесува до Кире, очекував малку повеќе од него како лидер на оваа генерација ама сепак тој е голем играч и ќе покаже каква класа е на следните натпревари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom