Не ми е јасно зошто толку негативно се прифати овој предлог. Зошто оваа нова промена да влијае толку лошо на околината?
Како прво возењето е потреба не е измислено за чепат. Како што се качија цените на бензинот и дизелот чисто сумјам родителите да им даваат толку многу пари за децата неконтролирано да се возат. Освен тоа и казните ги качија, полицијата е се построга, казнува и тоа што не е за казнување, зарем мислите дека некој лудо ќе вози? Мислам дека нема некој малолетник да вози лудо знаејќи дека ако го сопре полиција и го казни ќе го чека подупла казна дома од онаа на полицијата. Лудо возење имало и отсекогаш ќе има, дури и од 50 годишни луѓе, нема да се зголеми ако се изгласа оваа измена во законот.
А, и знаеме колку многу се строги сега во комисија. Бутаат ако ти закачи гумата еден сантим на бела лента, мислите дека лесно ќе ги пуштаат малолетните на градска?
И на крај краева, малолетни се, но не се неспособни, точно дека повеќе им лета паметот, но мислам дека не се без мозок за до толку ситуацијата да излезе надвор од контрола. А, и нема некоја разлика од возач на 16 и на 18 години. И да ја изгласаат изменава нема да значи дека по автоматиза секој 16 годишен ќе вози, сепак ако не е некој способен родителот нема да му дозволи.