Возачка дозвола на 16 години во Македонија ?

^amfibija^

vodozemec
Член од
31 јануари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
14
Ова е идиотски.Ќе има и совесни возачи верувам меѓутоа ќе има и супермени кои ќе возат по 100+ низ град и најверојатно ќе заберат некој.И какво е тоа возење само во општината.Се мисли само во градот или низ целата територија која ја зафаќа општината?Прмер општина Кавадарци зафаќа поголема површина ќе смее да се вози низ цела општина или само во градот? http://mk.wikipedia.org/wiki/Општина_Кавадарци
lol општина битола е заедно со ресен - кое срање од закон човече, каква рамноправност
се поистоветуваат со америте на филмојте овие ептен во филм се влезени. ниш не му фали на законот каков е сега. не рекле за џабе полнолетство. тогаш си сметан дека си најразвиен и психички и физички. секако, да не се најди тука некој адолесцент увреден, има исклучоци кои се совесни и способни, али ретки. уште вријат во хормоните и дај му кола да се доискажат
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
lol општина битола е заедно со ресен - кое срање од закон човече, каква рамноправност
се поистоветуваат со америте на филмојте овие ептен во филм се влезени. ниш не му фали на законот каков е сега. не рекле за џабе полнолетство. тогаш си сметан дека си најразвиен и психички и физички. секако, да не се најди тука некој адолесцент увреден, има исклучоци кои се совесни и способни, али ретки. уште вријат во хормоните и дај му кола да се доискажат
Стар е постот уште пред да го изгласаат во влада се шпекулираше дека ќе биде само во општината ама го сменија и сега може да се вози во секоја општина ама до 8 часот вечер,а после тоа само со возач над 2 (или 5?) години возачко искуство.
 

^amfibija^

vodozemec
Член од
31 јануари 2012
Мислења
38
Поени од реакции
14
lele luge hahah kaj ziveam jas? odam da se topnam od dzid. fala phenix, pojma sum nemala za ova, a datata ne ja primetiv oti bese citano vo ranite utrinski casovi pola da spiev ;)
 
П

Пепси_

Гостин
Би полагал само за да можам со колата да одам до школото (кога е по ладно) и до дуќан вамте тамте од што ме мрзе не за друго :pos:
 
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Едно другарче бил да праша во автошколиве во охрид за законов и дали можи да се полага на 16 години, и од таму му рекле дека паднал законов не можело да се полага...
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Што се деси со законов ? ќе го донесуваат,или како ? слушнав дека веќе можело да се полага,така кажувале по автошколиве...Ако знае некој,нека пише...:D
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Возачка на 16 години само за одлични и примерни ученици

Доколу измените поминат без интервенции во законодавниот дом, шеснаесетгодишниците на кои учењето им е слаба страна и се немирни на часовите и во училиштата можат да се збогуваат со помислата да полагаат за возачка дозвола и ќе чекаат да наполнат полнолетство

Овие услови стимулативно ќе влијаат на лошите ученици, велат во МВР
Само одличните и примерни ученици ќе ја имаат привилегијата да полагаат за возачка дозвола на шеснаесет години. Тоа е еден од условите пропишани во предлог-измените на законот за безбедност во патниот сообраќај што треба да им овозможи на постарите малолетници легално да седнат зад воланот.
Предлог-измените веќе се доставени до собранието и, според наши информации, на 1 март треба да се најдат во прво читање пред надлежната собраниска комисија.

Доколу измените поминат без интервенции во законодавниот дом, шеснаесетгодишниците на кои учењето им е слаба страна и се немирни на часовите и во училиштата можат да се збогуваат со помислата да полагаат за возачка дозвола на 16-годишна возраст. Тие ќе треба да чекаат да наполнат 18 години.
Покрај одличниот успех и примерното поведение, ученикот ќе мора да добие и писмена согласност од педагогот и психологот во училиштето. Доколку нема еден од нив, задолжителна е согласноста од класниот раководител. Овие документи треба да бидат заверени на нотар.

Предложените одредби изгледаат дискриминаторски и ги ставаат во нерамноправна положба малолетниците што сакаат да возат, но кои ете поради послабиот успех во училиштето не ќе можат да го направат тоа на легален начин. Тоа е во спротивност на основните заложби на предлагачот дека со возачка над 16 години ќе се спречат кражбите на автомобилите од своите родители. Наспроти тоа што кражбата на возило, па и да е на родителите, не спаѓа во категоријата примерно однесување.

Од МВР велат дека овие услови воопшто не биле дискриминаторски, туку напротив, требало да влијаат стимулативно на лошите ученици да станат одлични и примерни ако сакаат возачка на 16 години.

- Истиот член повеќе може да се гледа како мотивирачки. Нешто што дополнително би ги стимулирало постарите малолетници што сакаат да полагаат возачки испит, да покажуваат подобри резултати на училиште. Од друга страна, станува збор за предлог-измени, што значи дека тие сé уште не се усвоени од Собранието. Предлог-измените се дадени во собраниска процедура, така што очекуваме законодавниот дом сериозно да ги разгледа. Доколку има сугестии и амандмани за додавање или за бришење некои одредби од предлогот и тие бидат направени, ние сме должни да ги почитуваме - вели Иво Котевски, помошник-министер за односи со јавност на МВР.

За да добијат статус кандидат за полагање возачки испит шеснаесетгодишниците треба да исполнат еден куп услови, а и кога ќе ја добијат дозволата, според измените, им следуваат низа ограничувања.

Така, покрај стандардните услови што важат и за повозрасните кандидати, постарите малолетници ќе треба да добијат согласност од двајцата родители, старателот или законскиот застапник, заверена нотар, и да поминат 30 отсто повеќе наставни часови.

Кога веќе ќе ја имаат дозволата в џеб, нема да смеат да возат во периодот од 20 до 5 часот, освен ако не се придржувани од родител, потоа автомобилот не смее да биде со поголема моќност од 75 киловати. Брзината е ограничена на 60 километри на час јавен пат, 80 на магистрален и 100 километри на час на автопат. Не смее да влече приколка и да превезува деца.

Ако прекрши некоја од овие одредби, казната е 300 евра и забрана за возење во период од три месеци до една година.
Услови за возачка
  • да има наполнето 16 години
  • да поседува лична карта
  • да е здравствено и психофизички способен
  • завршено најмалку основно образование
  • согласност од двајцата родители, законскиот застапник или старателот, заверена на нотар
  • да има одличен успех и примерно поведение
  • писмена согласност од психологот и од педагогот од училиштето или класниот раководител, заверена на нотар
Ограничувања
  • не смее да управувавозило од 20 до 5 часот, освен во придружба на родител - да вози со брзина до 60 километри на час на јавен пат
  • моќноста на автомобилот до 75 киловати
  • не смее да влече приклучно возило
  • не смее да врши организиран превоз на деца
Извор
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Ги има уште што на 18 години се прават курац ипол со колите, па уште на 16 години да почнат да им даваат возачка... може да замислам што ќе е низ градов.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ќе фрчат кафиња Минас кај професорки за успех сеа :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom