Калциум.
--- надополнето: 14 јануари 2012 во 19:21 ---
Знаеш нешто за повеќе за "separation anxiety"? Моето го има тоа. Баш пред околу 2 саати пробував со тоа, отиди си па врати се и игнорирај го. Прво минута, па две, па три ама па си тера по старо цело време си лае и вие.
Па пробај пред да искачаш од дома, да ја оставиш смирена. Најди и некое местенце, или еве ако си има свое креветче, претстави и го тоа како место на кое треба да се релаксира. Донеси ја до тоа место, речи и да седи тука и да не мрда, дур да заспие. Таа вежба повторувај ја неколку пати, дур да свати дека тоа место што ти и го одредуваш за нејзе треба да претставува релаксација. Првите неколку пати сигурна сум дека ќе потрае подолго време, но за да го немаш проблемот ќе мора да и го посветиш тоа време. После тоа, од како ќе свати што тоа место значи, пред да искачаш ќе ја оставаш на тоа место, еве почни со кратки стази, прво 10 минути (значи ти зборам од како ќе заспие или целосно ќе се опушти), па потоа остава ја 20 мин... и така... за на крај да се научи дека нема ќар од тоа што ќе ти урла по дома. Верувај ефективно ти е ова, само за различни кучиња различно време. Јас го имав проблемот исто... мојава не се смируваше со саати да лае, да квичи да вие... што не е специфика на расата. Али од како почнав со оваа вежба, ми требаа две недели и верувај, се смири, сега комотно ја остава по цела смена дур сум на работа (првите два три пати и остаив камера да ја снима за да гледам шо праи, и цело време само спие). Пробај и ќе видиш. Само мораш да имаш трпение, првиот пат може да трае и со саати....
--- надополнето: вчера во 14:32 ---
И уште нешто да надополнам на ова, најпожено, пред да го оставаш кучето само дома, пробај со подолга прошетка, значи со изморување. Полесно ќе успееш да го смириш, да не речам заспиеш
, после некое време нема да ти праи проблеми...