Не лае постојано, значи откако ќе излезам ќе се побуни најмногу минута две и после се смирува. Зборев со другите комшии спроти мене, ми кажаа дека е мирна и дека не прави никакви проблеми (да лае на пример по цел ден). Е сега оваа ми се буни за период од 15 мин, значи јас излегувам од дома во 8.00 она сакала да станува во 8.15, а кучето ја будело уште во 8.00. Абе глупости.. А нејзиното куче го остава само и ова знае да лае и по 2 часа па никој не и се буни.. Како и да е ако газдите ме иселат поради ова ќе се бара ново сместување
Се надевам ќе ми помогнете ...
Па пробај пред да искачаш од дома, да ја оставиш смирена. Најди и некое местенце, или еве ако си има свое креветче, претстави и го тоа како место на кое треба да се релаксира. Донеси ја до тоа место, речи и да седи тука и да не мрда, дур да заспие. Таа вежба повторувај ја неколку пати, дур да свати дека тоа место што ти и го одредуваш за нејзе треба да претставува релаксација. Првите неколку пати сигурна сум дека ќе потрае подолго време, но за да го немаш проблемот ќе мора да и го посветиш тоа време. После тоа, од како ќе свати што тоа место значи, пред да искачаш ќе ја оставаш на тоа место, еве почни со кратки стази, прво 10 минути (значи ти зборам од како ќе заспие или целосно ќе се опушти), па потоа остава ја 20 мин... и така... за на крај да се научи дека нема ќар од тоа што ќе ти урла по дома. Верувај ефективно ти е ова, само за различни кучиња различно време. Јас го имав проблемот исто... мојава не се смируваше со саати да лае, да квичи да вие... што не е специфика на расата. Али од како почнав со оваа вежба, ми требаа две недели и верувај, се смири, сега комотно ја остава по цела смена дур сум на работа (првите два три пати и остаив камера да ја снима за да гледам шо праи, и цело време само спие). Пробај и ќе видиш. Само мораш да имаш трпение, првиот пат може да трае и со саати....
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 14:32 ---
FALA na odgovorot
--- надополнето: 13 јануари 2012 во 14:26 ---
i koga se mali gi boli .. :/
Па не им се толку многу развиени и осетливи ушињата и не ги боли до тој степен, како што би го болело возрасно куче. Не за џабе им се сечат дури се мали, и ушиња и опашки.