Најекономично греење и ладење

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како така бе пријателе.... каде живееш ти? во кој град?
Дојди тука во Битола па да ги тестираме тие твој обични клими наспроти истите такви со инвертер па да видиме какви резултати ке добиеме ........
Прво кога ке падне тоа сињакот обичниот климатизер нема ни да се уклучи....

Доколку не си испробал или видел како работи инвертер на најниски температури те молам не коментирај.

Инаку да многу луѓе неможат да си приуштат да купат инвертер али тоа не е изговор реално да зборуваме.
Верувај ми дека би сакал да живеам во Битола, како и во други градови од нашата прекрасна Татковина, но јас живеам во Скопје. Ако ти живееш во Битола, те молам, соопшти ги твоите искуства. Прашање е не само за тебе, дали во твојот град познаваш некој кој се грее со обична клима.
 
Член од
6 ноември 2011
Мислења
88
Поени од реакции
39
Верувај ми дека би сакал да живеам во Битола, како и во други градови од нашата прекрасна Татковина, но јас живеам во Скопје. Ако ти живееш во Битола, те молам, соопшти ги твоите искуства. Прашање е не само за тебе, дали во твојот град познаваш некој кој се грее со обична клима.
Значи вака... мое искусто наведов во претходните постови (кога и ја започнавме дискусијата) , за жал тоа го видов кај мене во комшии бидејќи јас не бев во можност годинава да ставам инвертер али за следната сезона ке се потрудам да ги потврдам моите мислења за инвертер климатизерите.

Инаку во ноември месец тука во битола кога почна да заладува времето каде и да одев се грееа со обична клима али само во тој меѓу период.
Дома имам обичен VIVAX и да ти кажам за К** не го бива сега на -15.

Инаку не сум будала да платам за еден климатизер кога со тие пари можам да купам два или повеќе.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.519
дали ја прочитавте статијата во дневник за најисплатливо греење.
и ако ја прочитавте дајте коментари, баш ме интересира дали се сложувате со констатацијата на експертите.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
дали ја прочитавте статијата во дневник за најисплатливо греење.
и ако ја прочитавте дајте коментари, баш ме интересира дали се сложувате со констатацијата на експертите.
Не, ајде биди добар и во кратки црти кажи што пишува во Дневник и кое би било најисплатливо затоплување според нив?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.519
најисплатливо било на печки на пелети ако не ја земиме во предвид почетната инвестиција. што можам да речам дека не е точно, или во најмала рака тоа што е пишано за нив таму е далеку од точно.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
дали ја прочитавте статијата во дневник за најисплатливо греење.
и ако ја прочитавте дајте коментари, баш ме интересира дали се сложувате со констатацијата на експертите.
или уште поубаво дај ни линк па да прочитаме. .....
Аман со овие пелети више митологија! Не давај линк! Шо ќе ни е! :(
Изолација одлична и топлотни или термо- пумпи му е мајката! Квалитетен и добар инвертер од поновите генерации!
Со COP фактор 4-5!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.519
или уште поубаво дај ни линк па да прочитаме. .....
Аман со овие пелети више митологија! Не давај линк! Шо ќе ни е! :(
Изолација одлична и топлотни или термо- пумпи му е мајката! Квалитетен и добар инвертер од поновите генерации!
Со COP фактор 4-5!
од каде линк, весникот да ти го копирам. сега појма немам дали и на нет излегва, ама ако излегва во денешниот број на дневник беше.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
или уште поубаво дај ни линк па да прочитаме. .....
Аман со овие пелети више митологија! Не давај линк! Шо ќе ни е! :(
Изолација одлична и топлотни или термо- пумпи му е мајката! Квалитетен и добар инвертер од поновите генерации!
Со COP фактор 4-5!
Нема линк во Дневник, го направија сега со претплата ако сакаш да ја видиш цела статија.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.519
е па нека скенира некој барем листата, ако не ке гледам јас утре слика да ставам.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
или уште поубаво дај ни линк па да прочитаме. .....
Аман со овие пелети више митологија! Не давај линк! Шо ќе ни е! :(
Изолација одлична и топлотни или термо- пумпи му е мајката! Квалитетен и добар инвертер од поновите генерации!
Со COP фактор 4-5!
eве... ама не е целиот текст...
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=077DF512F08FE94A8665D3DA80A8872F

во кратки црти според истражувањата на дневник и нивните уредници за нај економично затоплување почнувајки од прво место како нај економично кон последно нај не економично:

-на прво место се пелетите и геотермалните пумпи
-на второ место се кано системите
-на трето место се конвекторите, греачите во радијатор и печки на плин
-на четврто место се дрвата, инверторите, мермерните и гранитни плочи
-на пето место се термо печките и во табелата не напишано ама во текстот понатаму е топлификација

или конкретно ако ја препишам табелата ке биде ваква (изразена во евра по грејна сезона) и да се напомене дека се дискутира за станови или површини од околу 70 метри квадратни:
-дрва 300-500
-пелети 150-200 (во табелата е во денари и по грешка е оставено претпоставувам)
-гасна печка 400
-термо печка 900-1800
-греач во радиатор 600
-кано систем 400
-конвектори 600-800
-мермерни и гранитни плочи 400-500
-клими со инвертор 500
-геотермални 310

она погоре како на список според економија е од мене тука на форум скоцкано, со тоа што да напоменам дека за првите две инвестицијата е доста јака затоа и ги ставив на прво место... понатака во текстот и напишано е кој систем одприлика колку кошта..

плус, после излгување на статијава и се јавив на уредничката да и посочам за неколкуте грешки кои се врзани со кано системот... напишано е дека ова е руска подморница, а токму мојот маркетин (дел од него) е заснован на тоа дека кано системот и руските подморници се мноооогу различни, и дека тоа е заблуда мегу народот да се ставата на куп как едно исто... понатака во текстот пишува дека може лугето да си искористат постоеките инсталации кога би се исклучиле од топлификација и дадени цени (ориентациони) за греачи и кано систем... ај за греачи не се замарам, ама за кано системот напишале од 2.000 до 2.500 евра што е апсурд... за 70 квадрати би коштало помегу 900 и 1300 евра... цената пишана во весникот е точна ама за комплет инсталација со се радијатори, цевки, вентили и се друго што е потребно...

очекувам како што ветија во понеделник изданието да има официјално извинување со појаснување за грешките...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
kanoto e poefikasno duri od inverter klima? Me interesira kako sto ima za klimive cop faktor za sistemive na kano kako se vika toj koeficient i kolkav e?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.068
Поени од реакции
23.519
јас колку што прелистав за пелетите, вика се полнат на два до три дена, се чистат на 50 или така нешто. и сега ај ке си поќутам, ако има некој дома таква печка нека се јави, па нека сподели.
инаку за кано баш ме интрересира дали ти се јавија или од око си пишуваа. а и да стварно која е логиката на постоечка инсталација со цевки и радијатори да вложиш уште 2500 евра за системот. ама ете кано се исправи експресно.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
kanoto e poefikasno duri od inverter klima? Me interesira kako sto ima za klimive cop faktor za sistemive na kano kako se vika toj koeficient i kolkav e?
можам на кратко да ти појаснам па сам да прерачунаш... значи есапот за потрошувачка е точен, за 70-тина квадрати стан е околу 4500 месечно-просечно израчунато за сите грејни денови. муабетот е дека кога се спомиња инвертор клима сите се фаѓаат за 3,5 киловатната и сите ја тураат во дневна соба, па као демек ги држат вратите од дневна према другите соби отворени и таму влага топло и на крај се фалат со сметка која не проаѓа повеке од 50 евра месечно.... да не се лажеме. вие греете една соба т.е. само дневната. ставете инвертори во сите соби па и во купатилото и постигнете собна температура онолку колку што е во дневната, па ке видите колкав ке биде рачунот, затоа што парно греењето, подразбира грејни тела ВО СИТЕ ПРОСТОРИИ вклучувајки и купатило и гостинско вц, и кујна и една спална и друга спална(детска) и ходник и се ама буквално се... кога ке поставите инвертори (се разбира со соодветна снага за секоја просторија, како и радијаторите што се пресметуваат за секоја соба посебно) за да добиете ИСТА ТЕМПЕРАТУРА ВО СЕКОЈА СОБА, прво ке добиете инвестиција од повеќе илјади евра т.е. многу повеке одколку да поставите сопствено парно, а понатака и потрошувачката ке ви биде поголема, затоа што снагата која ке ја потрошите ке биде поголема одколку со кано системот, ама помалку од класичен електричен котел или околу анте за танте на топлификација...

е сега, иако се изнапишав, сигурно ке се појави некој кој што ке рече дека вака му е топ или таман и дека му одговара вака како што е или пак ке напише некој дека спалната треба да биде поладна од дневната... и тоа е точно, но сепак илузорно е да се смета дека со ставање на клима инвертор во дневна ке се грее цел стан или површина од 70 квадрати. една просторија цела да биде од 70 квадрати со инвертор од 3,5 кв нема да успее да ја загрее... ке врти цел ден и нема да постигне, поготово во овој ладен период...

секако гооооооооолема улога игра и изолацијата на објектот т.е. станот-куќата или канцеларијата или што и да е... исто така и столаријата (прозори и врати) и се се сведува на крај да се пресмета која снага е потребна за кој простор... еве, отворено кажувам дека има станови и куќи кои со кано системот трошат и по 150 евра месечно за греење, мал е бројот, стварно на прсти се бројат, но и инвеститорите си знаат зашто и свесни се... едноставно се со изолација 0 а столаријата е исто како со отворен прозор да си. буквално кога дува ветер им се нишаат завесите и тоа мрдаат и до 1 метар од прозорот... што мислите, ке може ли инвертор од 3,5 киловати да ја загрее макар и дневната во таков стан? а со електричен котел колку ке потрошат? а дали ке се згреат со топлификација? пазете дискутираме за 24 часа греење и одржување на собна температура...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom