Дали турските серии се причина за насилство?

Мене од првото не ми се повраќа - Американцине ЗНААТ како да креираат одлична приказна со одлична поента, со одлични глумци и режисери и се...а овие само лупаат епизоди...и сите актериве како имам приметено врска немаат од глумење никаква, тапа

Очигледно имаме различна перцепција за тоа што е одлична поента и приказна. За мене садизмот и се што е прикажано таму не ми спаѓа под зборот одлична. Поентата моја беше дека насилство има секаде и како такво е одвратно, сеедно ми е на кој јазик е прикажано.
 
А иначе пред да се појават турските серии/филмови, немаше насилство, течеше мед и млеко... :pipi:

Им се воодушевувате на филмови како Пила, што се тотално садистички и психопатски, а турските серии ви се трн во око. Да живее пропагандата на Холивуд. Дури и насилството е поубаво на англиски јазик.
Разликата е во продолженијата, Полат може е на програмата околу 2 години, филмови како Пила траат само 100 минути и толку, никој не го пушта Пила секој ден на телевизија во 22 часот.
Ти знаеш што значи серија да се емитува 2 години и ти упорно да ја следиш, значи целиот живот си го преуредуваш за да го фатиш тој термин едноставно серијата те програмира како лабораториски глушец, те претвара во зомби ете тоа е лошото во сериите кои се како долгометражен филм, голем дел од америчките серии немаат продолженија, значи имаат една епизода која завршува со фаќање на лошиот момак во следната епизода некој друг е лош момак ама не те обрвзува да ја гледаш, за да го фатат лошиот момак кај Волците треба 5 години да поминат, тоа е утепано време на една глупа серија дел од твојот живот во кој можеш нешто да направиш, прочиташ книга и слично а не да дремиш пред телевизор, е за тоа треба да ги забранат сапуниците бидејќи им го трошат времето на луѓето кога нешто друго може да прават.
 
Нема врска, тоа беше само пример. Има многу американски серии, европски серии кои се полни со насилство. Насилство е насилство.
Не ме сфаќајте погрешно, не оправдувам, само сакам да кажам дека секаде ги има таквите серии и само затоа што се од англиско говорно подрачје, не ги прави подобри или поубави. :)
 
A колку се идентификуваат со тие ликови, кога ние гледавме Ник Слотер не се идентификувавме со него исто важи и за рамбо, сега тоа е доведено до масовна хистерија како што беше на времето со Касандра
 
а ти да имаше барем малце памет немаше да си трошиш време за на форум да дремеш

Па пробувам вакви ко тебе да едуцирам малку, ама тешко оди...
 
A колку се идентификуваат со тие ликови, кога ние гледавме Ник Слотер не се идентификувавме со него исто важи и за рамбо, сега тоа е доведено до масовна хистерија како што беше на времето со Касандра

Дали денес се идентификуваат или не со тие ликови, не можеш да знаеш, освен ако не направиш официјално истражување, што пак само би довело до генерализација.
Генерацијата на Ник Слотер, живееше во друго време, други вредности...
 
Серијава не е главна причина за порастот на насилството во последно време но сепак игра некаква улога посебно кај деца,тинејџери и тие кои што се замислуваат како такви.И кај нас во маало се играше пушки и пиштоли,партизани и германци,руси и американци,крадци и полицајци но до сега не сум чул некој да убил некого или да направил некаков криминал.Меѓутоа тогаш на убиство и криминал се гледаше со одвратност таквите работи беа неприфатливи.Иако имаше милион филмови со убивање и криминал,а подоцна се појавија и раширија и такви игри сепак мислењето за тие работи остана исто.Но работите се сменија,почна да се зголемува криминалт,се зголемува сиромаштијата,на вести цело време се слуша за нови убиства и кражби со што насилството и криминалот почнуваат да стануваат нормални работи во општеството.Со пропаѓањето на образовниот систем децата учат дека насилството е нормално не само во филмовите туку и во општеството.Па уште кога ќе почне Долина на волците во кое е прикажно општество слично на нашето нормално децата ќе се поистоветуваат со главните ликови.Серијата не е виновна виновно е општеството кое оди во правец кон серијата.
 
i za tursko, i za pred tursko imalo razbojnici ,ama togas nemalo televizija, taka da toa nema vrska, tuku toa vrska so slabosta na drzavata
 
Мене од првото не ми се повраќа - Американцине ЗНААТ како да креираат одлична приказна со одлична поента, со одлични глумци и режисери и се...а овие само лупаат епизоди...и сите актериве како имам приметено врска немаат од глумење никаква, тапа
Абе Американците шо се едни глумци шо да ти кажам.
Знаеш ли која е разликата помеѓу Порно актер и Арнолд Шварценегер и Стивен Сигал.
Порно актерите можат да изглумат повеќе од една гримаса...
 
-не треба да се тие причина за насилство
по таа логика децава што пратат секојдневно фудбал и кошарка
треба да станат фудбалери и кошаркари
или некое дете што секој ден игра игри со авиони не слушнав
да станало пилот итн.
значи има нешто и во себе, што дал господ,што е пишано а и во
главата што има...
 
У право си :)
 
Се што е со насилство а се дава пред 23:00 h не е соодветно и треба да биде тргнато од програмата.. не само турски серии не шпански.. туку секој друг филм или серија што поттикнува насилство треба да го НЕМА !
луѓе мои среде бел ден даваат некое холивудско срање каде во еден филм од саат ипол имаш и силување и касапење и секс и дрога и што ти душа сака... и таков филм се дава како да е кој знае каква поучна емисија, дури претходно се најавува со денови САМО НА СИТЕЛ ПРЕМИЕРНО шупакот вс 1 000 000 будали ! не пропуштајте никако !
Нормалните филмови каде нема насилство веќе како да не се во мода...
секој втор филм е со убиства .. се е со насилство... гледаме мафијаши.. гледаме амерички забави каде секс,дрога,алкохол е нешто многу кул и нешто што треба секој да го прави... гледаме празноглави девојки... гледаме како некој издрогиран идиот испаднал и пее и тој ти кажува како треба да живееш и што треба да правиш за да бидеш кул..
На зрела особа која веќе има изградено карактер не и влијаее сето тоа погоре.... али на дете кое е како сунѓер и впива се.. итекако му влијае и му дава погрешна слика за реалноста..

Затоа без разлика дали е турска серија или е некое холивудско срање .. се што е со насилство треба да биде оттргнато од програмата или да се дава многу покасно.. а секако родителите треба да внимаваат нивните деца што гледаат и како сето тоа влијае на нив.
Me потсети на Кантер :D и кантерот и сите такви игри лошо влијаат на децата на 7-8-9 годишна возраст, се сеќавам пред десет години пишуваше по весници за лошото влијание на таквите игри на децата, имаше и емисии на телевизија каде зборуваа психолози за лошото влијание на овие игри на психата на децата, но како ќе ги спречиш да играат кога компјутери денес има насекаде, кај мене во интернет кафиња врие од деца на таа возраст шо играат кантер. Муабетот ми е џабе на телевизија што ќе даваат после 00:00 кога денес сите ние повеќе време седиме на компјутер отколку пред телевизор, телевизијата не е најсилен медиум денес, сега интернетот е на прво место, а на интернет има све, и јас сум за да ги даваат после 00;00 , најдобро е ич да не ги даваат, но џабе е, тоа е цената што ја плаќаме на модерното време. Еве ти пример, кога бев дете на телевизија не даваа порничи, и ние децата не гледавме и полесно беше да купиш шо се вика пиштол или дрога отколку порнич, и денес еве не даваат на телевизија порничи но затоа деца уште од сабајле гледаат на интернет порничи од најмала возраст, и неможеш да ги спречиш, сегде има копјутери и интернет, дури и во школо пред секое дете има компјутер.
Според мене све влијае, но на прво место е беспарицата и плус родителите во ова брзо време на живеење повеќе се фокусирани да заработат за да преживеат, зш немаат доволно финансии, и со тоа помалце време им посветуваат на децата.
 
Абе Американците шо се едни глумци шо да ти кажам.
Знаеш ли која е разликата помеѓу Порно актер и Арнолд Шварценегер и Стивен Сигал.
Порно актерите можат да изглумат повеќе од една гримаса...

Аииии ова во одбрана на турските? Немој бе...не велам дека не постои лоша глума во холивуд ама она турконо не е ни глума само лоша е. Полат Календар има фаца ко внук ми Стеван 2 години шо има пичлеста. Ако ги насобереш веѓите не значи дека си Таф Гај и живееш Таг Лајв, сето му е погрешно сето тоа турско....сето.....турско...сет..се.... ......
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom