Дали турските серии се причина за насилство?

Внук ми кој има 8 години е опседнат со долина на волците. И го прашувам побогу зашто ти е интересна серијата, вика па така има пукање убивање. Јас вика кога ќе пораснам сакам да учам за тоа. За детектив, полицаец? прашувам јас, Не вика, за криминалец. Enough said:tapp::facepalm:

На возрасна изградена личност може нема да влијае, ама на деца и те како.
 
А иначе пред да се појават турските серии/филмови, немаше насилство, течеше мед и млеко... :pipi:

Им се воодушевувате на филмови како Пила, што се тотално садистички и психопатски, а турските серии ви се трн во око. Да живее пропагандата на Холивуд. Дури и насилството е поубаво на англиски јазик.
 
Се што е со насилство а се дава пред 23:00 h не е соодветно и треба да биде тргнато од програмата.. не само турски серии не шпански.. туку секој друг филм или серија што поттикнува насилство треба да го НЕМА !
луѓе мои среде бел ден даваат некое холивудско срање каде во еден филм од саат ипол имаш и силување и касапење и секс и дрога и што ти душа сака... и таков филм се дава како да е кој знае каква поучна емисија, дури претходно се најавува со денови САМО НА СИТЕЛ ПРЕМИЕРНО шупакот вс 1 000 000 будали ! не пропуштајте никако !
Нормалните филмови каде нема насилство веќе како да не се во мода...
секој втор филм е со убиства .. се е со насилство... гледаме мафијаши.. гледаме амерички забави каде секс,дрога,алкохол е нешто многу кул и нешто што треба секој да го прави... гледаме празноглави девојки... гледаме како некој издрогиран идиот испаднал и пее и тој ти кажува како треба да живееш и што треба да правиш за да бидеш кул..
На зрела особа која веќе има изградено карактер не и влијаее сето тоа погоре.... али на дете кое е како сунѓер и впива се.. итекако му влијае и му дава погрешна слика за реалноста..

Затоа без разлика дали е турска серија или е некое холивудско срање .. се што е со насилство треба да биде оттргнато од програмата или да се дава многу покасно.. а секако родителите треба да внимаваат нивните деца што гледаат и како сето тоа влијае на нив.
 
А иначе пред да се појават турските серии/филмови, немаше насилство, течеше мед и млеко... :pipi:

Им се воодушевувате на филмови како Пила, што се тотално садистички и психопатски, а турските серии ви се трн во око. Да живее пропагандата на Холивуд. Дури и насилството е поубаво на англиски јазик.

Разликата со Пила и сличните и овие сапунициве со пример - не е исто да слушаш некоја хармонична мелодија, симфонија и да слушаш канта кај што тропа...влијае на мозокот, има влијание. Едното е уметност а другото контењер.
 
Пред турските серии ние гледашеме Ник Слотер . . :) тга немаше го Џан Полат или како се вика со неговите џомби ;)
 
вчера случајно на гости бев, и загледав една, а можеби и две турски или какви и да се серии, се изнасмеав, заспав, се разбудив и уште траеше серијата а можда и друга беше, знам дека беше нешто копија на 300, и продолжив да се смејам. Насилно? немаше ништо, комично да, уште се зезам со другарка ми за некои муабети и реакции на синхронизираните говори.
Е сега да ви кажам дека извор за насиство и коренот на секоја модрица на телото и скршена вилица се Кунг-Фу филмови од ’71 ,тамо не ти е ни објаснето зашто се тепаат, едноставно го прават тоа :) и после, поради необјаснети причини и ти имаш желба да го правиш истото. Затоа не препорачувам некој малоумен да го гледа кунг-фу, зашто може да навлезе у тежок филм.
 
Се си има влијание ама да бидеме искрени беспарицата е нај причинител на насилство, како пее едо маајка - давно прошо први, биче крвиии
 
Разликата со Пила и сличните и овие сапунициве со пример - не е исто да слушаш некоја хармонична мелодија, симфонија и да слушаш канта кај што тропа...влијае на мозокот, има влијание. Едното е уметност а другото контењер.

Ниту едното е уметност, ниту другото.
Контињер е контињер, макар и на англиски да зборел. ;)
Не ги оправдувам турските серии, ниту ги гледам, ама за мене насилство е насилство на секаков јазик. Дали ќе е тоа завиено во садистичко/психопатски пакет како Пила или во вид на турска мафија, мене не ми прави разлика. И од двете ми се повраќа.
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 17:43 ---
Пред турските серии ние гледашеме Ник Слотер . . :) тга немаше го Џан Полат или како се вика со неговите џомби ;)

А немаше тогаш насилство? Општо ти зборам.
 
Ниту едното е уметност, ниту другото.
Контињер е контињер, макар и на англиски да зборел. ;)
Не ги оправдувам турските серии, ниту ги гледам, ама за мене насилство е насилство на секаков јазик. Дали ќе е тоа завиено во садистичко/психопатски пакет како Пила или во вид на турска мафија, мене не ми прави разлика. И од двете ми се повраќа.
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 17:43 ---

А немаше тогаш насилство? Општо ти зборам.

Мене од првото не ми се повраќа - Американцине ЗНААТ како да креираат одлична приказна со одлична поента, со одлични глумци и режисери и се...а овие само лупаат епизоди...и сите актериве како имам приметено врска немаат од глумење никаква, тапа
 
Се си има влијание ама да бидеме искрени беспарицата е нај причинител на насилство, како пее едо маајка - давно прошо први, биче крвиии
Точно, најмногу насилство, криминал и проституција има во најсиромашните земји, а не во тие земји каде што најмногу се емитуваат турски серии.
 
Ниту едното е уметност, ниту другото.
Контињер е контињер, макар и на англиски да зборел. ;)
Не ги оправдувам турските серии, ниту ги гледам, ама за мене насилство е насилство на секаков јазик. Дали ќе е тоа завиено во садистичко/психопатски пакет како Пила или во вид на турска мафија, мене не ми прави разлика. И од двете ми се повраќа.
--- надополнето: 12 јануари 2012 во 17:43 ---

А немаше тогаш насилство? Општо ти зборам.

Покрај тие девојки на плажите насилството не се ни приметуеше :D :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom