Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.456
Тоа да, ама не може тебе Мепсо да ти увезува струја по 3 ден./kWh, а тебе да ти ја продава ЕВН по 2.5 ден./kWh, ЗАТОА РАСТОТ НА ЦЕНАТА Е НЕМИНОВЕН! Како што поскапе и лебот, пошто ни е од увозно брашно и пченица, а не од наше, како што горивата зависат од увозната нафта и тн.

Најголеми потрошувачи се индустриските капацитети, а индустриската струја е за 50% поголема од скапата тарифа или некаде околу 7 ден kWh.

Не знам што се запнале да правите споредба на kWh во ефтина тарифа, кога тоа не е ни 30% од потрошувачката на струја.

Најголем дел од струјата оди по индустриска тарифа.

Така да некој овде ни прави глупави споредби само за да ја оправда високата цена на струјата
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Колумна: Поскапување на струјата имат ама немат
“Амори мамо ти кажав....ама не се нервирај де...ам ради истото не дојдовме за нова година и за Божик.....пак сега ко шо заврна за Божиков кизнајт...чекај де да ти докажам...не ќе мојме ни за василица ни за водици...ам ајде шо да прам....каков Танасовден, еве кај е за двајстина дена не оти ќе се исушит...не мамо не е до појас сега, сега до колејнци е калта..да де..видија, ама немој така да велиш за него, пак градонашалник е да му се прднам...знам дека не го колниш само ти, ама не чинит така....и на телевизија......да и по другиве медиуми...е де и Симон рече на телевизија и пак ништо....ам то шо потфрлија од “Гумно“ и “Евн“ тро и го остаја така ко посрано раскашкано....абе седи тука как ќе си дојдела ти, знајш сега дека кајче во еден правец Економско-Димитар Влахов го напраја 250 денари....не, немат повратна...ајде де здравје ќе засушит де ене кај е први мај и ќе си се видиме....ајде чао, јас ќе ти се јавам “


Мајка пусто. Колкав да си дете и си. Не се имаме видено зш не сме мрднати...мислам мрднати сме шо дозволивме олку кал во малава, ама не сме мрднати од дома. Си се секират и та. Ко шо бев јас засекиран за струјава шо поскапе и паника ме имаше фатено дур не излезе онај, Господ здравје да му дајт и памет на Ваљон Сарачини.

Ја трасна изјавата....“Со поефикасно затоплување, поефикасна изолација и поефикасно осветлување може да заштедиме од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу 700 гигавати-часови“...и жив остана.

Кажа чоекот дека то за поевтинвење од глата да си го избришиме. Како ам. Арно ама имало чаре поскапувањето да не ти е поскапување. Паметен дечко бе. И во право е. Непендеци сме. Шо било ова данк климите, печките и се шетаме голи по гашчи распашани. Морат полека полека да се навикниме како шо ни рече Ваљонче.

Чекор еден: поефикасно затоплување. Решение: имат неколку. Климата наместо на 24 степени, се уклучвит на 13 и земаш четири ќебиња, војнички ѕиври и волнени чорапи и си ужуваш гледајќи телевизија ама не цела програма. На пример вестите не цели. Само најавата и па па. Оние пак шо се со парно на струја, наместо цел радијатор да горит со 10 ребра, ваѓаш онолку ребра колку шо имаш членови во фамилијата и матинат секој по едно ребро в газ и добиваш внатрешно топлење. Башка кај да ојш низ станот ти е топло.

Чекор два: подобра изолација. Решение: најлесно. Најлесно ами како. Шо кој таков дремиш и ги калапиш парите под перница. Наместо да купиш леб и четири зденки денес за богат ручек ќе си купиш нова ПВЦ дограма. Абе толку коштат, ама ние не знаевме, ова детево од Сарачиновци ни кажа. Ко ја кажа ова изјава мислев дека му се гнасни ушине ама то ти било мозокот шо му течел од вишок шо го имал. Зш народецов наш не дека немат пари, туку не му теквит, арнооо ама си имаме ние вакви ајнштајновци да ни кажат. И да ти кажам искрено со ова изјава го заеба и покојни Кљусета ко ни рече да се откажиме од машините за перење.

Е сето ова ни го кажа Ваљо стана од прес конференција и ги згасна сијалиците во салата. Симболично ни кажа дека не очекват деној на живеење без светло, дека самостална Република Македонија ја очеквит мрак. Фалимендери шок Ваљони.

Во мрак во мрак ама многу од парите ќе заштедиме. А пак со заштедените пари ќе му излезиме во пресрет на, за греота, многу сиромашните свештени лица. Така бар рече, дека се сиромашни, Преспанско Ресенскиот владика Петар. И искрено Перица е во право. Зш пази не е лесно тек така да се одржвет толку мерцедеси, аудиа па и понекое волво. Само за бензин кизнајт колку им требит...пример..Кутри тие. Пак сиромајот владика се дрзна и го искара македонскиот народ дека ја обезвреднил духовната храна, а од друга страна давал по 10 000 евра на пиење и јадење на свадбите. Ам ај тебе да ти ги втикачиме, за духовно да не нараниш.

Убо кажа чоекот. Ама една работа мене ме скокотна ко плачеше за пари. Зш нигде пустиот тој не ги спомна огромните средства со денацинализација вратени од државата на црквата???? Им се врати и то шо требит и то шо не требит. Зш бре дедо владико не спомна ништо за црквите кој не се клаени под заштита како културни споменици дека никој од македонската црква не ги ни опулвит, а не да ги реновират. Така пропадвет. Шо е напраено напраено е со пари од народецот напатен. Еве на пример ова година не купвите “мишелин“ зимски гуми за џипојте тро од тро ќе подновите бар едно мало црквуле. Или нив ти ги давет за здравје?

Незнам бре Петре дал имаш слушнато за слоганот од УЈП....“твојот данок е твојата иднина“. Е ко ќе почните ти и твојте другарчиња да шетате на погреби, на венчавки, на крштевки со фисклани апарати и за славата ко ќе ти в тикачам на гладно срце 500 денари, а ти да ми дајш фискална , јас лично ќе се заложам да ти се помогнит.

Јас незнам како можеше бре владикива без никаков срам и намус да барат пензија од државава. Никако не ми влегвит в гла. И кизнајт колку време ќе се думав ако не беше свеченото отварање на триумфалнана порта. Конечно и та блесна. А низ неа се се гледаше како блескат Аце Великион. А до него блескаше и МЕПСО. Убајна.

ЏИМИ
jimmy@t-home.mk

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.​



09.01.2012 00:04​

Прочитана е : 155 пати​



© 2012 Ohridnews.com​
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.927
Поени од реакции
7.032
Шо бе читам на тајм.мк некои добиле сметки за парно 50% повисоки од Ноември, вистина е ова? Доби некој нова сметка?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.506
Поени од реакции
14.691
Шо бе читам на тајм.мк некои добиле сметки за парно 50% повисоки од Ноември, вистина е ова? Доби некој нова сметка?
Да, ми расипаа утрото .. или повеќе и од утрото.

Досега идеше од 1.500 до 1.700, а оваа сметка е 3.380. Не знам баш дали тоа е 50%.
Наводно требало да ги израмнат сметките зошто покачувањето што било во август не си го имале наплатено, праќале сметки по старите цени и сега крај на година, кај сите разликата е пратена.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.927
Поени од реакции
7.032
Да, ми расипаа утрото .. или повеќе и од утрото.

Досега идеше од 1.500 до 1.700, а оваа сметка е 3.380. Не знам баш дали тоа е 50%.
Наводно требало да ги израмнат сметките зошто покачувањето што било во август не си го имале наплатено, праќале сметки по старите цени и сега крај на година, кај сите разликата е пратена.
Мамето нивно...така планираат да ги вратат оние 4 мил. евра шо ги позајмија од Владата, а треба да ги вратат до крај на годинава. Пу јаз'к :mad:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да, ми расипаа утрото .. или повеќе и од утрото.

Досега идеше од 1.500 до 1.700, а оваа сметка е 3.380. Не знам баш дали тоа е 50%.
Наводно требало да ги израмнат сметките зошто покачувањето што било во август не си го имале наплатено, праќале сметки по старите цени и сега крај на година, кај сите разликата е пратена.
WTF?
За декември?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.506
Поени од реакции
14.691
Еве линкови за веста:
http://www.time.mk/read/5adebbb9fc/cf72863d73/index.html
http://www.time.mk/read/5adebbb9fc/06751a5302/index.html

Мене не ми е јасно за какво израмнување станува збор зошто изминатата година на неколку пати ми доаѓаа зголемени сметки. И по оваа нивна математика изглегува дека имало уште едно поскапување што никој не го знае.

И друго што ме буни во сметката е што ми пишува дека постои разлика во наплатата од 8.800 денари ... ваљда не мислат три месеци по 3.500 да и плаќам сметки.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
^ Остај и мене ми го расипа денот. За ноември дојде 2800ден, за декември очигледно ќе се шокирам.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.506
Поени од реакции
14.691
^ Остај и мене ми го расипа денот. За ноември дојде 2800ден, за декември очигледно ќе се шокирам.
Кај сите е различно, од 20% до 120% е разликата во сметката, зависи ваљда како имаат крадено во текот на годината.

И џабе пишувам кога нервозата не поминува.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Вие у зграда не можете да се пребаците на друго? Мене за струја ми дојде сметка над јнјнр%„“ денари што према топлината и собите беше без врска...па се пребацив на дрва. Е сега има ѓубре ама поефтино е и потопло. Знам дека вие не можете на дрва на спрат ама на нафта, струја?
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Никого не сум мрзел повеќе од топлификација, лично ми крадеа пари, сега за среќа веќе не се греам на нив. Им посакувам сите тие крадени пари да си ги трошат само на неубави работи. Таква алчност се нема видено , прават милионски профити, си ги зголемуваат платите, а потоа удри по грбот на граѓаните.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.804
Поени од реакции
12.295
Хок, како што слушам колеги што зборат велат ако една третина станови во зграда откажат, рестото станови им се распоредува да платат за топлината доведена до зграда. Во една зграда Н. Лисиче скоро половина се откажале а другите плаќаат скоро дупли суми. Ако стварно така функционира а не по џули по квадрат стан тогаш вака логички ми личи дека е незаконски.

Дали има чаре за овие манипулации од топлификација?

Бтв, ова не е бран...ова се цунами таласи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom