Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
значи кога некој ке каже дека имаме најефтина струја или најефтина вода или ефтино гориво теба малце да има акал у главата и да му текне дека цената на тие основни човекови ресурси треба да е во некој нормален сооднос со стандардот на луѓето.

која ефтина струја ја кажувате кај нас кога едно семејство кое се грее на струја просечно у месец троши по 5000 денара само за струја, кај се другите сметки за вода за интернет мобилни телевизија дрн дрн дрн... кај е горивото тука пресметано годишна регистрација за возило школарина за факултет рата за кредит ( не верувам дека има повеќе од 10% население у земјава а да не враќа кредит ) кај ти е прехрана и ред други работи да не продолжам да набројувам.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 09:27 ---
инаку сакам да прашам нешто на што се досетив у моментов. нели имаше еден проект владава накај штип ветерници да прави? и тоа мислам дека проектот беше од пред 2 или 3 години. шо стана со него? трага некоја глас или нешто слично?
ееееееее таквите навики за „луксузирања“ ќе мора да ги баталите-менувате-
како живееле нашите пра,пра дедовци?!
газиена ламба,троножни столчиња-а не кожни гарнитури ко сега,па ќе си легнеш со или пред кокошките- а со петлите ќе се разбудиш-ќе се приберете по две семејства во една соба- ЌЕ ШТЕДИТЕ,туку што
http://www.morm.gov.mk/portal/wp-content/uploads/makedonska-soba-DSC02642.jpg
 
B

Black Guard

Гостин
Ја прочитав енергетската стратегија пред можеби 6-7 месеци и повеќе се блада за нуклеарна централа,бенефит и ризик од истата....тоа беа десетици страни чиниш средношколска изработка ама имаше план и за ветерници но ништо,имаше план и да се ПОДДРЖУВА обновлив извор на енергија ама ништо....а во иднина ќе треба да плаќаме скапа струја дури ќе треба и да увезуваме можеби од бугарија.

Туку боде очи неминовниот пораст на цените и навистина јас се сомневам во податоците што ни ги сервираат за инфлацијата бидејќи трошоците за основни добра се веќе астрономски а платите гастрономски само колку за храна.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
менувајте ги навиките:pos::pos:

ги очекуваме препораките и инструкциите од министерството:перење рачно, по можност на река- машини за садови- маааа каааааки - рачно бе, пегла никако, фен-да не зборам- природно сушење коса- поздраво е , клима- нцццц- штетна по здравје- чувајте здравје бре- телевизор само за вести и исклучувај веднаш и онака нема никакви програми , компјутер -НЕ, лаптоп и у парк на клупа,фрижидери исклучете - и онака зима е - па се’ изнесете надвор - као сибирците .... а готвење- заборавете- прејдете на готова храна- имате избор- конзервички и сендвичиња -

тттттууууууу што ве гледам чудни-
кај има навика има и одвика
(- исто ко глупиот закон против пушење- со сила те тера да се откажуваш :tapp:)
ама неееееееече мочи :P
Јас мислам на Треска да направам вакво за перење .
Ќе заштедиме. xD
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Јас мислам дека дечкото на Ваљон Сарачини треба да заштеди на кондоми, и само на голо да го ренда .
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Тогаш во Германија помалку крадат, сметките се дупло помали отколку кај нас (а воопшто да не спомнувам дека минималната плата е 10 пати повисока) :love:
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.927
Поени од реакции
7.032
Нормално дека ќе поскапува нештото кога е од увоз, а не твое произведено. Еве за 2012 предвидено е да се потрошат 650 мил. евра за увоз на струја. А за изградба на Чебрен-Галиште се потребни 700 мил. евра. Досега ќе го изградеа без проблем и значително ќе се помогнеше на нашиот енергетски систем ама не...сто тендери пропаднаа, не можеа да се договорат кој колку да украде....
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ееееееее таквите навики за „луксузирања“ ќе мора да ги баталите-менувате-
како живееле нашите пра,пра дедовци?!
газиена ламба,троножни столчиња-а не кожни гарнитури ко сега,па ќе си легнеш со или пред кокошките- а со петлите ќе се разбудиш-ќе се приберете по две семејства во една соба- ЌЕ ШТЕДИТЕ,туку што
http://www.morm.gov.mk/portal/wp-content/uploads/makedonska-soba-DSC02642.jpg
абе не ме заебавај човече. нашите пра пра дедовци ако праиме муабет навечер место сијалица палеле фенер ако не па да ја тргнеме и сметката за струја нели? инаку овие ги ставив како едно од основните средства затоа што ја не познавам некое семејство а да нема дома трошок за интернет или телефон или мобилен. ако гледаме реално ( не заборавај правам муабет за просечно македонско семејство )
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.927
Поени од реакции
7.032
значи кога некој ке каже дека имаме најефтина струја или најефтина вода или ефтино гориво теба малце да има акал у главата и да му текне дека цената на тие основни човекови ресурси треба да е во некој нормален сооднос со стандардот на луѓето.

која ефтина струја ја кажувате кај нас кога едно семејство кое се грее на струја просечно у месец троши по 5000 денара само за струја, кај се другите сметки за вода за интернет мобилни телевизија дрн дрн дрн... кај е горивото тука пресметано годишна регистрација за возило школарина за факултет рата за кредит ( не верувам дека има повеќе од 10% население у земјава а да не враќа кредит ) кај ти е прехрана и ред други работи да не продолжам да набројувам.
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 09:27 ---
инаку сакам да прашам нешто на што се досетив у моментов. нели имаше еден проект владава накај штип ветерници да прави? и тоа мислам дека проектот беше од пред 2 или 3 години. шо стана со него? трага некоја глас или нешто слично?
Тоа да, ама не може тебе Мепсо да ти увезува струја по 3 ден./kWh, а тебе да ти ја продава ЕВН по 2.5 ден./kWh, ЗАТОА РАСТОТ НА ЦЕНАТА Е НЕМИНОВЕН! Како што поскапе и лебот, пошто ни е од увозно брашно и пченица, а не од наше, како што горивата зависат од увозната нафта и тн.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Ја прочитав енергетската стратегија пред можеби 6-7 месеци и повеќе се блада за нуклеарна централа,бенефит и ризик од истата....тоа беа десетици страни чиниш средношколска изработка ама имаше план и за ветерници но ништо,
Еве на рекламата видов МЕПСО ќе прави ветерници уште Дон Кихот ни фали :icon_lol:.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Тоа да, ама не може тебе Мепсо да ти увезува струја по 3 ден./kWh, а тебе да ти ја продава ЕВН по 2.5 ден./kWh, ЗАТОА РАСТОТ НА ЦЕНАТА Е НЕМИНОВЕН! Како што поскапе и лебот, пошто ни е од увозно брашно и пченица, а не од наше, како што горивата зависат од увозната нафта и тн.
претходно во постот прашав едно прашање ама изгледа не си приметил. Каде се ветерниците во штип? чебрен и галиште уште колку време ке ни ги спомнуваат само? соларни панели за што се измислени? барем македонија на соларна енергија може минимум 30% потрочувачка за струја да покрие само немој дами кажеш дека треба многу пари за такво нешто зашто ке те исечам на старт. колку и да се многу парите сепак ке останат во македонија сепак ке одат од граѓаните за државата и повторно за граѓаните. наместо толку споменици можеше барем мала централа за соларна енергија да се направече чисто да се види за колку време ке се повратат парите. Ист муабет е и со ветерниците. вака додека си ќутиме ке ни носат струја од бугарија србија косово грција и ако треба не 3 туку 300 денара за кWh ке плаќаме и ке си ќутиме.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Тогаш во Германија помалку крадат, сметките се дупло помали отколку кај нас (а воопшто да не спомнувам дека минималната плата е 10 пати повисока) :love:
Има неколку едноставни причини зошто во Германија (на пример) сметката би била помала:

1 - Станот таму не се топли на струја, топлификација е скоро стандард
2 - Вода не се топли на струја, топла вода е стандард
3 - Струја трошат за ТВ, компјутери и нешто ако зготват чат-пат
4 - Цела електроника која ја имаат е модерна, а модерните апарати се штедливи

Тоа е тоа, накратко. :)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Има неколку едноставни причини зошто во Германија (на пример) сметката би била помала:

1 - Станот таму не се топли на струја, топлификација е скоро стандард
2 - Вода не се топли на струја, топла вода е стандард
3 - Струја трошат за ТВ, компјутери и нешто ако зготват чат-пат
4 - Цела електроника која ја имаат е модерна, а модерните апарати се штедливи

Тоа е тоа, накратко. :)
Истата електроника ми е во Скопје, телевизор, компјутер, машина за перење, отприлика сѐ е иста "генерација" како тие што ми се дома. Сметките ги споредував во јуни кога овде се догреваше на струја зашто моите беа како боб-слејд тим од Јамајка во Канада, навикнати на 40 степени во тој период. Исто трошевме струја како и во Скопје, ако не и уште повеќе зашто секој ден мораше да врти машината за перење. Пак сметката беше помала. :cautious:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ееееееее таквите навики за „луксузирања“ ќе мора да ги баталите-менувате-
како живееле нашите пра,пра дедовци?!
газиена ламба,троножни столчиња-а не кожни гарнитури ко сега,па ќе си легнеш со или пред кокошките- а со петлите ќе се разбудиш-ќе се приберете по две семејства во една соба- ЌЕ ШТЕДИТЕ,туку што
http://www.morm.gov.mk/portal/wp-content/uploads/makedonska-soba-DSC02642.jpg
Предците наши не ни зборувале затоа што не знаеле за јазикот, ајде сега ние да не зборуваме ако веќе се враќаме во камено доба.

Логикава ви е страшна мислам, светот оди напред, ние да се враќаме наназад и да се тешиме со „како праеле прабаба ми и прадедо ми“.

Вадете сијаличката од фрижидер да заштедите, диодите од рутер/модем, диодата од ТВто што кажува кога е на стендбај, мобилниот полнење стриктно еднаш неделно итн итн.
 

TheIks

Fork & spoon operator
Член од
1 октомври 2007
Мислења
712
Поени од реакции
469
Истата електроника ми е во Скопје, телевизор, компјутер, машина за перење, отприлика сѐ е иста "генерација" како тие што ми се дома. Сметките ги споредував во јуни кога овде се догреваше на струја зашто моите беа како боб-слејд тим од Јамајка во Канада, навикнати на 40 степени во тој период. Исто трошевме струја како и во Скопје, ако не и уште повеќе зашто секој ден мораше да врти машината за перење. Пак сметката беше помала. :cautious:
Тогаш ти преостанува да си го читаш бројачот сам и да си пресметаш па да споредиш. Е сега, сигурен сум дека начинот на кои се тарифира струјата во Германија не е ист како во МК, во смисла таму можеби има посебни тарифи за тие што трошат повеќе, па фиксни потрошени киловати и слично. Секако не е организирано исто, ама чисто за киловатот, би требало да е поскап во Германија.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.927
Поени од реакции
7.032
претходно во постот прашав едно прашање ама изгледа не си приметил. Каде се ветерниците во штип? чебрен и галиште уште колку време ке ни ги спомнуваат само? соларни панели за што се измислени? барем македонија на соларна енергија може минимум 30% потрочувачка за струја да покрие само немој дами кажеш дека треба многу пари за такво нешто зашто ке те исечам на старт. колку и да се многу парите сепак ке останат во македонија сепак ке одат од граѓаните за државата и повторно за граѓаните. наместо толку споменици можеше барем мала централа за соларна енергија да се направече чисто да се види за колку време ке се повратат парите. (y) Ист муабет е и со ветерниците. вака додека си ќутиме ке ни носат струја од бугарија србија косово грција и ако треба не 3 туку 300 денара за кWh ке плаќаме и ке си ќутиме.
Можда не сум приметил инаку ќе те поддржев за тоа. уствари тоа и ми е струката, морам :D. Тоа ми беше и мене зборот, се што е од увоз неминовно има повисока цена. Ако сакаме поефтино мора да се свртиме кон своите ресурси и нивно ефикасно користење. А Македонија има одлични природни ресурси, пред се вода и сонце. Почетно инвестициите се големи, но ако пресметаш дека тие пари неповратно би ги дал за увоз на струја и нафта, пак ти се фаќа исто. Само со што со вложувањето во обновливите извори вложуваш во природата, а ако тоа го направиш плански, како што те насочува науката, резултатите ти се враќаат. Со купувањето нафта нема никаква инвестиција во ништо, само брза потрошувачка, загадување и после пак немаш ништо. Само некој таму горе треба са мисли за тоа, 10-20 години унапред, а не од едни до други избори....да беа на нашава земја Израелци или Јапонци овде мед и млеко ќе течеше...
--- надополнето: 6 јануари 2012 во 20:12 ---
Има неколку едноставни причини зошто во Германија (на пример) сметката би била помала:

1 - Станот таму не се топли на струја, топлификација е скоро стандард
2 - Вода не се топли на струја, топла вода е стандард (затоа што имаат ненормално голем број на соларни термални системи, а имаат каде-каде послабо сонце од нашето :D )
3 - Струја трошат за ТВ, компјутери и нешто ако зготват чат-пат
4 - Цела електроника која ја имаат е модерна, а модерните апарати се штедливи

Тоа е тоа, накратко. :)
...накратко...супериорно енергетски свесна земја ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom