PayPal (официјална тема)

kire_koste

Которец
Член од
9 декември 2008
Мислења
307
Поени од реакции
136
Abe fati ova ej ne mi se verue sega ke mozam pak da go koristam PP :P
***Прибидејќи добив многу пораки во кои се прашуваше која држава да се стави, регистрирајте се со Словенија, Бугарија или Хрватска***

Значи драги мои, успеав да ја регистрирам мојата нова(продолжена во Октомври 2011) виза електрон од тутунска на пејпал :)
Во Октомври кога ми заврши старата што ми беше регистриана на пејпал, пробував да ја регистрирам новата и како и на сите други ми ја препознаваше дека не е од Македонија и не ми ја регистрираше.
Е сеа, како ја регистрирав. Логирајте се на пејпал, одете на My Account -> Withdraw
и тука кликнете Withdraw funds to your card
Па одете на Add Card и внесете ги податоците што се бараат од вас (внесете го бројчето на картичката со како што е покажано на примерот, со празно место после 4 бројки). Стиснете Add Card.
Сега одете на My Account и десно кај Notifications треба да има нешто во стилот на Confirm credit/debit card и кликнете на тоа
*За следниов чекор треба да имате барем 1.5 евра на картичката
Тука ќе има нешо Confirm или Continue стиснете на тоа. Следно ќе имате нешо вакво


И ваљда ќе ви стигне порака на мобилен дека сте направиле успешно плаќање блабла и ќе го пишува кодот (PP*XXXX).
Ако не ви стигне порака, ваљда ќе треба да почекате некој ден да се изврши целосно транскацијата и ќе си го видите кодот на интернет кај што проверувате сметка или прашајте во банка.
Сега повторно во My Account од десна страна кај Notifications треба да има нешо Confirm/Enter Code или шо и да беше, стиснете на тоа, внесете го кодот и готово.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
10
Поени од реакции
1
дечки ја додаов картицата направив тоа трансакцијата 1.5 евра,а каде треба да ми стигне кодот?каде да го барам?Поздрав
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
дечки ја додаов картицата направив тоа трансакцијата 1.5 евра,а каде треба да ми стигне кодот?каде да го барам?Поздрав
ке ти стигне како известување за траснакција во банката. ако си имаш електронска сметка од банка што е пожелно таму ке ти пишува на тој и тој дена извршена е трансакција таму и таму. е таму ке го видиш кодот кој ти го бара пејпал.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
10
Поени од реакции
1
имам на нлб тутунска онлине она за проверка што е ама неможам никаде да видам што каде сум платил како сум платил,а парите се повлечени од сметката.Незнам ни каде да видам известување некаде дека има или можеби воопшто нема таква опција на Online проверкава што ја имаат.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
имам на нлб тутунска онлине она за проверка што е ама неможам никаде да видам што каде сум платил како сум платил,а парите се повлечени од сметката.Незнам ни каде да видам известување некаде дека има или можеби воопшто нема таква опција на Online проверкава што ја имаат.
е почекај де некој ден, не излегва одма тоа. иначе ке видиш во трансакциски сметки, промет во период.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
И јас успеав.Anon како го откри ова секоја чест. (y)
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Е браво, секоја ти чест. Значи во Балканец да се нема ни трошка доверба. Методов им беше познат на еден грст луѓе од Македонија и го користеа за да си го вадат лебот и да ги прехранат семејствата. Сега ти се најде, бистар генијалецу, да го објавиш им да им го по*беш и тоа малку што го имаа. Пејпал сите врати кон МКД ги затвори, и оваа последната што ја имавме најдено едвај ја држевме отворена во тајност а ти во потрага по некаква си форумска слава мораше да ја затвориш. Штотуку на цела Македонија и направи катастрофална штета. После ова објавување прашање на денови е само кога и тој баг ќе го затнат па после ни П од Пејпал нема да видиш, ни ти ниту било кој во земјава.

Секоја чест за тебе и твојата голема уста.

Патем, не се бусај во гради дека ти си го нашол багот, туку фино лепо извини му се на тој што ти го кажал бидејќи сега на сите ќе ни бидат блокирани акаунтите, и новите и старите. Мераци бе, мераци. Во живот не сум видел нација која успева самата себеси да си мавне клоца во толку брз и едноставен потег.

Сега уживај во твојата слава, "машко".
 

rustyblades

Stiff Upper Lip
Член од
19 февруари 2007
Мислења
611
Поени од реакции
35
За жал, неможам да се пофалам дека успеа и кај мене. Ги следев инструкциите и пробав да регистрирам дебитна картичка од Унибанка. Како прво, кодот што на сите има стига на телефон мене не ми стигна, па си реков сигруно има нешто веза дека пишав 00389 место +389. (сигурно). Почекав 3-4 дена и отидов у банка да земам извештај, но на 6ти кога ја регистрирав картичката нема ништо. Вчера си реков, ајде да ја избришам картичката и да ја додадам пак, ако сум утнал нешто да го поправам овој пат. Кога пробав да ја регистрирам по начинот на anon, ми вели
The credit card number you have entered cannot be verified. Only credit cards from approved countries may be used on PayPal.
Хмм, добро. Ајде да пробам од главната врата.
That card number is already registered with PayPal. Please enter a different number
да fuck...?
За жал, после се изгледа сме лапнале пломба.
Инаку у случај да сум ја утнал адресата и да има некој да ме поправи, во продолжение
BerovoMacedonia
2330
Slovenia
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Е браво, секоја ти чест. Значи во Балканец да се нема ни трошка доверба. Методов им беше познат на еден грст луѓе од Македонија и го користеа за да си го вадат лебот и да ги прехранат семејствата. Сега ти се најде, бистар генијалецу, да го објавиш им да им го по*беш и тоа малку што го имаа. Пејпал сите врати кон МКД ги затвори, и оваа последната што ја имавме најдено едвај ја држевме отворена во тајност а ти во потрага по некаква си форумска слава мораше да ја затвориш. Штотуку на цела Македонија и направи катастрофална штета. После ова објавување прашање на денови е само кога и тој баг ќе го затнат па после ни П од Пејпал нема да видиш, ни ти ниту било кој во земјава.

Секоја чест за тебе и твојата голема уста.

Патем, не се бусај во гради дека ти си го нашол багот, туку фино лепо извини му се на тој што ти го кажал бидејќи сега на сите ќе ни бидат блокирани акаунтите, и новите и старите. Мераци бе, мераци. Во живот не сум видел нација која успева самата себеси да си мавне клоца во толку брз и едноставен потег.

Сега уживај во твојата слава, "машко".
Како што сте ја пронашле и вие така ја пронашол и он и сега?
На клада ли?
Форум е место каде си помагаме а не каде што криеме работи како масонски ложи.
 
Член од
2 октомври 2009
Мислења
958
Поени од реакции
238
Е браво, секоја ти чест. Значи во Балканец да се нема ни трошка доверба. Методов им беше познат на еден грст луѓе од Македонија и го користеа за да си го вадат лебот и да ги прехранат семејствата. Сега ти се најде, бистар генијалецу, да го објавиш им да им го по*беш и тоа малку што го имаа. Пејпал сите врати кон МКД ги затвори, и оваа последната што ја имавме најдено едвај ја држевме отворена во тајност а ти во потрага по некаква си форумска слава мораше да ја затвориш. Штотуку на цела Македонија и направи катастрофална штета. После ова објавување прашање на денови е само кога и тој баг ќе го затнат па после ни П од Пејпал нема да видиш, ни ти ниту било кој во земјава.

Секоја чест за тебе и твојата голема уста.

Патем, не се бусај во гради дека ти си го нашол багот, туку фино лепо извини му се на тој што ти го кажал бидејќи сега на сите ќе ни бидат блокирани акаунтите, и новите и старите. Мераци бе, мераци. Во живот не сум видел нација која успева самата себеси да си мавне клоца во толку брз и едноставен потег.

Сега уживај во твојата слава, "машко".
A NIE NE TREBA DASI GO VADIME LEBOT I DA SI GI PREHRANIME SEMEJSTVATA,BRAVO ZA ANON
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
http://www.emagare.com/showthread.php?t=1823

Клик на линкот и види го вториот пост. Запримети ја датата на постот па удри му математика. Јас никогаш не реков дека јас сум го пронашол овој баг, и мене ми беше кажан но ми беа објаснети последиците и ми беше објаснето како да постапувам со информацијата. За разлика од некои други, јас го почитував тоа.

Колку за информација, јас немам ништо против споделувањето информации. Баш напротив, мојата заедница се бори ЗА слобода на информацијата и ако ѕирнеш, 99% од категориите кај нас се отворени за јавноста и за нерегистрираните членови. Нема никаква цензура, секој пишува што му душа сака.

Конкретно за оваа информација, можеше да се споделува посуптилно и кај луѓе кои навистина ќе ја искористат за нешто добро. И јас можев да ја објавам уште во август лани, но што ќе добиев со тоа? 5% од луѓето ќе најдоа вистинска корист од неа. Останатите 95% (како што сигурен сум, ќе се согласиш) се безобразни говеда и дечурлана кои ќе го искористат својот акаунт за да направат некоја измама и други разноразни пиздарии, што впрочем и беше првично причината да станеме забранета земја во Пејпал. Сега токму тоа ќе се случи. На сметка на тие безобразни говеда што немаат усул, сите ќе останеме без акаунти. Сега сфаќаш ли зошто информацијава требаше да се споделува внимателно?

И како што реков, некој го вадеше лебот со помош на пејпал. Ги прехрануваше децата. Ги плаќаше сметките. Дај биди искрен и кажи ми вреди ли поради гореспомнатите безобразни говеда некој да остане без егзистенција? Бидејќи запомни ми го зборот, сигурно ќе останат без егзистенција, и тоа многу луѓе, и тоа многу брзо. Ако навистина и понатаму мислиш дека е во ред тоа да се случи, тогаш не знам што да ти кажам друже.. Ќе сфатиш кога ќе имаш фамилија за хранење и некој несовесен ќе дојде од страна па од чиста забава и без никаква друга причина ќе ти го уништи бизнисот.


Едит
@ shutdown
Ти да го вадеше лебот на интернет, одамна ќе знаеше за овој баг.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.720
Е браво, секоја ти чест. Значи во Балканец да се нема ни трошка доверба. Методов им беше познат на еден грст луѓе од Македонија и го користеа за да си го вадат лебот и да ги прехранат семејствата. Сега ти се најде, бистар генијалецу, да го објавиш им да им го по*беш и тоа малку што го имаа. Пејпал сите врати кон МКД ги затвори, и оваа последната што ја имавме најдено едвај ја држевме отворена во тајност а ти во потрага по некаква си форумска слава мораше да ја затвориш. Штотуку на цела Македонија и направи катастрофална штета. После ова објавување прашање на денови е само кога и тој баг ќе го затнат па после ни П од Пејпал нема да видиш, ни ти ниту било кој во земјава.

Секоја чест за тебе и твојата голема уста.

Патем, не се бусај во гради дека ти си го нашол багот, туку фино лепо извини му се на тој што ти го кажал бидејќи сега на сите ќе ни бидат блокирани акаунтите, и новите и старите. Мераци бе, мераци. Во живот не сум видел нација која успева самата себеси да си мавне клоца во толку брз и едноставен потег.

Сега уживај во твојата слава, "машко".
Здраво здраво, магаре. Скоро целото мислење ти е излишно бидејќи е засновано на една погрешна теорија - дека некој ми го кажал ова. Ова го октрив сам, несакајќи. Неколку мислења пред моето ќе видиш еден тип кој прашува нешто за paypal withdrawals. Ни мене не ми беше целосно јасно тоа, па разгледував во пејпалот и ја најдов таа опција Withdraw funds to your card. Нешто ме натера, и пробав пак да ја верификувам картичката. Сакаш верувај, сакаш не.

Тие што го знаеле методот, а не го споделиле со други треба да се засрамат. Ако некој е дотеран да вади леб(што чисто се сомневам, влезен си малце у филмови) на овој начин, тогаш треба да се преиспита. Не го пишав начинот за никаква слава, туку од проста причина да помогнам. Кога проклетава држава/влада не успеа ништо да направи сеа, мораме вака.

Лелелеле катастрофа за цела држава сум направил :D јајајаја. Што си ти па попривилегиран од другите, ти да имаш а другите да немаат? Епа не може така бачко. Или сите, или никој.
Иначе некако тешко ми е за верување дека пејпал не знаеле за овој баг. Нешто тука ми смрди...

И да ги блокираат на сите, ќе преживееме. Освен оние се разбира, што го ваделе лебот преку пејпал.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
511
Поени од реакции
807
Ајде момче ајде, сега ти е поголем. Сега си славен - си "открил" баг во пејпал. Што да ти кажам, нобелова награда заслужуваш. И тоа што јазикот ти е 10х побрз од умот е за награда, ама Дарвинова овој пат.

Нејсе, штетата е направена. Акаунтите ќе бидат блокирани без никакви причини, а сите знаеме дека кога Пејпал блокира акаунти, не им е гајле дали има средства на истите. Впрочем, едвај чекаат да блокираат акаунт со позитивен баланс. Сега биди фин дечко кога веќе толку сакаш да помагаш, па објасни им на луѓево како да ги повлечат парите по итна постапка пред да останат без истите. Исто така објасни им каде сега да се регистрираат и кој систем за трансфер на пари да го користат, бидејќи Пејпал веќе нема за долго да биде нивна достапна опција. Ајде, помогни им на луѓето.

Навистина треба да погледнеш подалеку од личните каприци. Тоа што го направи беше брзоплето. Јас не реков дека си злобен и дека си лош човек, но требаше навреме да размислиш или во најмала рака да се консултираш со некој поискусен пред да објавиш. Титулата на лош човек ја стекна со аргоанцијата и непочитта во последниот пост. Тоа не доликува на еден интелектуалец за кој се претставуваш дека си.

Јас да имам а другите да немаат.. Ајде да го споредиме тоа со една добра аналогија. На сите ни треба пари, нели? Секогаш на крајот на месецот остануваме покуси за некоја илјадарка. Добро би ни дошло 100 евра за да ги покриеме сметките. Сите ние работиме напорно за парите кои ги заработуваме. Од друга страна, ене ти ги социјалните случаи, лежат по цел ден дома и на крај на месец 100 евриќи добиваат. И тоа дома им ги носат. Мераци. Ако тие можат, зошто не можам и јас? И мене ми се потребни тие 100 евра. И мене ми фали понекогаш за сметки па доцнам со плаќање и ми маваат камати. Ако тие луѓе имаат право на 100 евра месечно гратис, сакам и јас. Нели, според твоите зборови "Епа не може така бачко. Или сите, или никој."

Тоа што го зборуваш не е во ред. Да споделиш информација е сосема добро, но треба да внимаваш со кого. Во старт требаше да знаеш дека информацијата ќе ти биде злоупотребена и дека повеќето ќе ја искористат на погрешен начин што за многу кратко време ќе резултира со блокирање. Да, во старт требаше да знаеш. А ако веќе знаеше и ја објави информацијата и покрај тоа, тогаш да - ја објави за да стекнеш слава, бидејќи не ти беше гајле за епилогот туку за да имаш bragging rights на информацијата.

Значи како и да ја свртиме работата, не е во ред. Требаше да им ја испратиш на твои луѓе од доверба, да им ги објасниш последиците и да им кажеш (пази го следниов дел од реченицата) ДА ВНИМАВААТ СО КОГО ЈА СПОДЕЛУВААТ. На тој начин оние што навистина имаа корист од ова ќе продолжеа да имаат корист и понатаму, а оние што гледаат само штета да направат ќе немаа пристап до начинот.

Ако и понатаму тврдиш дека грешам, тогаш не знам што да ти кажам освен "Секоја чест, дај боже да живееш вечно".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom