Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Кои сме тоа "ние"? Ако мислиш на мојата заедница, грешиш. Јас ни на мојата заедница не ја објавив информацијата а можев, и бев којзнае колку пати замолен. Од друга страна пак, јас лично ја имам споделено информацијата со многу луѓе, меѓу кои и членови на Кајгана. И тие можеа да ја објават ама не го направија тоа. Не е финтата да се тркаме кој попрво ќе ја објави, туку да извлечеме максимум од она што го имаме. Ионака сите врати ни ги затвораат, таман една имавме што ја користевме а сега и тоа го усравме. Не е ни чудо што не можеме мочана пица да си нарачаме на интернет без матичен број, копија од пасош, 50мл млеко од препелица, половина копито од еднорог, 2 женски оргазми и една низа други митски предмети.
taka e ziveo govornikhttp://www.emagare.com/showthread.php?t=1823
Клик на линкот и види го вториот пост. Запримети ја датата на постот па удри му математика. Јас никогаш не реков дека јас сум го пронашол овој баг, и мене ми беше кажан но ми беа објаснети последиците и ми беше објаснето како да постапувам со информацијата. За разлика од некои други, јас го почитував тоа.
Колку за информација, јас немам ништо против споделувањето информации. Баш напротив, мојата заедница се бори ЗА слобода на информацијата и ако ѕирнеш, 99% од категориите кај нас се отворени за јавноста и за нерегистрираните членови. Нема никаква цензура, секој пишува што му душа сака.
Конкретно за оваа информација, можеше да се споделува посуптилно и кај луѓе кои навистина ќе ја искористат за нешто добро. И јас можев да ја објавам уште во август лани, но што ќе добиев со тоа? 5% од луѓето ќе најдоа вистинска корист од неа. Останатите 95% (како што сигурен сум, ќе се согласиш) се безобразни говеда и дечурлана кои ќе го искористат својот акаунт за да направат некоја измама и други разноразни пиздарии, што впрочем и беше првично причината да станеме забранета земја во Пејпал. Сега токму тоа ќе се случи. На сметка на тие безобразни говеда што немаат усул, сите ќе останеме без акаунти. Сега сфаќаш ли зошто информацијава требаше да се споделува внимателно?
И како што реков, некој го вадеше лебот со помош на пејпал. Ги прехрануваше децата. Ги плаќаше сметките. Дај биди искрен и кажи ми вреди ли поради гореспомнатите безобразни говеда некој да остане без егзистенција? Бидејќи запомни ми го зборот, сигурно ќе останат без егзистенција, и тоа многу луѓе, и тоа многу брзо. Ако навистина и понатаму мислиш дека е во ред тоа да се случи, тогаш не знам што да ти кажам друже.. Ќе сфатиш кога ќе имаш фамилија за хранење и некој несовесен ќе дојде од страна па од чиста забава и без никаква друга причина ќе ти го уништи бизнисот.
Едит
@ shutdown
Ти да го вадеше лебот на интернет, одамна ќе знаеше за овој баг.
i ja mislam deka e pod 2Другар, треба малку (малку повеќе) РЕАЛНО да гледаш на работиве.
Јас користам Paypal веќе 3та или 4та година, не знам точно. Кога открив ваков баг, го споделив на форумов, па на другари кои го споделија на други форуми и на нивните сајтови. Ова беше пред 3-4 години (а не пред 2 дена). Значи “македонската јавност“ го знае багов со години, а ти пак “си вадел леб од нив“. Во Македонијава има многу малку луѓе што се разбираат во вакви работи, а и многу од тие што се разбираат се плашат да си “играат“ со нивните VISA или MASTERCARD или некои други картици низ кои се вртат пари и лични информации.
Ти ако стварно од ова си заработувал, ќе заработуваш и понатаму. И јас како тебе “заработувам“ од некој што ја знае финтава, не сака да се замара, не знае ни како или не се снаоѓа по банки, или нема картица отворено, или...... Ќе ме контактира, ми вика: “може ли да го порачам преку тебе ова и ова од ибеј? Ќе ти дадам нешто кеш и за тебе“ - значи си ја ценат луѓето услугата, јас не барам пари за нешто што секој може да го направи. Правам услуга, ако му е мерак да ми префрли пари на сметка повеќе од колку што треба, негово си е.
Друга работа за која треба РЕАЛНО да гледаш. Стварно мислиш дека во брзо време (или некогаш) ќе имаме нормален и легален пристап до Paypal??? И кога??? Секој треба да си ја искористи шансата за да си го олесни животот на било кој начин. Преку ова си порачува работи кои се ПОЕВТИНИ и/или кои ГИ НЕМА кај нас.
Значи, ова е стара новост, не знам зашто баш само ТЕБЕ и зашто баш ДЕНЕС те погоди волку....
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 16:00 ---
Биди сега малце искрен:
о “твојата заедница“ не го објави ова затоа што:
1) Така ќе се загрози Македонија во очите на Paypal, ќе не блокираат засекогаш, ќе прават луѓето далавери па нема никој никогаш да може повторно да користи Paypal во МК
2) Така ќе си направат сами Paypal и нема веќе да ти плаќаат тебе за да им нарачуваш.
Јас 90% мислам дека е под број (2)
1. Аналогијата со социјалните случаи е сосема валидна затоа што:
- Кога нешто е навистина тешко достапно и ограничено, тогаш треба да го користат тие на кого им е најпотребно. Ако ти сакаш да ме убедиш дека е во ред со твојот Бентли да одиш во социјално за да ги подигнеш твоите 100еу месечно, тогаш во ред.. Твое мислење, колку и да е морбидно. Аналогно на тоа, ако сакаш да ме убедиш дека е во ред мојот бизнис (со кој ги прехранувам децата) да пропадне затоа што некој неук мрсул ја прочитал твојата информација и сака од хакиран пејпал да префрла и вади пари и да прави разни други гомнарии, тогаш во ред. Фала многу.
2. Дали ќе се блокираат акаунтите, нема потреба од дискусија. Почекај малку па ќе видиш. Ако лажам, дојди на собир, плукни ми во лице и наречи ме лажго. Ако не лажам, оди во купатило, плукни го тој што го гледаш во огледало и наречи го лажго. Дали е тоа доволно фер?
3. Зошто оваа новост ме погоди мене - Затоа што лично познавам неколку луѓе кои се инвалиди и добиваат 2000 денари месечно, па единствен начин да спечалат за леб е да ги нудат своите услуги преку интернет а единствен начин да бидат платени е преку пејпал. Моите профити не ги примам преку пејпал затоа што работам во сосема поинаква сфера но жал ми е за овие луѓе. Пријатели ми се, ајде суди ми што се грижам за нив. Наречи ме кретен.
4. Мојата заедница бараше (во моменти дури и ме линчува) да ги објавам овие информации уште од Август лани. Заради гореспомнатите причини не ги објавив, знаејќи дека во нивните очи ќе бидам лошиот. Јас жедта за знаење на мојата заедница ќе ја задоволам со нешто друго. Немав срце да оставам беспомошни луѓе без леб. Сепак очигледно некој друг имаше...
Со ова мислам дека секој мој понатамошен коментар е излишен. Уживајте во пронајдокот, навистина беше фантастичен трик. Искористете го додека трае.
Со почит,
Ал
Ама муабетов оff the record беше ? или ти запишуваше во формуларот за апликација?..денес бев во НЛБ Тутунска, и отворив нова виза електрон, со цел да го пробам методот на Анон! Имав постоечки пејпел на бугарска адреса, ама само 1 имам добиено пари ( со цел да пробам ДАЛИ ќе го прифати како "важечки" акаунт; кој мој другар ми прати USD$25 од неговиот - на мојот пејпел, и пак ги повлече [ барајте назад низ страните, имав и слики ставено] ) ..back to the story, кога пишував барање за нова картичка, комерцијалистот во банката, ме праша:
(она) - Зошто вадиш нова картичка?
(јас) - За интернет купување
(она) - За пејпел?
(јас) - Да
(она) - Преку која држава ќе се регистрираш?
(јас) - Преку Словенија
што значи, дека методов и те како им е познат и на вработените
..end of story