Toa e мислење и гледиште од ова време , од денес, јас го живеев животот кога светот беше поделен на блокови а иљадници нуклеарни боеви глави беа насочени кон целите. Можеше да се случи се, фанатик претседател, грешка во системот, политичка затегнатост... за да дојде нуклеарна војна. Не знам дали постоеше земја во светот (освен можеби некои афрички племенски држави или самостојни острови во пацифик) кои немаа предвидено или направено засолништа за својот државен и воен врв во случај на нуклеарна војна. И ни едно од тие засолништа не си ги врати парите или може сега да се продаде за ќер профит или само да си врати инвестицијата. Имаше една случка која протече крај на 70 десети и почеток на 80 десети кога грешка во системот на НОРАД за малце ќе доведеше до нуклеарна војна, имено за добивање на време, пораките кои ги даваше компјутерот беа намалени на одреден број карактери и приликум една вежба - симулација на Советски напад со нуклеарки, компјутеротне ги прикажа првите неколку реда каде се повторуваше ОВА Е ВЕЖБА, ОВА Е ВЕЖБА... неколку пати и излезе само податок и порака за нуклеарн напад од СССР. Во такви ситуации нема време за проверки, или погодување дал е вистина или не, во прашање се десетина минути за да се изврши одмазднички напад. Ситуацијата ја спаси амерички офицери кои сепак прверија телефонски на неколку радарски локации дали има траги од советски ракети... а вакви случки се случуваа и во двата блока. Значи шанса за глобален нуклеарен напад и те како беше реален во 60сети 70 десети