Тито им го продал на Американците патот до Месечината

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Можеби од денешен аспект таа воена база не оддава таков впечаток, но имај во предвид дека збориме за далечни времиња во кои Жељава можеби претставувала тајна напредна технолошки воена база во која се работело на некакви вселенски проекти.

http://www.youtube.com/watch?v=NGMF8pyXNz4&feature=player_embedded

http://zeljava-lybi.com/Zeljava-Nekad.html


Проблемот е што Холивуд премногу ни ги изострил вкусовите, па при секое спомнување на вселенска база имаме некакви филмски сци-фи очекувања. На крајот на краиштата и првиот персонален компјутер настанал во обична гаража, само колку да доловам поентава.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Све друго подразбирам под вселенски центар само не Жељава која е Хангар во Планина.
http://www.zeljava-lybi.com/Zeljava-index2_eng.html
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 01:09 ---
Сега баш на фејсбук праам муабет за ова во рамки на една група.
Немало никаков Вселенски центар тамо,едноставно супер модерна за тоа време авионска база.
СФРЈ секако имала големи мозоци и научници но никогаш не развивала било каква вселенска програма или нешто поврзано со тоа.Па до 60-те години нема струја во цела држава бе,индустријата тогаш почнува да се гради а во докумнтарецот ќе истресат глупости дека СФРЈ имале вселенска прогама и биди богати им ја продале на Америсканците и сетне тие се качија на Месечина.
Мислам апсурдни работи бе,да бидеме реални малку
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Све друго подразбирам под вселенски центар само не Жељава која е Хангар во Планина.
http://www.zeljava-lybi.com/Zeljava-index2_eng.html
Не ми е потребен линкот за да знам што беше Жељава.... лично сум бил таму одредено време кога се уште беше во полна снага... е сега ..јбг.. со строго ограничен пристап... но сепак доволно да се насети дека тоа не беше само обичен хангар... што знам, тешко со пишување може да се долови атмосферата во и околу објектот.

За клипот... малку е повеке сензационалистички... Тито ги одвел американците на Месечината (..јбг.. кај некои луѓе овде само спомнувањето на името на Тито предизвикува условен рефлекс на ...ај да не напишам на што:D) , па ако се земе во предвид се што се дешавало на овие простори во 20 век и кој се не овде се завртел, што се не работел, кој каква заоставштина оставил, кој се до тоа не дошол..ништо не е чудно.
Земи по нетов малку прочепкај за Херман Поточник... не е ништо чудно да некој врз база на неговите идеи (а ги има многу, и доста научни книги се издадени) почнал со некакви истаражувања, макар и само во вид на физичко-математички модели на хартија, на крај од краевите се почнува од тие модели... се знае патот на реализацијата на моделите кој е.... финансирањето или продавањето на патентот.

Инаку ...Титовото кокетирање со американците е општо позната работа, СФРЈ беше прозападно ориентирана, не џабе НАТО имаше воено аташе надвор од земјите членки само во Југославија.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
75
Абе не спорам јас за Херман Поточник.
Ја спорам за тоа што во воведниот пост е наведено дека Жељава бил подземен вселенски центар.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Абе не спорам јас за Херман Поточник.
Ја спорам за тоа што во воведниот пост е наведено дека Жељава бил подземен вселенски центар.
А што има потреба да спориш, под вселенски центар може да се подразбере и најобична телескопска обсерваторија....
... па нуклеарен центар беше експерименталниот реактор во Винча ...
... во 70/80-те години после САД .... најголеми истражувања за примена на ласерската технологија беа во Југа.... можда за пошироката јавност малку е познато дека решенијата од тие истражувања и ден денес се користат за истражување на подземните текови во цел свет..
...како и да е ... во тоа време се имаше некој мотив и елан за учење, работа и стварање за разлика од меланхолијата, рамнодушноста, циничноста и немотивираноста која денес не има сите зафатено....а.. заборавив да спомнам ..и екстремната исполитизираност од најмладо до најстаро..
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Жељава е најскапата инвестиција на ЈНА ,па имајќи го на ум овој Херман ништо не ме чуди али сепак сакам да го ѕирнам тој дотичен документарец шо ќе излези во иднина.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
"СССР беа првите кои испратија човек во вселената, но Американците беа прва нација која испрати човек на Месечината. За ова бил заслужен Јосип Броз Тито, кој во 1961 година и ја продал југословенската вселенска технологија на ЦИА, тврди еден документарен филм.
Во документарецот „Хјустон, имаме проблем", се наведува дека Југословените направиле голем напредок во развојот на технологијата благодарение на Херман Поточник австро-унгарски ракетен инженер, пишува порталот вести-онлајн.
Техничките решенија опишани во необјавените трудови на Поточник биле основа за формирање на тајна југословенска вселенска програма во 1948 година, после конфликтот на Тито со лидерот на СССР Јосиф Сталин.
Како што тврдат авторите на документарецот, Тито го направил најголемиот подземен вселенски центар кај воената база Жељава кај Бихаќ, под шифра „Објект 505".
ЦИА кон крајот на 1960 година открила дека Југославија веќе има оперативна технологија за летање во вселената.
Во документарниот филм се тврди дека Тито во март 1961 им ја продал на Американците комплетната вселенска програма по што истата година во мај тогашниот претседател на САД Џон Кенеди објави дека земјата одлучила да се оди на Месечината.Последни снимки од овој импресивен објект издадени се од ХТВ. Баш сакам да го гледам и новиов што се снима

 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Каков мајтап ау,ау,ау.
Алал да му е на продуцентот на документаркава што знаел дека мала лага не поминува кај народот туку само голема, море огромна лага,поминува.
Знае некој што сака да чуе народ па тоа ти е.
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Каков мајтап ау,ау,ау.
Алал да му е на продуцентот на документаркава што знаел дека мала лага не поминува кај народот туку само голема, море огромна лага,поминува.
Знае некој што сака да чуе народ па тоа ти е.
Ооо, здраво Кинез! Се чудам како тоа некогаш знаеш аргументирано да дискутираш а некогаш едноставно ја засеруваш со кој-знае-од-каде извлечени заклучоци дека „не е можно и готово!“ Па како не ти е чудно што Никола Тесла од некое село во Лика имал идеи ама немал можност да ги оствари осем во Америка, а во случајот со Поточник тоа го сметаш за невозможно?
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.324
Поени од реакции
1.167
Ооо, здраво Кинез! Се чудам како тоа некогаш знаеш аргументирано да дискутираш а некогаш едноставно ја засеруваш со кој-знае-од-каде извлечени заклучоци дека „не е можно и готово!“ Па како не ти е чудно што Никола Тесла од некое село во Лика имал идеи ама немал можност да ги оствари осем во Америка, а во случајот со Поточник тоа го сметаш за невозможно?
Здраво Фактотум!
Немој само да мислиш дека повеќе од мене сакаш оваа вест да е вистинита,ама разликата е во тоа што јас не сакам некој да ме лаже па иако убаво лаже.
Да се говори зошто Југославија не можела да има вселенска програма во 60-тите и никогаш потоа е мајтап над мајтапите.
Јас мислам дека си ти сериозен,пушти ги овие глупости на друг.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.118
Поени од реакции
9.520
Малку не ми е верно од едноставна причина што Југославија немала свој млазен мотор (под лиценца правеле али послаби) за авионите и дури кога почнал проектот Нови Авион најголем проблем бил моторот. Никој не сакал да продаде лиценца за силен мотор туку ке морале да се купуваат.

И Турција денес која произведува Ф16 мора секој мотор да го купи од Америка. И Шведскиот Грипен има Амерички мотор.

Моторот е најкомплицираниот дел од авионот и малку земји ги прават. За ракетните мотори да не збориме. Чим не можеле да прозизведат млазен мотор за ловец за каква вселенска програма зборуваме?

Или можеби сме станале закана па затоа ја растуриле Југославија:sneaky:. Хехехехе
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Јас мислам дека си ти сериозен,пушти ги овие глупости на друг.
Слушај, не сме деца мали па да не сфаќаме дека насловот е бомбастичен за да се привлече вниманието. Меѓутоа, под „вселенска програма“ не се подразбираат само ракети, туку и испитувања, мислења и теоретски решенија на одредени проблеми или насоки во нивното решавање. Не е ова Скопје 2014 - најди некој третокласен „скулптор“, леарница во Италија што добро е запознаена со начините на функционирање на Мафијата и дери го народот до коска. Па нели имаме Македонци што освојувале награди на светски изложби за своите патенти, а во врска со најтривијални детали!!! Испраќањето летало во орбитата не е „тури - напиј се“, сиот проект се состои од еден куп помали проекти што се поврзани во функционален склоп, а голем дел од тие проекти никогаш не биле испробани во пракса. Значи, потребни се теоретски претпоставки за решавање на тие проблеми, а тоа обично значи еден талентиран научник со лист хартија и пенкало....
--- надополнето: 11 јануари 2012 во 13:16 ---
Плус, баш ме интересира што на ова има да каже Конкрит...
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Масивен комплекс ! бог зна уште колку вакви проекти имала ЈНА
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.850
Поени од реакции
12.380
Им шитнал програма, проект или техника, ракети и рампи. Експерти кога идат кај нас ни продаваат програми, проекти...а за техника обично сами се снаваѓаме. Не можам да го учитам видеото па не глеам што шиткал ...нешто конкретно правел или ветер и магла кон исток и запад, посебно кон југ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom