Тито им го продал на Американците патот до Месечината

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.121
Поени од реакции
9.526
Југославија, иако напредна за тоа време не можела да произведе млазен мотор за ловци. Едноставен фак. Зошто инаку толку време барале да купат таков мотор на НА?

А ова не е документарец туку мокјументари и веке е демантирано се.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.450
Поени од реакции
5.138
Изгледа Тито на Американците им го продал заштитниот прстен помеѓу двата степени на ракетата Сатурн. :pos:

 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Што сме сериозни.

Значи какви работи само прочитав тука. Mockumentary е. Се прават вакви со години па и више. Ама ај зашто е околу Југославија, одма сериозноста се пали кај луѓево. глупост, лага е, ова она. Првин разгледајте што е фората па после правите дебати.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.088
Поени од реакции
1.255
Тито не им ја продал вселенската програма на САД – тврди американски историчар


Нема докази дека САД од Југославија купиле тајна вселенска програма, која наводно им овозможила да отпатуваат на Месечината, објавува Радио Слободна Европа, по повод најавите за филмот „Хјустон, имаме проблем“, на словенечкиот режисер Жига Вирц.

Роџер Лауниус од Националниот воздушен и вселенски музеј во Вашингтон смета дека станува збор за пародија на документарен филм и теорија на завера, додека за Бил Бери, главен историчар на НАСА, вели дека тоа е добро направан и интересен треилер во кој се укажува на многу работи кои можеби се случиле, а можеби и не.

Има поклопување во датумите на некои настани, но тоа не значи дека меѓу нив постои причинско – последователна врска. Меѓу другото се сугерира дека Тито отишол во САД, а Кенеди по разговорот со него ја купил југословенската вселенска програма. Меѓутоа, Тито прв пат ги посетил САД во октомври 1963 година, еден месец пред убиството на Кенеди, а одлуката за праќање мисија на Месечината е објавена две години претходно, така што постои временско разидување, изјавил Лауниус и додал дека за тоа постојат сериозни докази.

За разлика од него, Бил Бери вели дека е тргната ознаката на тајност од документите од времето на администрацијата на Кенеди.

„Во овој треилер се сугерира дека ЦИА ги купила сите тајни од југословенската вселенска програма во март 1961 година, а дека претседателот Кенеди во мај таа година најавил испраќање мисија на Месечината. Тоа ,според оваа теорија, значи дека САД не би можеле да ја покренат програмата во случај да не го купеле тајниот југословенски проект, Но, со документите од времето на администрацијата на претседателот Кенеди сега е тргната ознаката за тајност. Можеме да ги чуеме аудио снимките од разговорите во Белата куќа кои се достапни во библиотеката „Џон Кенеди“. Научниците многу студиозно ги проучиле и заклучиле дека е многу јасно дека одлуката за испраќање мисија на Месечината Кенеди ја донел од повеќе причини, а дека ниту една од нив нема врска со било каква тајна, разузнавачки податоци од било која друга земја“, наведува Бери.

Тој смета дека е спорен и документот кој е прикажан во треилерот со кој наводно се потврдува дела ЦИА го купила југословенскиот проект за вселенска програма.

„Ако ЦИА или било која друга владина агенција собирала информации за вселената од Југославија, тие веројатно се уште би биле под ознаката тајни. Дури и да постоела таква програма, мала е веројатноста сега да се најде било каков доказ за тоа“, оценува Бери.
Во треилорот се наведува и дека подземниот воен објект кај Бихаќ бил користен за вселенската програма, но Лауниус се сомнева и во тоа.

„Јас најпрво би прашал, од каде потекнуваат тие снимки. Сум видел многу снимки за слични објекти низ светот. Во некои сум бил и лично и можам да кажам дека сите, помалку или повеќе се слични. Постои ли една причина да се верува дека споменатата снимка навистина потекнува од Југославија, можеби е од Русија или од САД, не го знам одговорот на тоа прашање“, вели Лауниус.

Лауниус смета дека станува збор за интересна теорија на заговор која нема многу врска со реалноста.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=101&egId=18&eventId=85611
 
Член од
20 април 2010
Мислења
718
Поени од реакции
527
Трајлерот за документарната драма :facepalm:
Драма му е цела емисија на Васил , полна со очај и брзозборки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom