Види, тоа што ти велиш дека е лага, ја не го измислив, тоа е од изјава на поранешен миснистер во бугарската влада, така да тој на памет сигурно не збори.(ако не те мрзи, барај низ темава, негде веќе беше постирана таа изјава) Какви се тие привилегии за граѓаните од овие држави што ги спомена? Привилегии за вадење пасош? Прв пат слушам ,се знае како се вади пасош, си исполнуваш услови кои важат за сите и толку(посебна привилегија има само спортисти и слични случаи кога има државен интерес да се даде државјанство без да се исполнат услови никакви, во случај на натурализација,ама тоа е ретко). Тоа се работи со закон уредени, нема тука за едни вака, за други така. Привилегиите што ти ги спомнуваш очигледно се токму тоа, вашата државна политика е дека во овие држави живеат луѓе кои се со бугарско потекло, значи државата Бугарија смета дека нејзини граѓани живеат надвор од нејзините граници, може во Русија, Украина тоа се вистински Бугари кои емигрирале таму, не знам каков е случајот за нив, но за Македонците е јасно. Државата Бугарија вика ние ве сметаме за Бугари, кој се сложува, бујрум пасош.
А, за студирањето и тука зезаш пак. Ако студираш со македонски пасош, значи како странец, имаш право да студираш во државна квота, на државен трошок, или треба да си платиш за да студираш? Зошто вадат Македонци Бг пасош, баш заради студирање кај вас? За да може да се водат како бугарски граѓани и така да студираат државно.Како странец ќе треба да си плаќа партиципација, така? Искрено, ја не знам некој од Македонија кој студира во Бугарија без да има извадено пасош, значи очигледно не може без него на студии, или?