- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 1.942
- Поени од реакции
- 1.750
Патриотизам ми велиш а? Кој патриотизам бе човече? Мајка ми и татко ми р`мбаат по цели денови за ебани 300 евра (значи двете плати заедно се одвај 300 евра) додека на мајка ми другарка, која си живее во Канада, за 2 дена ги заработува тие пари, еден пријател на татко ми во Шведска ги зема тие пари на шала. Јас не се жалам многу, колку за пристоен живот имам, но другар јас тука не гледам многу добра перспектива. Поради тој глупав патриотизам јас не планирам да ги оставам нив цел живот да скапуваат и да работат до 60+ за да дочекаат пензија, а нити пак јас сакам да продолжам во државава каде ништо не се почитува и вреднува како што треба. Не велам дека ќе земам бугарски пасош, но ни малку не ми е гајле за ова државјанство. Како што вели татко и` на една моја другарка кои се преселија во Словенија „Јас ја сакам Македонија, но не државата, ами земјата.“ Исто така брат му на еден другар поднесе документи за бугарски пасош и планира да си фати патот во Шведска и никогаш да не се врати овде. Мислиш дека сето ова што ти го кажав е поради тоа што многу им е добро на тие луѓе во државава? Не другар. Тој што замина во Словенија беше на Шара во 2001ва и нему никој нема право да му зборува за патриотизам. Тој самиот многу добро знае што е патриотизам, па затоа и го презира. Затоа кога ќе се врати онака колку да се видиме и кога некој глупан ќе му спомне „Патриотизам“ веднаш знае да го замолчи со еден збор.patriotizam ne se glumi ili go imas ili go nemas treto nema !!!
celta sto mi e da si go zacuvame ova parce zemja sto go imame oti drzava bez narod ne biduva !!!
da ne go tupam mnogu ko politicarive nasi kratko ce kazam.
mora da drzime cekor so Balkanskite zemji sto vejke se integriraa, pridobivkite se golemi kako bezbednosni taka i ekonomski
Велиш придобивките се големи а? Еве ти близок пример. Бугарија. Замисли таму имаат криза и им бега населението и сето тоа откако се во ЕУ. Ако мислите дека во ЕУ тече мед и млеко тогаш нека ви е на здравје медот и млекото. Само запомни другар, ако некој нема корист од тебе нема ни да те погледне, а не пак да ти помогне како што очекувате од ЕУ.