Фриленсер (Freelancer)

JURAGAANTE

Professional !!!
Член од
4 април 2009
Мислења
411
Поени од реакции
31
А да земете да си најдете работа у мк да ве осигураат и да си бидете сигурни плус некоја тезга отстрана ;)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Малкуми е чудно никој не го претставил до сега моментално најдобриот сајт во светот за фриленсер работа 99Design.com Не се мачето со страни како freelancer.com и Donanza.com затоа што таму од Индијците и пакистанците нема никогаш да добиете работа.Предноста на 99design e што само треба да се регистрирате и пота можете слободно да учествувате на кој било од 1000 активни огласи поделени во 12 категории.Тука секој може да понуди свој дизајн затоа што огласите се од отворен тип а не како на донанца.ком каде што се бира 1 дизајнер за најниска цена.Има за секого по нешто моментално има 714 активни огласи за изработка на логоа,133 за изработка на веб страни итн.На оваа страна сум активен веќе 1 година и сум презадоволен од условите што се нудат.До сега сум сретнал само 1-2 македонци и не знам зошто ги нема многу повеќе,можеби овој пост ќе придонесе да се намножиме :)).За се што не ви е јасно за оваа страница слободно можете да ме прашате и ќе ви објаснам.
Затоа постои oDesk.com, а што се однесува за 99Design.com - тапа во многу погледи, почнувајќи од огласувачите. И знам дека исплатата не ти е гарантирана, барем така беше порано... сега не знам, можеби се смениле работите.

Кај ќе најдеш сериозен клиент? Отвараш жути страници за клиенти и бараш? Дали ја сум ќор и многу работни места има за дизајнери или не знам.
За дизајнери не знам да ти кажам, ама како WordPress Developer преку oDesk имам најдено (поточно ме имаат најдено :)) фирма од Сан Диего и некаде околу пола година работев „приватно“ со нив и имаше доста работа и се вадеше добра пара.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Дечки вака сега. Јас сум почетник во работава :), ве читам вас доста знаете како стојат ствариве. Па би замолил некого ако знае да ми објасни околу моево проблемче. Се регистрирав на Freelancer.com и ко за аирлија добив проект за лого. Е сега пошо лаички пријдов на целава работа, во разговорите со работодавецот му испратив мокапи, па тој ме одбра, и по некое си саат време му испратив конечен псд фајл. ИИ сега не знам понатаму шо :). Читав нешто на FAQ на страната, таму milestone payments али останав само збунет. Па така ако не го мрзеше некој да го прочита ова и ако некој знае ве замолувам помагајте. поз.
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
milestone payments ти е капар, инаку не сум добро запознает со новиот начин на функционирање на freelancer.com
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
ок е, фала. мислам не знам колку време треба да помине за да ги префли сретствата работодавачот на мојот акаунт и такви ствари. Во секој случај фала ти :)
 

ONE

Член од
21 декември 2008
Мислења
895
Поени од реакции
64
Ви работи на вас странава? Мене на секоја категорија ми дава 0 резултати
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Да да истиот проблем вчера. Но денес е се ок. Си функционира нормално
 
Член од
30 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
6
Здраво дечки... Ми пратија понуда за интервју на одеск. Е сега, нов сум во овие води, и баш не знам што е како е... Ако сака некој да ми каже како одат интервјуата, преку што... И некој совет за почеток :) Фала однапред
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Здраво дечки... Ми пратија понуда за интервју на одеск. Е сега, нов сум во овие води, и баш не знам што е како е... Ако сака некој да ми каже како одат интервјуата, преку што... И некој совет за почеток :) Фала однапред
Интервјуата уствари ти е договарање со клиентот што и како, и дали може да ја завршиш работава, но не значи и дека тебе ќе те изберат. Инаку, оди преку поракиве на oDesk (многу ретко) или преку GTalk и Skype.

Совет: Не ветувај нешто што не можеш да го направиш и биди искрен кога се договарате на почеток, па и во понатамошните консултации ако ти каже нешто ај ова, ај она... во случај да не е наведено тоа во листата на барања.
 
Член од
30 септември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
6
Па јас направив профил на одеск пред 2-3 месеци и не го користев, сакав прво да си ги усовршам "скиловите" па после да почнам да аплицирам и слично... А еве некој ми понудил за интервју...

Инаку, писмено е интервјуто или видео/говор ? :/
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Па јас направив профил на одеск пред 2-3 месеци и не го користев, сакав прво да си ги усовршам "скиловите" па после да почнам да аплицирам и слично... А еве некој ми понудил за интервју...

Инаку, писмено е интервјуто или видео/говор ? :/
Писмено е.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Пред некое време се регистрирав на Одеск, па ај викам да се пробам па аплицирав, еми ќе видиме што ќе биде. :D
Не дека сум стигнал до таму, хех, ам за земање на парите како иде работат, што треба да имаш, дека воопшто не сум упатен во тие работи? :)
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Пред некое време се регистрирав на Одеск, па ај викам да се пробам па аплицирав, еми ќе видиме што ќе биде. :D
Не дека сум стигнал до таму, хех, ам за земање на парите како иде работат, што треба да имаш, дека воопшто не сум упатен во тие работи? :)
PayPal, MoneyBookers сега (сега Skrill), Payoneer дебитна или директно на картичка.
А како иде распоредот и кога ќе може да си ги префрлиш парите:
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Грејвдигер, дали можеби си запознаен кои банки работат со many bookers и дали земаат данок нашиве банки. Или поточно кој е најсигурен пат за префрлање пари.
Позд. и благодарам
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Грејвдигер, дали можеби си запознаен кои банки работат со many bookers и дали земаат данок нашиве банки. Или поточно кој е најсигурен пат за префрлање пари.
Позд. и благодарам
Со Moneybookers би требало да работат (скоро) сите банки, пошто и официјално Македонија ја има на листата на земји кои поддржуваат MB.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom