Значи и Америте толку им сече, немаат креативност нити па идеја па најрепрезентативниот објект го изградиле во грчко-римски стил (антички) сеедно.. според твоите ставови тоа така излегува.. И што можеме да заклучиме сега, дека белата куќа е копија на некој Римски објект ? А според тебе ние требавме да измислиме нов правен во архитектурата (која е таа и се знае,постојат неколку правци) и да бидеме оригинални ? Можеби целта ти е да докажеш дека теребаше да се гради од стакло и железо,нешто налик како зградата на ЕВН или Соравиа.. Во реде и тоа е издржано,можеби и можеше , ама според мене таквиот стил не е соодветен,ниту пак ме нешто премногу воодушевува..има уште многу други локации низ Скопје за такви објекти,но во центарот не им беше место! Нити ние копираме од некого , нити барокот или неокласицизмот е својствен само за една држава,ако е така тогаш цела западна Европа се има ископирано меѓу себе..Ако центарот на барокот е Италија или Франција,тогаш Германија,Швајцарија и другите западни земји им го украле стилот..феил,тотално погрешно.
Мислам дека не разбирате јас за што не се согласувам. Мене ми се допаѓа стилот, не дека изгледа грдо, но тој стил припаѓа во различно време. Проблемот е што ние луѓето имаме тенденција на неменување на погледите, како да имаме страв нешто различно да создадеме и си држиме некаков континуитет во тоа, ама ич око не ни трепка. Се држиме постојано за некое минато, и пробуваме да го одржуваме во живот.
Белата куќа е изградена 18ти век. Тоа е пред 3 века. Е сега римскиот стил е многу постар но тоа не значи дека ако нашите предци упорно граделе стар стил дека и ние треба да ја продолжиме традицијата, и да не размислиме за нешто различно, ново. Па како тогаш ке се усовршуваме?
Јас не сум архитект, јас сум индустриски дизајнер, и се што ке креирам, сакам да вметнам нешто ново во тоа, да бидам оригинален.
Ете дадов и пример за она што мене ми се допаѓа, операта во Сиднеј. Не само формата или материјалот, бојата, туку ми се допаѓа креативноста и идеите кои ги имале оние кои го започнале проектот а и понатаму при градењето. Целата таа приказна, која може да му текне на еден или повеќе умови, колку тие слободно размислувале.
Замислете да биле ангажирани такви инженери кај нас и да им била дадена таа слобода во проектирањето на Скопје 2014.
Овдека не можам да видам некаква слобода бидејки од старт оној кој требало да ја даде идејата (проектантот), да биде креативен, бил ограничен со стилот кој најверојатно му го издиктиррал некој друг(претпоставувам политичар,или некоја државна институција која нема ни к од креативност).
Првите автомобили (возила придвижувани од машина) кога излегле, имале лик на коњска кочија, и замислете инженерите да го применувале истото правило во наредните модели, дека традицијата треба да ја продолжиме со тоа што ке конструираме возило кое ке ги има истите елементи само малку различно поставени од првичното возило. И така 2-3 века да терале, произведувајки кочии.
Дали денес ке сме имале волку напредни возила, во однос на првичните?
Е на тој начин ја гледам јас го гледам овој проект. Само задржуваме некаква постојаност, континуирано градиме ист стил.
Колку што знам Скопје пред земјотресот го имал овој стил, тука не е ништо спорно, но зошто да не смениме нешто, зошто да не направиме нешто различно?Стилот на старо Скопје се срушил,минато е тоа,и за тие градби си се фалеле луѓето кои живееле во тоа време, зошто пак да градиме ист стил после 50 години?
Мене не ми се допаѓаат коцкасти стаклени згради или облакодерине во Америка. Цело време ми го спомнуваш материјалот т.е стаклото дали ми се допаѓа. Да мене ми се допаѓа, но кога е во некаква хармонична комбинација и со други материјали. И тука не е финтата само за материјали, да правиме муабет и за текстурата, формата и бојата.
Значи секој од тие аспекти треба да се истражи, да се размисли, да се направат разни концепти, дизајни, идеи, и да состави нешто убаво.