- Член од
- 2 ноември 2011
- Мислења
- 68
- Поени од реакции
- 81
Врска нема дека се сите исти! Најлесно е секој да си гледа за себе. Замисли врска и секој за себе си гледа. Глупости !!! Очигледно типката не го сакала и нека ја батали. Има добри девојчиња, што знаат да сакаат и да почитуваат. само треба да си расчисти самиот со себе за неа. Едностано нека си стави во глава дека не вреди да се нервира за некоја што очигледно не ни помислува на него. А погрешно е во иднина да не се замара и да си гледа само за себе. Ако сте такви ни една девојка нема да задржите.сите си исти брат јас имам до сега како тебе 6 долги врски. Секогаш нешто ке им недостига, само терај си како што ти е најдобро, не ги перципирај многу, гледај си повеќе за себе во врска биди саможивен за после да не ти е мака кога ке ти се скараат
RebelMK, само напред. Има девојки со лопата да ги собираш. Малку посамуверено. Нема откажување и повлекување во себе. Кога најмалку ќе очекуваш ќе се појави добро девојче, што ќе прави се за тебе.
--- надополнето: 7 јануари 2012 во 16:54 ---
Гледај што поскоро да ја скршиш бариерата на повлеченост.После секоја врска има таков период што имаш фобија од додворување- не дека ти се непривлечни туку дека бараш изговор да не одиш и правиш муабет или што и да е- демек да одморам малку доста ми е од жени( никогаш не е доволно).
Не ги игнорирај другите девојки, гледај да си повеке комуникативен према непознати, дели совети,части пијачки но не барај за возврат ништо. Шармерите тоа го прават, јас лично чуствувам дека пренесувам позитивна енергија према девојките, затоа што кога излегувам секогаш излегувам со девојки, со другари многу многу ретко само со повод. А не сум инициатор за излегување, секогаш тие ме бараат не дека имам многу пари или дека сум најубав едноставно сум отворен, реален, кавалер и хумористичен. Ако ги практикуваш овие особини и ако добро ги владееш лесно ке ти е со девојка да воспоставиш контакт и да ја поканеш да излезете. Наредниот чекор зависи од тебе, само совет не изигравај напален мајмун или депримиран пропалица со скршено срце од бивша. Кога излегуваш со некоја некои работи се премолчуваат, а некои се преувеличуваат за да ја постигнеш саканата цел.
Не напаѓај од зад грб, почеак 2-3 погледи и осмех па потоа дејстувај, и никогаш на девојки кои се повеке од 4 затоа што многу е тешко да нападнеш сам на 1 од 4 (напад со пушка према тешка артилерија тенкови) тоа значи самоубиство, само ке си набиеш комплекси, или па цела вечер ке ги забавуваш и на крај сите заедно ке си одат дома, никоја нема да се пострамоти према другарките од страф дека ке ја искористиш и фрлиш.
Методиве мене многу ми помогнаа, се надевам и тебе ке ти помогнат, само после тоа ке постанеш ладен ко шприцер нема баш и да ги сакаш девојките иако си во врска, како што си сакал до сега ако преминеш во шармер одбериси една личност од твојата фамилија што ти е посебно драга и најубавите моменти со неа поминувај ги. Како на пример јас кога сакам да шетам по чаршија да одам на сладолед или да се облечам во дрес од Македонија и да гледам утакмица кај некој другар во кафич, си ја земам внуками и заедно си ги поминувам тие моменти на среќа и единствено за неа би се жртвувал. Сите други за мене се обични и пролазни.
Се согласувам до некаде со ова што си го напишал. Но, делот дека сите се обични за тебе и пролазни малку ми звучи како да си се откажал од многу работи во животот. Не знам низ што си поминувал и какви девојки си имал но дефинитивно немој самиот себе си да се залажуваш дека сите се пролазни и обични. Може е време да си го смениш опкружувањето?! Друштвото?