Имам 20 години. Зборувам со едно девојче веќе година дена и се плашам дека можеби сум веќе навлезен deep in the friend zone. Многу сум несигурен за тоа дали да ја викнам да излеземе затоа што никогаш не сум излегол сам со женско на состанок и едноставно не знам како треба да се одвива сето тоа... А и никогаш не сум се бакнувал (што многу ми ја намалува самодовербата) и се плашам дека би можела тоа да го забележи и да се посрамотам. Поради тоа имам голема трема која ме спречува да го направам првиот чекор. Што ако не знам да се бакнувам? Што ако не излезе како што треба? Навистина не знам што да правам. Доста ми е од оваа осаменост... Гледам среќни парови насекаде околу мене и станувам се повеќе и повеќе депресивен... I'm going to die alone with 70 cats...
Нема да умреш сам. Секој човек наоѓа некој што ќе сака да биде со него и ќе го цени. Каков и да е.
На 20 години, мислам дека е време да пресечеш и да речеш дека доволно си размислувал како изгледа да попиеш корпа и да излезеш и да ја попиеш корпата. Јас не познавам ниту еден човек што не бил одбиен од девојка. Дури и Бред Пит го откачила вереницата како млад.
Затоа, излези со неа, изглупирај се ако треба, ама помини преку тоа. Прифати го тоа дека можеби ќе успееш, можеби и не, go with the flow... затоа што, макар што и да се случи, ти си у ќар. Или ќе испиеш корпа и ќе имаш искуство плус. Или ќе добиеш бакнеж и ќе се осеќаш фантастично. Немоеш да изгубиш шо и да се деси.
гринго напиша:
во врската се караме за мали работи (незначајни), а за големите се усогласуваме без карање и убо ни же ... дали имаме проблем ...?
Немате проблем. Освен ако ти не можеш да ги издржиш тие ситни караници. Имате здрава врска, баш као шо треба.
nikkso напиша:
дечки...прв ден ми е на форумов
при разгледувањето ме привлече темава...поточно сакав да слушнам нечие мислење...на шо би помислиле ако ви речи партнерот `те сакам малку..ама сакам да бидам со тебе` ?
Ќе помислам дека преку ноќ сум станал битолчанец и ќе ми падне косата.
Се зезам...
Реченицата ти е нелогична, ако ти рекла девојката баш така, прашај ја шо има по македонски у школо. А ако сакала да каже, дека те сака малку, као, недоволно, онда е затрескана, ама страв и е да признае. Ако е ова, тестирај ја.
Побарај и да дојде следниот ден кај тебе со кондоми и лубрикант. Ако го купи тоа, онда брат, те сака ненормално многу. Ако сте мали и сексот уште не е на дневен ред, можеш да и побараш тегла Нутела, ако не ја изеде додека дојде кај тебе, те сака ненормално.