Како да се префрлам?

  • Креатор на темата Креатор на темата Journalist
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 октомври 2011
Мислења
28
Поени од реакции
8
Значи сакам да се префрлам од Гимназија во хемиска (фармацеФт).. Колку предмети треба да полагам за да ме примат? Може ли некој да ми каже како одат овие работи?! Би ви била благодарна :))))
 
за почеток да си прашаш во тоа училиште каде што сакаш да се префлиш. Ти се признаваат само тие предмети кои се исти во двете училишта (македонски, странски јазик...итн). За полагање ти се стручните сигурно.
 
Значи сакам да се префрлам од Гимназија во хемиска (фармацеФт).. Колку предмети треба да полагам за да ме примат? Може ли некој да ми каже како одат овие работи?! Би ви била благодарна :))))

Која година си? Ако си трета пример, ќе ги полагаш тие предмети од 1 и 2 шо ги учеле таму на фармација а ти не си ги учела во гимназија. И плус ќе платиш за секој предмет,јас кога се префрлав беше 1000 ден. усно и 200 ден. писмено, бидејќи за некој предмети требаше и писмено.

Прашај уште нешто ако треба.
 
2 година сум. Значи можно е да ми се паднат повеќе и од пола предмети за полагање?
 
2 година сум. Значи можно е да ми се паднат повеќе и од пола предмети за полагање?

Па немора да значи дека ќе бидат повеќе од пола, еве јас колку што сум слушал во прва година се учат Анатомија, Физиологија, Хигиена .. и може има уште некој. Значи ти ќе ги полагаш вие три и сега незнам дали ќе ти дадат уште нешто од втора оти веќе пола година помина, ама ќе ти кажат кога ќе отидеш :)
 
Слушај сега,
1) Во Хемиско ќе ги полагаш само оние предмети кои досега (во гимназија) не си ги учел
2) Треба да полагаш таканаречени диференцијални тестови (испити), цена за еден испит е 300 денари (+50 ден. за таксена марка +10 ден. за листа)
3) Можеш до 3 предмети во 1 месец да полагаш

Мој совет: Ако веќе одлучуваш да се префрлаш, заврши ги диференцијалните тестови што побрзо!

;)
 
а да ти кажам нешто со кое верувам повеќето ќе се сложат тука...

- немој да се префрлаш воопшто, ако причина за тоа е ''дека таму ке научиш нешто повеќе што ке ти треба за на факултет, или ке имаш повеќе бодови на приемен слично'', тоа за мене е премала причина за таков потег (одлука со голем ризик), бидејќи, средното училиште е само еден мост, по кој преминуваме сите ние академски граѓани. битното доаѓа потоа, гимназијата е добра припрема за секој факултет, тоа е јасно, исто така можеш да одбереш насока во трета година која ќе ти одговара на факултетот кој си го замислила да го упишеш....

свесен сум дека дете 2 година не размислува како што кажав јас, и дека моево мислење одма ке наиде на опструкции, ама сепак одлуката паѓа на тебе, но и одговорноста, на крај краева, сама ќе си ги сносиш последиците или придобивките од сета таа ситуација. со среќа
 
Без разлика на средното образование.Тоа е само колку да ти поминат 4 години за потоа да се запишеш на факултет.Затоа не се замарај која струка си.Со завршено средно нема да бидеш ништо.Затоа подобро размисли што би била на ФАКС.
Сега имаш направено пријателства,помини си супер 4 години и потоа реши што ќе бидеш.
ПС:Мојот професор на МФС,ми рече дека тие само не учат да пишуваме и да читаме а колку ќе се снајдеме зависи од самите нас...

Оваа мисла треба да ти биде водич низ животот.
 
ПС:Мојот професор на МФС,ми рече дека тие само не учат да пишуваме и да читаме а колку ќе се снајдеме зависи од самите нас...

Оваа мисла треба да ти биде водич низ животот.

Не би се сложил, од 1 до 8 можеби не учат само тоа, иако тогаш сме уште мали и не се замараме со ништо друго. Ама професорите во средно не учат многу нешта, има многу професори шо ќе им бидам благодарен цел живот без разлика дали било за совети, помош, или ми помогнале да се снајдам или нешто друго.

Сепак незнаеме од кои причини се префрла.
 
--- надополнето: 8 јануари 2012 во 12:25 ---
2 година сум. Значи можно е да ми се паднат повеќе и од пола предмети за полагање?

Едно другарче дојде од узус во хемиска и ги полагаше само стручните предмети ама не беше фамрацевт и полагаше 2 предмета, сега не знам колку ќе полагаш најдобро ти е да си прашаш нашколо :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom