Australian Open, 11.01.2012 - 29.01.2012

Кој ќе биде годинешниот шампион на Australian Open, 2012 ?

  • Новак Џоковиќ

    Гласови: 24 40,7%
  • Рафаел Надал

    Гласови: 14 23,7%
  • Роџер Федерер

    Гласови: 18 30,5%
  • Енди Мареј

    Гласови: 3 5,1%
  • Серена Вилијамс

    Гласови: 3 5,1%
  • Ким Клајстерс

    Гласови: 5 8,5%
  • Ли На

    Гласови: 1 1,7%
  • Каролина Возниацки

    Гласови: 9 15,3%

  • Вкупно гласачи
    59
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 август 2009
Мислења
9.543
Поени од реакции
5.772
Пред да го започнам воведот за темата на Австралија Опен, пред се, да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници, здравје, среќа, љубов, благосостојба и мир. Започнуваме.

Australian Open е првиот Гренд Слем, во оваа календарска година. Првото одржување на овој Гренд Слем е во далечната 1905 година. Можеби, не сте знаеле дека до 1987 година, се играше на иста подлога како и Вимболдон. На трева. Од годината на моето раѓање (1988) па се до ден денешен се игра на тврда подлога.Од 1972 година, турнирот се одржува во Мелбурн, Викторија. Она по што се карактеризира овај турнир се високите температури. Се игра во зенитот на летото во Австралија и често достигнува бројка и над 40от степен по Целзиус. Нечесто тенисерите/ките се онесвестуваат и се изнемоштуваат во текот на играта.

Двата најпознати терени, на кои се играат финалињата и полуфиналињата се Rod Laver Arena и Hisense Arena, кои се со подвижни покриви, доколку има дожд или прејако сонце. Се зборува дека Rod Laver Arena е салата со најдобра акустика и одлична вентилација во светот. Она што е интригантно, а малкумина го знаат е дека во 2008та година беше извршена уште една промена на подлогата. Но, само нијанса. Имено, Rebound Ace, е името на подлогата која беше користена до 2008та година, и во својот состав имаше фиберстакло, примеси на асфалт и сл. Од 2008та па наваму, се користи, т.н Plexicushion подлога, направена на база на плексиглас, со софистицирани микровлакна на самата подлога, за подобар контакт на топчето со самата подлога. Едни од критичарите на оваа, нова подлога беа и тенисери како Марат Сафин, Џејмс Блејк и Енди Родик. И да, уште еден податок. Единствени, кои им успеало да го освојат Australian Open и на едната и на другата подлога се Серена Вилијамс и Роџер Федерер.

Доколку се вратиме низ историјата на овај тениски турнир, вредно да се каже е дека првиот меч се одиграл во 1905 година, на Warehousemen's cricket ground во Мелбурн. Денес, тој стадион се вика Albert Reserve Tennis Centre. Прво, од оформувањето турнирот го носеше името Australasian Championship, па потоа, во 1927 година, стана Australian Championship, и од 1967 година па навака го носи името Australian Open. Од 1905 година, Australian Open се има оддржано во 5 Австралиски Градови (Сиднеј, Мелбурн, Аделаида, Бризбејн и Перт), и во два Новозеландски градови(Крисчрч и Хестингс). Она што е важно да се напомени дека од 2010 година ова е најпренесуваниот тениски турнир, од сите други Гренд Слемови. И оваа година ESPN ги има најексклузивните права за мечеви во живо.

Години наназад, постеноста за овај Гренд Слем, беше можеби единствен проблем, бидејќи немаше доволно места за сите симпатизери. Од 2010 година, капацитетите се зголемија и еве како низ бројки се движеше тоа:

Во 2007ма година, 554.858 гледачи,
Во 2008ма година, 605.735 гледачи,
Во 2009та година, 603.160 гледачи,
Во 2010та година, 683.860 гледачи, што е значително повеќе за разлика од сите години предходно. Годинава се очекуваат околу 800.000 гледачи да го проследат Australian Open. По, традиција, официјалната бројка од посетеноста од минатата година, се објавува кога ќе заврши овај турнир.

Финансиите кои ги добиваат оваа година, тенисерите и тенисерките се:

1 рунда: 20.500 $;
2 рудна: 34.00 $;
3 рунда: 55.000 $;
4 рунда: 109.750 $;
Четврт-финале: 219.000 $;
Полуфинале: 440.000 $;
Финалист: 1.200.000 $;
Шампион: 2.500.000$.

Поените кои се распределуваат по пласманите се:

ATP WTP
За пласман во прва рунда, 10 5
За пласман во втора рунда, 45 100
За пласман во трета рунда, 90 160
За пласман во четврта рунда, 180 280
За пласман во четврт-финале, 360 500
За пласман во полуфинале, 720 900
За пласман во финале, 1200 1400
За победникот, 2000 2000.

И да, да разјасниме нешто, во врска со поените, за оние кои не знаат, или пак за оние кои прв пат не читаат. На пр. ланската година Новак беше шампион и тој освои 2000 поени. Оваа година, задача му е да ги брани тие поени. Како да ги брани !? Новак мора да го освои пак Australian Open, за да не изгуби поени, а при тоа нема да добие, ниту еден поен. Ако Новак, одпадне во 2та рунда, тој ќе изгуби 1900 поени, од листата, без разлика дали Надал, ќе го освои турнирот или пак ќе одпадни и пред него. Системот оди по бранење на поените од предходната година. Тука бранат поени, Шампионот Новак и финалистот Енди. Ако Енди не стигни до финале, губи голема количина на бодови. Кај дамите, пак титулата ја брани Ким Клајстерс, додека пак, 1400 поени брани финалистката Ли. Се надевам, нешто разјаснив, ако не обратете се кај мене на профил.



Уште нешто што вреди да се спомене е ланското финале меѓу Енди Мареј и најдобриот тенисер на денешницава Новак Џокович, кој Србинот го доби со 3-0 по сетови, или 6-4, 6-2 и 6-3, но и по фантастичната игра на Новак. Енди имаше свои шанси на овој меч во 3от сет, кога можеше да направи брејк и да се врати во игра, но Новак, спаси 3 брејк топки. Кај дамите пак, Ким Клајстерс го победи изненадувањето Ли На, со 3-6, 6-3 и 6-3 по сетови, и конечно освои титула и како мајка. Ли На, пак се докажа дека не беше само изненадување, каде после 3 месеци го освои Роланд Гарос. Кај мажите пак во дублови, неприкосновени беа браќата Брајан, од САД, победувајќи ги Израелците Махеш и Леандер со 6-3 и 6-4 по сетови. Кај дамите, во дублови, неприкосновени беа Пенета со Дулко, победувајќи ги Азаренка и Кириленко со 2-6, 7-5 и 1-6 по сетови, пружајќи фантастичен 4 часовен маратонски тенис.



Кај рекордите, пак, Австралијаните се сеуште горди на нивната тениска легенда, Рој Емерсон, кој има најповеќе титули во сингл и тоа 6, освојувајќи ги во 1961, 62,63,64,65,66 и 67, и исто така го држи и рекордот за најповеќе титули едно по друго, на овај турнир и тоа 5 пати по ред. Андре Агаси и Роџер Федерер по 4 пати го освојувале ова натпреварување и тоа Агаси во 1995, 2000,2001 и 2003. Роџер тоа го направи во 2004,2006,2007 и 2010.
Друг податок, кој веројатно не сте го знаеле е дека, дамите почнаја да се натпреваруваат во 1922 година, но Австралјаните и тука имаат своја гордост. Дамата која освоила најповеќе титули на Australian Open е Австралјанката Маргарет Корт, и тоа од 1960, заклучно со 1966 година. Серена Вилијамс е втора на листата со 5 титули и тоа во 2003,2005,2007,2009 и 2010 година.
И да, гордоста на Австралјаните е толку голема што стално се препираат со Англичаните токму за вакви работи. Еве на пример, најмлад победник кај мажите е Кен Роусвел и тоа со само 18 години и 2 месеци. Погодувате, нели !? Австралјанец !! Е сега, се прашувате кој е најстар пак ? Не се прашвајте по многу. Истиот, Кен Роусвел со 37 години и 8 месеци. Единствено шо им „боди“ очи е Мартина Хингис која на 16 години, го освоила овај турнир. Хингис и Швајцарка. Но кога сме пак кај најстарите дами, тука е Телма Којн Лонг, со 35 години и 8 месеци, која нормално го освоила турниров, а е Австралјанка.





Се на се, на на 4 дена до почетокот на квалификациите и на 9 дена до почетокот на официјалниот дел од Australian Open, Ви посакувам квалитетна дискусија, многу аргументи, помалце карање и нормално, најубав тенис. Бидете така !
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Роџер Федерер, Дел Потро, Мареј, Џоковиќ ќе бидат меѓу најголемите конкуренти.
Не верувам дека Надал би можел да помине четврт-финале, освен ако не му се погоди ептен ждрепката.

Типувам и се надевам на финале Федерер - Џоковиќ.
 

sickjoce

Ненормален
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.231
Поени од реакции
337
Финале од минатата година, освен ако не се сретнат во полу или некоја порана рунда.
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Шо е бе ова неписмена работа? Абе се пишува Ѓоковиќ а не Џокович!!! И после ќе ги укинувале студиите по македонски...
 
Член од
3 март 2009
Мислења
795
Поени од реакции
702
Аjде Гриша маjсторе, покажи им на сите какво можеш, како показа на Марди Фиш.
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Финале Џокович - Федерер ! освен ако не се падне на ждрепката пред финале да се сретнат .. ! типувам дека помеѓу овие двајца ќе биде шампионот .. ! :) :D
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
.. незнам од каде толку гласови добил Федерер, најверојатно од играта во последниот дел од годината, али сметам дека Ноле ќе докаже по којзнае кој пат, кој е кој моментално на терен.
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Ајде, ајде.... Уште малку потруди се!!! Уште „Џ“ да го преправиш во „Ѓ“ - тоа ти е копчето за затварање на голема заграда...

Ебати Македонецот ако не знаеш да пишуваш на македонски...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
945
Поени од реакции
1.196
Шо е бе ова неписмена работа? Абе се пишува Ѓоковиќ а не Џокович!!! И после ќе ги укинувале студиите по македонски...
Ајде, ајде.... Уште малку потруди се!!! Уште „Џ“ да го преправиш во „Ѓ“ - тоа ти е копчето за затварање на голема заграда...

Ебати Македонецот ако не знаеш да пишуваш на македонски...
Добро де другар олабај малу,се запна со тие буквите аман веќе,батали сеа,ако си од тенис коментирај,а ако ти е за правопис има и таков дел од форумов,па коментирај таму.

Он:Мислам дека не е никој во добра форма да му се спротистави на Новак,инаку јас си навивам за Енди Родик,ако воопшто настапи :P
 
Член од
6 октомври 2008
Мислења
1.884
Поени од реакции
2.088
Гласав за Надал, а се мислам дека и Цонга ќе умеша прсти! :D
 

factotum

конвертит
Член од
3 јануари 2012
Мислења
121
Поени од реакции
38
Добро де другар олабај малу,...
Другар, абе реѕил е да праиме вакви глупави грешки! Ја разбирам и жаргон и сленг и нови стилски фигури ама има работи што се4 граничат со неписменост. Поготово кога ќе видам дека и на националните ТВ мрежи се прават исти грешки во титловите и сл....

Онтопик: Ноле е главен фаворит, едино не е јасен Мареј до каде е.....
 

Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.611
Многу лесно го отпишувате Надал, не ви е добро тоа.. Нека не ве лаже вчерашниот пораз во катар(250б)
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Според мене Новак е најголем фаворит. После него се Федерер и Мареј , а играчи од кои очекувам изненадување: Бердих , Цонга , Монфилс , Дел Потро.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.926
Поени од реакции
16.209
Oвие што си ги ставил во анкета во женска конкуренција, ниедна нема ни приближно да биди во финале, а камо ли да го освои.:D
Серена имаше изјава дека не и е дојдено до играње на тенис, и дека скурчено и е да се замара секојдневно со тренинзи..
Има многу други тенисерки кои би конкурирале за самиот врв, а до пред оваа сезона не беа експонирани, како на пример Квитова, Канепи.. и уште некоја друга.

А во машка конкуренција, па би требало Новак да ја разбие конкуренцијата. Можеби пак со Мареј, Шкотот игра добро на турнирот што се одржува моментално во Бризбејн, башка и има нов тренер, Лендл ќе го води оваа година до напредок во неговата кариера. Надал нема шанса за овој турнир, тој и кога бил во најдобра форма немал добри резултати(освен 2009та), не пак сега кога е во мизерна форма.
Ќе видиме и Федерер што игра ќе пружи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom